Почетна » Убавина и мода » Тело » Медот во домашната козметика

Медот во домашната козметика

МедМедот е одличен антиоксиданс и има огромна улога во заштитата на кожата од UV зраците.

Медот е продукт кој се употребувал како средство за разубавување уште во времето на Клеопатра. Денес, многубројни истражувања потврдуваат дека медот е значаен антиоксиданс. Тој има огромна улога во заштитата на кожата од UV зраците и помага во нејзиното обновување.

Медот не ја иритира кожата и поради тоа е идеално средство за нејзино негување.

Ако сакате да го почувствувате на своја кожа незаменливото дејство на медот, ви предлагаме тоа да го направите во домашна атмосфера, на некој од следните начини:

Пилинг за прочистување на кожата
Смешајте 1 супена лажица мед, 2 супени лажици ситно мелени бадеми и ½ чајна лажица сок од лимон. Внимателно и нежно протријте го лицето. Измијте со топла вода.

Мед за нега на лицетоМедот е основна состојка на многу маски за лице и коса.

Маска за затегнување на кожата
Направете смеса од 1 супена лажица мед, 1 жолчка од јајце, 1 супена лажица глицерин и доволно количество брашно за да добиете густа каша (горе-долу ½ чаша). Нанесете ја кашата на лицето и вратот и оставете ја да делува 10 минути. Отстранете ја со топла вода.

Лосион за мазна кожа
За овој лосион ви е потребна 1 чајна лажица мед, 1 чајна лажица маслиново масло и ¼ чајна лажица сок од лимон. Откако ќе ги измешате овие состојки, добиениот лосион нанесете го на рацете, лактите, колената, петиците – насекаде каде што имате сува кожа. По 10 минути отстранете го со топла вода.

Хидратантна маска
Смешајте 2 супени лажици мед со 2 чаени лажици млеко. Нанесете ја смесата на лицето и вратот. Откако ќе поминат 10 минути, отстранете ја со топла вода.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11054 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.