10 причини поради кои мажите им раскинуваат на жените
Почетна » Љубов и секс » Проблеми во врската » 10 причини поради кои мажите им раскинуваат на жените

10 причини поради кои мажите им раскинуваат на жените

Факт е дека огромен број на врски завршуваат неуспешно. Сигурно ќе поминете или веќе сте поминале низ барем неколку врски пред да го запознаете вистинскиот. Најверојатно сте скршиле нечие срце и/или некој го скршил вашето. Во моментите кога оној со кого сте во врска решил да ви каже збогум, веројатно сте се запрашале која е причината, особено ако таа не била очигледна.

Осамена жена

Еве дел од најчестите причини поради кои мажите решаваат да им раскинат на своите партнерки:

  1. Манипулација преку „љубовни игри“. И мажите не се невини кога се работи за користењето на тактики за зачувување на доминацијата во врската и изнудување на нешто, но жените почесто се служат со тактики за манипулација или за казнување на партнерот за некоја лоша постапка. Имено, жените преку молчење или воздржување од секс често се обидуваат да им одржат лекции на мажите. Понекогаш ваквите женски постапки се причина за мажите да стават крај и да заминат.
  2. Отсуство на сексуални односи. Раскинувањето поради отсуство на секс е толку често што ако не ви се случило вам, тогаш сигурно ѝ се случило на ваша пријателка. Реалноста вели дека огромен број на мажи ги напуштаат своите девојки затоа што тие не се подготвени да им се предадат. Некои одат и дотаму што ги уценуваат своите девојки и им поставуваат ултиматуми.
  3. Чести љубоморни сцени. Колку и да сакате некој, ако тој секојдневно страда од испади на љубомора, го контролира секој ваш чекор и постојано ве испрашува, еден ден ќе ви дојде преку глава. Истото се случува и кај мажите. Љубоморните сцени кога се ретки се слатки, но кога ќе зачестат се вистински убиец на страста и на хармоничните односи.
  4. Секојдневен дожд од критики. Секој сака да се чувствувате ценет и од време на време да слуша комплименти и пофалби. Па, ако недостигаат вашите мили зборови и секојдневно врз него истурате дожд од критики, тој може да посака да се префрли во друга прегратка каде што ќе се чувствува ценет онаков каков што е.
  5. Преголема самостојност. Мажите сакаат да се чувствуваат корисни, сакаат да ги „спасуваат“ жените кога се во неволја и да бидат еден вид на херои. Доколку ѝ пристапувате на врската со ставот „Сè можам да направам сама“, еден ден тој може да се запраша: „Зошто сака маж кога не ѝ е потребен?“. Мажите имаат потреба да го хранат своето его.
  6. Преголема зависност. Преголема независност и преголема зависност двете крајности можат да го натераат да се откаже од врската, колку и да го привлекувате. Мажите сакаат да се во врска со жена која ќе им го разубавува животот и која си има сопствен живот настрана од врската. Илјадници жени откако ќе влезат во врска, целосно се фокусираат на партнерот и забораваат на своите пријатели, хобија и интереси, па со тек на време стануваат премногу зависни од него, не можат да донесуваат самостојни одлуки и редовно се консултираат со него буквално за сè. Мажите сакаат да се грижат за својата партнерка и да можат да ѝ помагаат, но кога барањата за помош се во границите на умереното.
  7. Фобија од обврзување. Некои мажи едноставно не сакаат да се во долги врски и имаат страв од обврзување. Тие се подготвени да ѝ раскинат дури и на девојка која ќе им влезе под кожа, само и само за да ја избегнат долгата врска. Во нивната глава е зацртано дека им е рано за обврзување и се подготвени на сè за да си ја зачуваат својата слобода.
  8. Отсуство на физичка привлечност. На крајот на краиштата мажите се визуелни суштества и копнеат пред себе да имаат жена која ќе ги привлекува и возбудува. Во некои случаи физичката привлечност може да не е пресудна за одржување на врската, затоа што факт е дека луѓето со текот на годините се менуваат, но за жал, на многумина привлечноста им е пресудна.
  9. Вмешување на пријателките во врската. Жените имаат потреба да дискутираат за својата врска со пријателките. Но, тие разговори мора да имаат граница. Не треба секое случување во врската веднаш да станува тема на разговор со пријателките, а уште помалку секој нивни совет со брзина на светлината да биде имплементиран во вашата врска. Не можете да ѝ дозволите на пријателката која никогаш не славела два родендени со исто момче да ви соли памет што треба да правите кога имате љубовни проблеми. Мажите до одреден степен го разбираат женското пријателство, но кога ќе почувствуваат дека тоа им создава премногу главоболки, го избираат полесниот пат.
  10. Здодевност и монотонија во врската, чувство дека има и подобро. Скоро сите врски започнуваат бурно, исполнети со страст и забава, но кога огнот ќе згасне, треба да знаете како повторно да го запалите. Ако тој почувствува здодевност и кај него исчезне возбудата, ќе започне да размислува дека може да му биде подобро со некоја друга, односно дека заслужува подобро.

Анкета

Анкета
Сметате ли дека треба да се продолжи породилното отсуство?
  • 22%
  • 71%
  • 8%
Се испраќа...

(Вкупно: 6002 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.