Почетна » Убавина и мода » Шминка » Како беспрекорно да нанесете кармин?

Како беспрекорно да нанесете кармин?

Карминот е еден од најпопуларните сојузници на женската убавина. Со негова помош милиони жени низ светот го финализираат својот изглед. Слободно може да се каже дека ниту една шминка не е комплетна без малку боја на усните.

Но, токму поради тоа што е толку често употребуван, многу жени ја потценуваат постапката за негово нанесување. А лошо нанесениот кармин може повеќе да ви одмогне отколку да ви помогне во постигнувањето на гламурозен изглед. Затоа, не пропуштајте да прочитате како правилно да ги акцентирате усните со помош на карминот.

Карминот е одличен сојузник на женската убавина, но треба да знаете како правилно да го нанесете

5 чекори за нанесување на кармин

  1. Ексфолијација на усните. Колку и да сте умешни во нанесувањето на карминот, ако вашите усни се испукани и набрчкани, нема да бидете задоволни од она што ќе го видите во огледалото. Направете си домашен пилинг и отстранете ги мртвите клетки. Доколку брзате и немате време да правите ексфолијација, издвојте 1-2 минути по миењето на забите и со четката за заби нежно протријте ги усните. Така ќе се ослободите од непријатните кожички и ќе добиете совршено мазни усни.
  2. Омекнете ги усните. Нанесете балсам за усни, вазелин или хидратантен крем. Оставете го 1-2 минути и отстранете го со салфетка. Кожата на усните ќе омекне доволно за да можете рамномерно да го распространите карминот.
  3. Нанесете подлога. Идеална подлога за карминот е пудрата за лице. Земете мало количество течна пудра и разнесете го врз усните, а потоа напудрете ги и со транспарентна пудра во прав или камена пудра. Тоа е мал трик којшто ќе ви помогне карминот да трае подолго, а и ќе го спречи непријатното разлевање.
  4. Оцртајте ги контурите. Пред да ставите кармин, со помош на молив за усни оцртајте ги контурите, т.е. обележете ја областа во која ќе нанесете кармин. Користете молив чија нијанса е иста како карминот или само една нијанса потемен. Некои професионални шминкери препорачуваат да се користи молив за усни во иста боја како самата кожа на усните.

    Како безгрешно да ги оцртате усните?

    • Потпрете го лактото од раката на стабилна подлога за да избегнете неправилно исцртување.
    • Со моливот означете 3 точки на средината на горната усна, на пределот којшто има „V“ форма (две точки на највисоките делови на усната и една на долниот дел на „V-то“).
    • Спојте ги точките и движете се од средината кон краевите на усната. Оцртувањето правете го со кратки движења.
    • И оцртувањето на долната усна направете го од средината кон краевите.
  5. Обојте со кармин. За да бидете попрецизни и да не ги преминете линиите кои штотуку ги нацртавте, користете четка за да го нанесете карминот. Започнете со нанесување од едниот и движете се кон другиот агол на усните, а потоа вратете се наназад. Подотворете ја устата за да можете да нанесете кармин и во аглите. Некои жени преферираат да го нанесуваат карминот со прст или пак директно.

Бесценети совети

Употребата на кармин и не е толку наивна како што изгледа. Еве уште неколку совети кои ќе ве спасат од непријатни ситуации и кои ќе ви дозволат да ја искористите ноќта на карминот до максимум:

  • Сјајот ги прави усните пополни. За погламурозен изглед, нанесете сјај врз карминот.
  • Карминот може да ви послужи како руменило. Единствено што треба да внимавате е да не го нанесувате директно. Прво размачкајте го меѓу врвовите на прстите, а потоа нанесете го на лицето. Од друга страна, руменилото не може да ви послужи како кармин.
  • Повозрасните жени не треба да се стремат кон мат изглед на усните. Во секој случај, сјајот за усни ќе ви помогне да изгледате помлади.
  • Не го фрлајте карминот чија нијанса не ви се допаѓа. Мешањето на две нијанси секогаш помага во шминкањето. Па, ако имате два кармини кои не ви се допаѓаат, може од нив да создадете трета нијанса која ќе ви одговара совршено.
  • Никогаш не ставајте тестер од продавница врз усните. Кога купувате кармин, пробајте го врз внатрешната страна на дланката. Така ќе го избегнете пренесувањето на бактерии.

За да избегнете карминот да се најде на вашите заби...

...ставете го вашиот показалец во устата и обидувајте се со устата да го привлечете навнатре, додека го повлекувате прстот нанадвор. Така карминот којшто во друг случај би останал на вашите заби, сега ќе остане на прстот.

За да избегнете карминот да се најде врз работ на чашата...

...лижнете ги дискретно усните пред да се напиете.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11030 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.