Природен SPA третман во домот
Почетна » Убавина и мода » Тело » Природен SPA третман во домот

Природен SPA третман во домот

СПА
Бањата со лаванда и лисја од лимон ја прави кожата помазна и помека.

Парење на лицето со рузмарин и лаванда

Длабоко ја чисти мрсната кожа, ги отстранува црнките и ги свива порите.
Наполнете еден сад со жешка вода. Додајте во неа 5 капки масло од лаванда и едно гранче свеж рузмарин. Наведнете се над садот и покријте ја главата со крпа. Останете со лицето над садот 10 минути. За тоа време пареата со лаванда длабоко ја чисти вашата кожа и ве релаксира.

Масажа на лицето со авокадо

Оваа масажа ја освежува уморената кожа и ја подобрува циркулацијата.
Испасирајте едно парче авокадо и ставете го врз лицето. Внимателно и нежно масирајте го лицето со кружни движења. Релаксирајте се така 10 минути. Отстранете го авокадото со млака вода.

Маска за лице со краставица и мед

Вашата кожа станува особено мека.
Направете смеса од 250g природен пчелен мед и 10 капки сок од зелен лимон. Масирајте го лицето со смесата 5 минути. Потоа прекријте го со парченца краставица и оставете ја маската да делува 15 минути. Отстранете ја со млака вода.

Маска за коса со банана и масло од семки од грозје

Дополнително ја хидратира косата.
Испасирајте една банана и кон неа додајте две чајни лажички масло од семки од грозје. Масирајте го скалпот со смесата. Потоа оставете ја маската да делува 30 минути и измијте ја со шампон. Ако сакате вашата коса да има сјај, наместо масло користете жолчка од јајце.

Третман за стапала со камилица и нане

Ги освежува стапалата и им дава посебна миризба.

Смешајте две чаши чај од камилица со две капки масло од нане или додајте неколку ливчиња од нане. Потопете ги стапалата. После 10 минути извадете ги и исушете ги. Можете да направите и ексфолирање на стапалата со масло и шеќер.

Пилинг за раце со шеќер и маслиново масло

Овој пилинг ги чисти, омекнува рацете и ги отстранува мртвите клетки на кожата.
Смешајте една супена лажица шеќер и маслиново масло (50ml). Масирајте ги двете раце со оваа смеса. Потоа измијте ги со млака вода. На крајот намачкајте ги рацете со хидратантен крем.

Папаја за целото тело

Ексфолира и ја прави кожата мазна.
Испасирајте 3 плодови папаја. Премачкајте го целото тело со смесата. Завиткајте се во фолија. Релаксирајте се околу 20 минути и потоа отстранете го авокадото со млака вода. На крајот премачкајте го вашето тело со лосион.

Бања со лаванда и лисја од лимон

Релаксира и ја прави кожата мазна на допир.
Измешајте една рака лаванда со една рака изгмечени лисја од лимон. Ставете ги во газа. Водата со која ја полните кадата нека тече врз нив. Можете и да ги оставите тревите во сад со врела вода (30 минути). Потоа налејте ја таа течност во кадата.

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 36%
  • 11%
  • 53%
Се испраќа...

(Вкупно: 6786 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.