Ајлајнерот – основата на секоја шминка
Почетна » Убавина и мода » Шминка » Ајлајнерот – основата на секоја шминка

Ајлајнерот – основата на секоја шминка

Каква боја на ајлајнер да користите?

За класичен изглед. Користете ајлајнер со нијанси на темно-кафеава, сива или црна боја за оцртување на очниот капак и горните трепки. За оцртување на долните трепки, употребувајте посветли нијанси на горепосочените бои – нежни кафеави, сиви или црни нијанси.

АјлајнерЗа класичен изглед користете ајлајнер со нијанси на темно-кафеава, сива или црна боја.

За посмел изглед. Ако сте тинејџерка или сакате поинтересен свеж изглед, можете да користите посветли бои за оцртување на очите. Внимавајте, затоа што ако употребувате светли нијанси, не им давате длабочина на очите и густина на трепките. Во таков случај светлата боја го привлекува вниманието и погледот поминува низ трепките.

Како да го нанесувате ајлајнерот?

Без разлика каков вид на ајлајнер користите (туш, молив или сенка за очи), треба да имате мирна рака за да направите перфектна линија. Ако не сте сигурни дека ќе го изведете тоа успешно, прво седнете и потпрете го лактото за раката да ви биде стабилна.

Доближете ја четката, моливот или апликаторот колку што е можно поблиску до трепките. Започнете да цртате од внатрешниот агол на окото кон надворешниот. Некои жени преферираат да започнат од надворешниот агол на окото кон внатре. Следете ја контурата на окото и обидете се да го оцртате со една непрекината линија или со неколку кратки линии. Кој начин ќе го изберете зависи од вас и од вашата спретност.

Не ја продолжувајте линијата понатаму од надворешниот агол на окото. За класичен и привлечен изглед, првата третина од окото оцртајте ја со потенка линија, а надворешниот дел - со подебела.

Ајлајнерот кој го користите за долните трепки, треба да биде посветол од оној кој сте го искористиле за очниот капак. Кај долните трепки, оцртајте ги само надворешните две третини од окото. Општо прифатено правило во шминкањето е да не се исцртува целиот долен дел на окото. Ако го оцртате целото око, ќе добиете ефект како да носите очила, а ако го оставите внатрешниот агол на окото неоцртан, вашиот изглед ќе биде понежен и пософистициран.

Колку треба да биде дебела линијата?

Генерално правило е дека дебелината на линијата, која ја правите со ајлајнерот, треба да биде сообразена со големината на очниот капак. Ако очните капаци ви се поголеми, правете подебела линија, која не мора да биде остра. Доколку имате мали очни капаци, треба да ги потенцирате контурите на окото со тенка, прецизна и поостра линија.

Избегнувајте ги овие грешки

  1. Не употребувајте мрсен молив за да ги оцртате долните трепки, затоа што се размачкува многу лесно. Сепак, ако употребите мрсен креон, најдобро е да ставите пудра во прав, која да го спречува размачкувањето.
  2. Не ја продолжувајте линијата понатаму од надворешниот агол на окото.
  3. Не ставајте течен ајлајнер на внатрешноста на очните капаци (помеѓу трепките и самото око), затоа што лесно се размачкува и не е здраво.
  4. Не нанесувајте дебела линија, ако имате мали очи.
  5. Не користете сенки за очи како ајлајнер, ако не користите соодветна четка.

Како да нанесете ајлајнер (Видео)

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6137 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.