Спасете ја врската по вашата изневера
Почетна » Љубов и секс » Проблеми во врската » Спасете ја врската по вашата изневера

Спасете ја врската по вашата изневера

Изневерата е најопасниот убиец на една врска. Таа може многу лесно да направи да исчезне довербата и врската да остане полна со сомнежи и несигурност.

Ако и вие сте ја направиле најголемата грешка во животот – сте го изневериле вашиот партнер и тој знае за тоа, тогаш сигурно знаете каков пустош остава бурата наречена изневера.

Проблеми во врскатаЗборувајте со вашиот партнер за секој проблем, затоа што заедничкото решавање на проблемите ќе придонесе да бидете поблиски.

Вие освен што треба да се борите со грижата на совеста, морате и секојдневно да се соочувате со обвинувачки погледи, постојани испрашувања, а понекогаш и понижување. Во таков случај, нема како, а да не си помислите дека тоа е крај и дека тој никогаш повеќе нема да ви верува.

Во таа ситуација, него му е многу потешко. Тој најверојатно страда од самата помисла дека некогаш ве допирал друг, но сигурно многу повеќе го боли тоа што сте го лажеле додека траела аферата. Чувството дека бил измамен може да биде присутно многу време.

Затоа, ако сте извршиле неверство и потоа сакате да се вратите во врската, потребно е да знаете дека тоа не е краткотраен процес, а долго патување кое ќе биде многу болно и за двајцата.

Како да ја вратите меѓусебната довербата по изневера

Ако навистина се каете за тоа што сте биле во нечија прегратка или кревет и сакате да му се вратите на својот партнер, потребно е да успеете повторно да ја придобиете неговата доверба. Еве неколку совети кои можете да ги искористите, за да го вратите вашиот љубовен живот на вистинскиот пат.

  1. Извинете се. Не треба да се залажувате самите себе, а и вашиот партнер дека тоа било момент на слабост, дека сте биле пијани или дека „другиот“ премногу настојувал. Признајте ја вината прво пред себе си, а потоа и пред него. Извинете се за постапката и кажете му дека тоа нема да се повтори. Се разбира, во почетокот тој нема да ви верува, но движете се чекор по чекор. Зборувајте од срце, затоа што тој ќе знае дали го мислите тоа или не.
  2. Разговарајте за вашата постапка. Не треба да го избегнувате овој тежок разговор. Одговорете му на сите негови прашања, без исклучок. Тој најверојатно нема да сака да ги знае деталите, но ако ве праша како се случило, кажете му сè, а не само она што вам ви одговара тој да го знае. Одберете ги вистинските зборови за да му објасните која е причината поради која сте го изневериле. Зборувајте од срце, затоа што ако уште еднаш почувствува дека го лажете, нема никогаш да сака да ви прости.
  3. Прекинете го секој контакт со личноста со која сте го изневериле саканиот. Зборовите нема да бидат доволни за вашиот сакан да ви поверува дека никогаш повторно нема да го изневерите. Потребно е и вашите постапки да го убедат дека искрено се каете. Во никој случај не одржувајте контакт со личноста со која сте изневериле. Во спротивно, ризикувате вашиот партнер да дознае и веднаш да посака да стави крај на вашата врска.
  4. Никогаш не лажете, дури ни за мали нешта. Кога веќе еднаш сте биле фатени во лага, не треба да лажете ни за мали нешта. Вашиот партнер треба да почувствува дека сте искрени со него. Ако повторно го излажете, ризикувате да ја изгубите целата доверба која некогаш ја имал во вас.
  5. Сè што ќе ветите, исполнувајте го. Ако сте му ветиле дека ќе му се јавите во 5, направете го тоа. Доколку ги исполнувате своите ветувања, вие ќе покажете дека сте човек од збор, а во овој момент, токму тоа е најважно.
  6. Комуницирајте често. Партнерите треба да ја сметаат комуникацијата како најдобар пријател. Ако сметате дека нешто не е во ред, прво треба да зборувате со вашиот сакан. Заедничкото решавање на проблемите ќе придонесе да бидете поблиски, а со тоа тој малку по малку ќе започне повторно да ви верува.
  7. Бидете трпеливи и дајте му време. Довербата се гради бавно. Ставете се за момент на негово место и ќе знаете колку му е тешко. Не очекувајте дека преку ноќ ќе ја придобиете повторно неговата доверба. Бидете трпеливи и дајте му време за да се убеди дека вие сакате да бидете само со него и дека никогаш повеќе нема да направите нешто зад негов грб.

Многу парови успеваат да го надминат овој проблем и да продолжат понатаму. Но, некои луѓе едноставно не можат да заборават предавство од таков тип.

Ако партнерот ви даде втора шанса, искористете ја, дајте сè од себе да му докажете колку го сакате и во никој случај не ја правете истата грешка.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 39%
  • 16%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3903 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.