Парфемот отсекогаш бил особено ценет во различните култури во светот. Денес најголем дел од луѓето не го напуштаат домот без да го искористат својот омилен парфем. Впрочем, на секоја четврта секунда се купува едно шишенце парфем некаде низ светот. Парфемот ја акцентира индивидуалноста и зборува многу за лицето што го користи.
Некои луѓе одат дотаму што парфемот го споредуваат со музика, затоа што е составен од различни ноти кои што создаваат хармоничен мирис.
На сите ни се познати најпопуларните парфеми како Chanel № 5, но треба да знаеме малку повеќе од тоа за да можеме правилно да го избереме и нанесеме парфемот.
Парфемот е невидлив, незаборавен и најважен моден додаток што го најавува вашето доаѓање и го одолговлекува вашето заминување.
Некои луѓе парфемот го споредуваат со музика, затоа што е составен од различни ноти кои што создаваат хармоничен мирис. Различните ноти се појавуваат со текот на времето. Прво се чувствуваат главните, па средните и на крајот основните ноти на парфемот.
Секогаш внимателно избирајте парфем, во зависност од годишното време и според тоа за каков повод ќе го користите.
Изберете си парфем со лесна, пријатна и свежа арома за летните месеци. Потешките парфеми користете ги во зима. Во текот на денот користете парфеми со посвежа и слаба арома, а поинтензивните парфеми нанесувајте ги за вечерни прилики.
Најчесто на шишенцата или опаковките ги среќаваме ознаките Eau de Parfum (EdP) и
Дали ќе користите парфем или тоалетна вода зависи од вашиот избор и се разбира од вашиот буџет, затоа што парфемот е секогаш поскап.
Кога сакате да тестирате нов парфем, најважно е претходно да не сте искористиле друг парфем или продукт за тело со посилна арома. Кожата треба да ви биде чиста и да се наоѓате во добро проветрена просторија.
Најдобро е да го тестирате на вашата рака, затоа што парфемот мириса на различен начин на кожата на различни луѓе. Нанесете го парфемот и почекајте неколку минути. Парфемите секогаш придобиваат нова нота откако ќе помине извесно време. Не тестирајте повеќе од 4 парфеми одеднаш.
Сигурно често ви се случува додека се подготвувате за излегување или за на работа, да нанесете од парфемот без контрола, да прснете по алиштата или во брзањето да го оставите парфемот до извор на топлина. За да ги избегнете тие грешки, еве неколку совети.
Парфемот секогаш нанесувајте го на чиста кожа и чувајте го во опаковката.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (2)
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.