Почетна » Љубов и секс » Секс » 10 најдобри афродизијаци

10 најдобри афродизијаци

Што е тоа афродизијак?

По дефиниција, афродизијак е супстанција која што ја предизвикува или стимулира желбата за секс. Многу често фирмите ги нарекуваат афродизијаци лековите кои го подобруваат сексуалниот живот, како вијаграта. Но, вијаграта не е афродизијак. За да биде афродизијак треба да создава желба за секс, а не да ја подобрува способноста за сексуален однос.

Страстен парАфродизијак ја нарекуваме храната што ги стимулира „љубовните“ сетила за вид, мирис, вкус и допир.

Самиот збор афродизијак потекнува од пред повеќе од 5000 години и се сврзува со грчката божица на љубовта Афродита. Античките цивилизации како Египќаните, Римјаните и Грците користеле различни храни и зачини како афродизијак, а таа традиција продолжила до денес.

Афродизијак – мит или факт?

Афродизијак ја нарекуваме онаа храна која што ги стимулира „љубовните“ сетила за вид, мирис, вкус и допир. Храната-афродизијак може да асоцира или да сугестира, но не и да предизвикува физичка сексуална реакција.

Научните истражувања немаат докажано дека афродизијаците се ефективни, па може да се каже дека пласибо ефектот игра голема улога во зголемувањето на желбата за секс. Мозокот е моќен орган и ако си мислите дека одредена храна ве возбудува, тогаш со сигурност ќе се случи тоа.

Науката нема дадено категоричен одговор на ова прашање, поради тоа што желбата за секс е премногу комплексна и тешка за истражување. Сепак, помеѓу храната и сексот отсекогаш постоела врска.

Топ 10 афродизијаци

АфродизијакАфродизијакАфродизијакАфродизијакАфродизијакАфродизијакАфродизијакАфродизијакАфродизијакАфродизијак

Чоколадо

Чоколадото отсекогаш се асоцирало со љубовта и романсата. Маите го обожавале дрвото на какаото и го нарекувале „храна на боговите“.

Истражувањата покажале дека чоколадото содржи фенилетиламин и серотонин, супстанции кои поттикнуваат да се чувствувате добро. Тие се произведуваат од мозокот кога се чувствувате среќни, возбудени или исполнети со љубов.

Аспарагус

Аспарагусот може да биде многу заводлива храна. Во 19 век, на младоженците пред брачната вечер им бил даван оброк кој содржел аспарагус. Можете вие и вашиот партнер да започнете со јадење од различната страна и да се сретнете во средината.

Аспарагусот е богат со калиум, калциум, растителни влакна, фолна киселина и витамин Е. Го зголемува создавањето на хормони и енергија.

Феферони

Консумирањето на лути пиперчиња предизвикува физички реакции како забрзан ритам на срцето, зголемена циркулација и потење, кои се слични на реакциите на телото за време на секс. Супстанцијата капсаицин е предизвикувачот на тие реакции.

Фефероните имаат богат, зачинет и може да се каже егзотичен вкус. Тие помагаат да се стимулира создавањето на ендорфини, хормоните на среќата.

Остриги

Основно поради нивната форма, остригите биле сметани за афродизијак илјадници години. Во минатото, и мажите и жените консумирале живи остриги, верувајќи дека предизвикуваат возбуда и ја зголемуваат плодноста.

Остригите се богати со цинк, кој главно се асоцира со зголемување на потентноста кај мажите.

Мед

Златен, леплив и сладок. Изгледот, текстурата и вкусот на медот го прават мистериозен и на некој начин гламурозен.

Добивањето на мед е тесно поврзано со oпрашувањето, па затоа медот го симболизира актот на размножувањето.

Авокадо

Авокадото има женствена форма, но се асоцира и со машката сексуалност. Дрвото на авокадото Ацтеките го нарекувале „дрво на тестисите“, поради изгледот на висечките плодови на дрвото.

Авокадото содржи многу фолна киселина, витамин Б6, калиум и го подобрува имунолошкиот систем.

Бадеми

Низ вековите, бадемите биле симбол на плодноста. Некои веруваат дека овој плод ја зголемува страста и возбудата кај жените. Бадемите се богати со витамин Е, магнезиум и растителни влакна.

Смокви

Смоквите веројатно придобиле својство на афродизијак поради нивната форма. Се смета дека пресечената смоква асоцира на женски полови органи.

Смоквите биле омилено овошје на Клеопатра и на античките Грци, па се асоцираат со љубов и плодност.

Ѓумбир

Многу луѓе веруваат дека ѓумбирот има својство на афродизијак. Тој ја стимулира циркулацијата на крв и ја зголемува желбата за секс.

Ѓумбирот помага и за ублажување на менструалните болки и за добро варење на храната.

Босилек

Векови наназад се верува дека босилекот ја стимулира желбата за секс и ја зголемува плодноста. Босилекот има прекрасна арома, а може да излечи и главоболка. Тој го затоплува телото и ја зголемува циркулацијата на крвта.

Употребете босилек во сосот за шпагети и нема да погрешите.

Изборот на афродизијак

Истражувачите велат дека миризбата, вкусот и изгледот на одредени храни може да делува како ефективен афродизијак, не само за создавање на расположение, туку и за флертување и водење на љубов. Различните храни содржат различни хранливи материи и супстанции кои влијаат на телото на различен начин. Затоа може да се каже дека во различните фази на сексуалниот живот, пожелни се различни храни.

  • Храни за флертување. Кога сте во потрага по потенцијален партнер, најдобро е да избирате храна која што помага да се лачат супстанции и хормони што ве прават среќни, за да си ја зголемите самодовербата и да можете полесно и подобро да флертувате. Такви храни се: фефероните, бананите и морковите.
  • Храни за заведување. Во оваа фаза, храната афродизијак може да предизвика вашето тело да лачи секс хормони, како тестостерон. Тестостеронот носи повеќе енергија и го зголемува протокот на крв во половите органи. Пригодни храни: смокви, моркови, остриги, чоколадо, ѓумбир, јаболка, маслинки, домати.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9474 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.