Почетна » Љубов и секс » Секс » Утрински секс за будење со задоволство

Утрински секс за будење со задоволство

Утринскиот секс е повеќе од прифатлива замена за утринското кафе. Мажите го обожаваат, жените не толку многу. Но, факт е дека будењето со сензуална игра меѓу чаршафите е извонреден начин да се започне денот. Утринската интимност создава позитивни емоции кои знаат да ви го направат вашиот ден извонредно убав и исполнет.

Досега го избегнувавте утринскиот секс? Време е да ги послушате мажите и да започнете да им верувате дека има нешто навистина привлечно во водењето љубов веднаш по отворањето на очите.

Утрински секс

Зошто да го сакате утринскиот секс?

Разбушавена коса, отечени очни капаци, лош здив, желба за дополнителен петминутен сон... Да, да, има многу причини поради кои би го прескокнале утринскиот секс. Но, знаете како велат, паричката има две страни. Ако свесно го избегнувавте сексот во утринските часови, значи дека е неопходно да ги дознаете аргументите „ЗА“ утрински секс. Еве зошто треба да го засакате сексот по будењето:

  • Ќе бидете весели до крајот на денот. Луѓето кои се расонуваат со утрински секс ги следи ведро расположение во текот на цел ден. Сексуалното задоволство и доживувањето на оргазам во телото ослободуваат ендорфини, кои се „виновници“ за интензивирањето на вашата среќа. Можеби вашите колеги ќе ве прашуваат која е тајната за прикриената насмевка на вашето лице, па обидете се да не ја издавате.
  • Ќе се радувате на посилен имунитет. Утринскиот секс го подобрува здравјето преку подобрување на вашиот имунитет. Според неодамнешните истражувања, утринскиот секс го зголемува нивото на имуноглобулин А (IgA), антитело кои се бори со настинки и други инфекции.
  • Ќе добиете нова доза адреналин. Утринскиот секс го зголемува лачењето на адреналин и му придава интензитет на сексуалното искуство.
  • Нема потреба од предигра – тој веќе е спремен за акција. Додека вашиот партнер спие, тој акумулира тестостерон, а високото ниво на тестостерон е причината за неговата огромна желба за секс. Па наутро не мора да трошите време за предигра, затоа што неговата ерекција ќе ве убеди дека е спремен за акција.
  • Ве разубавува. Утринскиот секс го зголемува нивото на естроген кој го подобрува тенот и текстурата на кожата и косата. Сфатете го како ваша бесплатна козметика која ви дава природен здрав блесок во текот на целиот ден. Вашето лице ќе зрачи со привлечност, а вашата коса ќе сјае.
  • Ве зближува со партнерот. Сексот придонесува за лачење на окситоцин, хормонот на зближувањето. Партнерите кои се будат со игра меѓу чаршафите се чувствуваат поприврзани и позаљубени во текот на денот.

7 совети за подобар утрински секс

За целосно релаксирано да уживате во утринскиот секс и комплетно да го елиминирате чувството на непријатност, нема да биде лошо да внесете одредена доза на планирање. Можеби на тој начин ќе ја „убиете“ магијата на спонтаноста, но барем вие ќе се чувствувате максимално опуштени.

Во продолжение ќе најдете неколку совети кои ќе ви помогнат да го претворите утринскиот секс во пријатно задоволство кое ќе ви го разубави денот:

  1. Наместете си аларм. Сигурно не би сакале да доцните на работа само заради тоа што сте го ставиле задоволството на прво место. Поставете како аларм нежна и романтична музика која ќе ви ја зголеми желбата за секс и ќе ја подготви атмосферата.
  2. Истуширајте се пред да си легнете. Вечерните подготовки за секс ќе ја уништат спонтаноста, но тие навистина се пожелни. Добра идеја за утринско будење е и секс под тушот.
  3. Земете на ноќното шкафче гуми за џвакање или бонбони за да го маскирате утринскиот здив. Оној кој го „измислил“ утринскиот секс заборавил да го спомене лошиот здив. За да не се чувствувате засрамени наутро поради лошата миризба во устата, чувајте на дофат гуми за џвакање или бонбони. Ако сте заборавиле да си купите, лошата вест е што мора да станете од креветот за да ја освежите вашата уста, или пак, да го поминете сексот без бакнежи.
  4. Чувајте кондоми на дофат на рака. Ако не сте дел од оние парови кои планираат бременост, не заборавајте ги кондомите. Не е пожелно да го прекинувате утринското задоволство трчајќи низ домот во потрага по кондоми. Никогаш не можете да предвидите каде ќе ве однесе утринското гушкање, па секогаш бидете подготвени.
  5. Легнете си со минимална облека или без облека. Кога наутро ќе ги отворите очите и ќе почувствувате дека помеѓу вашите тела нема никаква преграда во форма на облека, уште повеќе ќе се разгорат вашите фантазии. И кај двајцата тоа ќе предизвика поголема возбуда. Вреди да се проба!
  6. Изберете поза „лажица“. Наутро сите сме гроги и не сме подготвени веднаш да се активираме физички, па најдобро е да изберете „попасивна“ поза која нема да бара вложување на преголем напор ни од ваша, ни од страната на вашиот сакан. Одлична поза е таканаречената „лажица“, кога двајцата лежите настрана, а партнерот е зад вас и ве прегрнува. Ако позата која сте ја избрале ја исцрпи целата ваша енергија, голема е веројатноста повторно да потонете во длабок сон.
  7. Не заборавајте: вашиот надворешен изглед има споредна улога за време на утринскиот секс. Вашата бушава коса и старите пижами не треба да бидат пречка за да го достигнете врвот на задоволството. Нему не му е грижа за вашата фризура или за „линиите“ кои перницата ги оставила на вашето лице. Но, ако не се чувствувате пријатно, изберете поза која не вклучува контакт лице в лице.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10611 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.