Митови за избегнувањето на несакана бременост
Почетна » Љубов и секс » Секс » Митови за избегнувањето на несакана бременост

Митови за избегнувањето на несакана бременост

Постојат многу медицински одобрени методи кои претставуваат ефективен начин на контрацепција. Но, постојат и други методи кои некои луѓе сметаат дека се ефективни, а всушност се само мит. Еве ги најраспространетите митови поврзани со избегнувањето на несакана бременост:

Не може да останам бремена при првиот сексуален однос.

Грешно! Оплодувањето може да се случи без разлика дали тоа е првиот, вториот или стотиот пат кога сте имале сексуални односи.

ЗачнувањеОплодувањето може да се случи и за време на првиот сексуален однос

Нема шанси да останам бремена додека дојам.

Доењето не е сигурен метод за избегнувањето на бременост. Иако е точно дека ја одложува овулацијата, сепак доењето не е гаранција дека таа нема да настапи. Доилките кои не планираат да имаат уште едно дете треба да користат контрацепција.

Нема да останам бремена ако имаме секс стоечки или ако јас сум одгоре.

Некои луѓе кои веруваат дека ако жената стои исправена, тоа ќе ги спречи сперматозоидите да стигнат до јајце-клетката и ќе го оневозможи оплодувањето. Тоа не е точно. Откако мажот ќе ејакулира, сперматозоидите веднаш ќе започнат да се движат кон јајце-клетката. Стоечката положба (или било која друга) воопшто не е ефикасен метод за избегнување на бременост.

Нема да забременам ако мојот партнер „излезе“ пред ејакулација.

Многу парови го практикуваат повлекувањето пред ејакулација како метод за избегнување на несакана бременост. Иако со повлекувањето на партнерот пред ејакулација шансите за забременување се намалуваат, сепак тие се реални. Пред да настапи ејакулацијата, од машкиот полов орган се лачи течност која може да содржи и сперма. Освен тоа, на парнерот ќе му биде тешко да се контролира пред настапувањето на оргазмот поради големата возбуда, па може да се случи да не се повлече навреме ако нема силна волја. Затоа, ако сакате да избегнете бременост, подобро е да користите други методи за контрацепција.

Два кондома се поефективни од еден.

Напротив, во текот на сексуалниот однос може да дојде до триење помеѓу кондомите, па се зголемува веројатноста од нивно кинење или пукање. Затоа, воопшто не се препорачува користењето на два кондома еден над друг.

Нема да забременам ако се истуширам или ако уринирам по односот.

Постојат многу девојки кои сметаат дека туширањето или уринирањето по завршувањето на сексуалниот однос ќе им помогне да ја избегнат бременоста. Вистината е дека ако партнерот ејакулира во вас и не користите друг метод за заштита, ниту туширањето, ниту уринирањето нема да ја спречи спермата да продолжи да се движи во женските репродуктивни органи.

Таблетите „ден потоа“ предизвикуваат абортус.

Многу луѓе погрешно сметаат дека таблетите за ургентна контрацепција ја прекинуваат бременоста. Таблетите „ден потоа“ го спречуваат оплодувањето, но ако веќе сте бремена, тие нема да предизвикаат прекратување на бременоста.

Анкета

Анкета
Каде ќе го прославите доаѓањето на 2019 година?
  • 11%
  • 54%
  • 4%
  • 12%
  • 1%
  • 18%
Се испраќа...

(Вкупно: 6162 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.