Маникир за новогодишната ноќ
Почетна » Убавина и мода » Тело » Маникир за новогодишната ноќ

Маникир за новогодишната ноќ

Новогодишната ноќ е една од оние вечери кога секој сака да изгледа најдобро што може. Најчесто женските поминуваат долги часови во подготовки и одделуваат многу повеќе време за својата шминка и фризура.

Но, колку и да е важна фризурата и шминката сите ќе се согласите дека изгледот на рацете, особено на ноктите, не треба да биде на втор план.

Маникирот во домашна атмосфера за некои може да биде мачење, а за други забавен. Не ви е потребна професионална помош ако сакате да имате убав маникир за новогодишната забава. Еве неколку совети за да започнете сами да ги средувате своите нокти.

Основни правила за добар маникир

  1. Отстранете го стариот лак. Ако не употребувате многу силни бои, користете отстранувачи на лак без ацетон. Доколку не можете со нив целосно да го извадите лакот, тогаш насочете се кон ацетон. Најдобро е да употребувате памучни тампони, а не памук.
  2. Оформете ги ноктите. Непотребната должина скратете ја со грицкалка за да бидете попрецизни. Потоа со помош на турпија за нокти измазнете ги острите рабови и дајте им ја крајната форма на ноктите. Заоблените нокти се поелегантни, но „квадратните“ се помодерни. Каква форма сакате да имате е ваш личен избор.
  3. Потопете ги рацете во вода со сапун. Ако премногу се брзате можете да го прескокнете овој чекор, но ако сакате да ги оформувате кутикулите, тогаш најдобро е рацете да покиснат 5 минути во млака вода измешана со вашиот омилен течен сапун. Не користете премногу топла вода, затоа што може да ја исуши кожата на рацете.
  4. Турнете ги кутикулите наназад. И овој чекор може да го прескокнете, но повеќето жени не сакаат кутикулите да им го расипуваат изгледот на ноктите. Земете заоблено дрвено стапче (може стапче од сладолед) и турнете ги кутикулите кон дното на ноктот. Не се препорачува сами да ги сечете кутикулите, но ако мислите дека сте доволно искусни, може и да пробате. Сепак, бидете особено внимателни.
  5. Отстранете ја мртвата кожа. Искористете пилинг за тело или можете да си направите смеса од маслиново масло со сол или шеќер и со неа да ги протриете рацете. Тоа ќе ја отстрани мртвата кожа од рацете и ќе станат нежни на допир и прекрасни на изглед.
  6. Нахранете ја кожата. За кратко масирајте ги рацете со лосион или крем за раце.
  7. Ослободете се од вишокот на лосион или крем. Воопшто не се препорачува да нанесувате лак над мрсни нокти. Затоа, земете салфетка и отстранете го вишокот од продуктот што претходно го нанесовте.
  8. Користете подлога. Пред да се залетате веднаш по лаковите во боја, многу е важно да ставите подлога. Така маникирот ќе трае подолго и ноктите ќе ви бидат заштитени, особено ако користите лакови во силни и темни бои. Ако имате меки и кршливи нокти, најдобро е да користите подлога за зацврстување на ноктите. Доколку во моментот немате подлога, ставете проѕирен лак.
    Сега веќе сте подготвени да започнете со лакот во боја. Дали ќе изберете да имате едноставен маникир во една боја или ќе се насочите кон создавање на уметност, тоа е ваш избор. Ако ги обојувате ноктите во една боја, продолжете со следните два чекори.
  9. Нанесете два слоја лак. Подобро е да ставите два потенки слоја, отколку еден дебел. Професионалците го нанесуваат лакот во три потези, започнувајќи од едната страна на ноктот кон другата, па можете да се обидете и вие да го направите тоа дома. Веднаш бришете ги сите грешки, пред да се засушат.
  10. Оставете го лакот да се исуши. Бидете трпеливи и почекајте пред да започнете со вториот слој или пред да започнете да правите нешто друго со рацете. Сигурно многупати ви се случило да го уништите маникирот со еден необмислен потег со рацете. Затоа, почекајте барем 5 минути да се исуши лакот.

Совет

Ако лаковите во боја веќе направиле штета на вашите нокти и тие сега се пожолтени или со флеки, можете да ги триете со лимон или со паста за заби. Тоа ќе ви помогне да ги избелите.

Новогодишни трендови

Кратки темни нокти

Веќе неколку години по ред, актуелни се кратките добро оформени нокти, премачкани со темен лак или лак со силно изразена боја.

Доколку не сакате да комплицирате и барате едноставен маникир, искористете лак во темносина, бордо, металик, темнокафеава или црна боја. Темносината боја ќе ви даде посебен гламур.

Бојата што ќе ја изберете треба да биде горе-долу усогласена со бојата на облеката, но за новогодишната вечер не сте задолжени да се придржувате кон тоа правило.

Маникир Маникир Маникир Маникир

Обратен француски маникир

Францускиот маникир можете да го направите попразничен и позабавен ако искористите потемни различни бои, наместо страндардните.

Оваа година особено актуелен е т.н. обратен француски маникир. Можете да си направите една или две полумесечинки (на двата краја на ноктите).

За да си го направите овој маникир инспириран од 20-тите години, следете ги следните чекори:

  1. Премачкајте ги ноктите со бледо розова или бела боја (всушност можете да користите какви бои што сакате, но овие се најупотребувани). Почекајте целосно да се исушат.
  2. Со мала лента покријте го местото во долниот дел на ноктите, кое сакате да ја претставува полумесечинката.
  3. Со два слоја лак премачкајте ги ноктите. Можете да изберете црна, бордо, темносина или темнокафеава боја.
  4. Откако ќе бидете сигурни дека лакот е исушен, тргнете ги лентите внимателно.
  5. Премачкајте ги ноктите со еден слој проѕирен лак за подобар сјај.
Маникир Маникир Маникир Маникир

Совети

  • Ако сте доволно вешти нема да ви биде потребна лента за оформување на полумесечинките.
  • Доколку се одлучите за црна боја, за да не биде контрастот многу голем, наместо бела искористете кремова боја.

Маникир Louboutin

Доста интересен маникир е т.н. Louboutin, инспириран од познатите чевли кои секоја жена посакува да ги има.

За да направите маникир од ваков тип, премачкајте ги ноктите со црн лак, а внатрешноста на ноктите (од другата страна) обојте ја со црвен (третата фотографија во горните слики).

За крај...

Се разбира, ова се само дел од сите интересни маникири кои можете да си ги направите.

Доколку располагате со повеќе слободно време и сте доволно прецизни и вешти, можете да направите на вашите нокти вистинско уметничко дело. Само внимавајте да не претерувате. Иако е Нова Година, паралелно со уникатноста, потребно е да покажете вкус и стил.

Маникир Маникир Маникир Маникир

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9729 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.