Почетна » Убавина и мода » Тело » Како визуелно да ги зголемите градите?

Како визуелно да ги зголемите градите?

Големината на градите е многу чувствителна тема за многу жени. Жените со мали гради особено се преокупираат со своето деколте и тоа најчесто им влијае на самодовербата.

Ако имате ниска самодоверба поради тоа што вашите гради се мали, дознајте како можете да ги зголемите визуелно преку едноставни, но ефективни трикови.

Убава жена Малите гради може визуелно да се зголемат со помош на облеката.

Зголемување на градите со помош на облеката

  1. Соодветен градник. Нема жена која не знае колку е важен изборот на градник. Сепак, многу често се случува да си купиме градник само поради неговиот изглед, а не поради тоа што ни одговара нам. Ако забележите дека прерамките постојано ви паѓаат, ве сечат по кожата или имате црвени линии откако ќе го соблечете градникот, тоа значи дека е време да си ја подновите долната облека. Градникот е одличен сојузник за убави гради.
    • Купувајте градници со „push-up“ ефект, кои ги подигнуваат градите.
    • Користете силиконски или сунѓерести перничиња за додавање на волумен. Но, не претерувајте, затоа што може да изгледа премногу вештачки.
    • Прекрстете ги прерамките на градникот на грбот. Левата прерамка закачете ја на десната гајка на грбот, а десната на левата. Така моментално ќе ги подигнете градите и ќе ги зголемите на изглед.
  2. Затворено или несиметрично деколте. Овој тип на деколте помага визуелно да изгледа дека имате пошироки рамена и поголемо деколте.
  3. Избегнувајте длабоки деколтеа со V израз. Длабоките деколтеа ги истакнуваат коскестите гради и го привлекуваат вниманието кон вашите гради. Никогаш не комбинирајте блузи со длабоко деколте со V израз со ¾ должина на ракавите.
  4. Кошули со мали џебови на градите. Џебовите помагаат градите да изгледаат поголеми.
  5. Светла облека. За вашите гради да изгледаат поголеми, треба да носите блузи и кошули во светли бои. Најчесто жените кои имаат мали гради се пошироки во долниот дел на телото. Ако тоа е случај и кај вас, носете темни панталони и светли блузи. Доколку сакате да бидете облечени во иста боја, на пример виолетова, носете панталони во темна виолетова, а блуза во посветла виолетова. Така ќе успеете да му дадете тежина на горниот дел од телото и да постигнете рамнотежа. Доколку претпочитате темни бои, гледајте на нив да има светли детали во областа на градите. Пример: изберете црна блуза што има хоризонтална црвена линија во областа на градите.
  6. Набор или фалти на градите. Блузите и фустаните со наборот им даваат волумен на градите.
  7. Мали шарки и хоризонтални ленти. Заборавете на големите шарки, избирајте облека со мали или средни по големина шарки. Големите шарки ќе направат вашите гради да се изгубат во нив. Хоризонталните ленти се одличен начин да ги зголемите градите. Комбинирајте блузи со светли хоризонтални тенки ленти и темни здолништа.
  8. Избегнувајте премногу широка и премногу тесна облека. Широките блузи уште толку ги израмнуваат градите, а вие токму тоа сакате да го избегнете. Но, не носете и премногу тесна облека, затоа што тоа ќе го истакне обликот на градите. Најдете средина.
  9. Дебели плетени блузи и ролки со високи јаки. Блузите и џемперите со широка плетка им даваат волумен на градите, а ролките со високи јаки го прават деколтето пообемно и поголемо.
  10. Гол грб и без ракави. Фустаните и блузите со гол грб го оттргнуваат вниманието од предната страна на телото и се многу секси. Жените кои имаат мали гради најчесто имаат и слаби раце, па најдобро е да ги истакнете убавите раце и секогаш кога сте во можност носете блузи без ракави. Блузите и фустаните кои се врзуваат на вратот се одличен избор ако имате мали гради. Тие ги истакнуваат рамената, визуелно го зголемуваат деколтето и ставаат акцент на грбот.

Зголемување на градите со помош на шминка

Холивуд е место каде што со помош на шминката се прават чуда. Професионалните шминкери можат целосно да го променат изгледот на славните, па затоа холивудските ѕвезди многу често се критикувани кога ќе бидат видени или фотографирани без шминка.

Една од тајните на Холивуд е зголемувањето на градите со помош на шминка. Се разбира, оваа техника сега поретко се користи затоа што силиконските гради добро си ја вршат работата.

Една од убавиците од филмското платно, Кира Најтли, признава дека и таа ја користела техниката за зголемување на градите со помош на шминка за филмот Pirates of the Caribbean.

Кира Најтли Споредете го деколтето на Кира Најтли на црвениот тепих и на снимањето на филмот Пиратите од Карибите.

„Ми ги цртаа градите за филмовите, а тоа е невообичаено, затоа што тоа е уметност што изумира. Во минатото имаше посебни оддели во студијата за снимање посветени за шминкање на градите. Мене ми се допадна, затоа што за прв пат имав големи гради и тоа без операција“ – открила Најтли.

Многу полесно е визуелно да направите градите да ви се поголеми кога ви е покриено деколтето, а ако треба да носите свечен фустан со откриено деколте, работите се малку покомплицирани. Но, и за тоа има решение – едноставно применете го овој холивудски трик:

  1. Потребна ви е камена пудра во темна и светла нијанса и четка за нанесување на пудра.
  2. Ставете градник за подигање на градите и облечете се. За да ја заштитите облеката, ставете салфетки на рабовите.
  3. Нанесете од темната пудра по вертикалната линија помеѓу градите. Започнете од долу, па движете се со четката нагоре. Неколку пати поминете нагоре-надолу, за да ја разнесете пудрата.
  4. Потоа во горниот дел, каде што завршува линијата, започнете да се движите кон надвор, формирајќи ја буквата V и движејќи се по облините на вашите гради. Со четката лесно разнесете ја пудрата за да не се познава строга линија.
  5. Земете од светлата пудра и нанесете на горниот дел од градите што ви се истакнува над облеката. Разнесете го добро со четката.

Користете понежни нијанси за да не изгледа зголемувањето вештачки. Гледајте се во огледало и внимавајте и двете гради да изгледаат еднакво. Ќе бидете изненадени од ефектот!

Зголемување на градите со шминка – видео

Коментари (11)

1791
23:29, 04 март 2010г. #
Хахаха уште ова го немав видено хаха Може да се употреби во некоја прилика :):)Фалаа
7858
09:24, 05 март 2010г. #
korisno, vo sekoj slucaj.
7520
10:00, 05 март 2010г. #
xaxaxaxxaaxa:D
4505
11:25, 05 март 2010г. #
interesnoo navistina shminkata gi zgolemuva gradite ;)
7160
22:11, 06 март 2010г. #
:)))))))
7937
11:43, 10 март 2010г. #
treba da se broba
690
22:00, 14 март 2010г. #
mesto da gi sminkame ne li e podoro da si stavime silikoni...hhh...samo sto e mnogu skapo i ne moze sekoj da si dozvoli a za pudra ima sekoj....:0
6764
13:52, 16 март 2010г. #
Da a i za teloto e mn. stetno da stavas kolagen
9853
16:02, 03 мај 2010г. #
ha ha zakon ama samo za gledanje od daleku ova :)gledaj ne cepkaj rabotava haaaahh
10911
16:02, 29 мај 2010г. #
hahah uste ova go nemav videno... :D :D i ete go vidoov.. :D
13218
17:04, 24 јули 2010г. #
Ne moze videoto veke da se gleda ovde :S:S Znae li nekoj kade moze da go najdam ?

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy

АКТУЕЛНО на ФОРУМОТ

Анкета

Анкета
Колку чинеле најскапите обувки кои некогаш сте си ги купиле?
  • 29%
  • 17%
  • 25%
  • 13%
  • 6%
  • 9%
Се испраќа...

(Вкупно: 12040 гласа)

Цитат

Мажите секогаш сакаат да бидат првата љубов на жената. Жените сакаат да бидат последната романса на мажот.

Оскар Вајлд

Виц

Кога една жена вели „Што?!“, тоа не значи дека не слушнала што ѝ кажал соговорникот. Тоа значи дека му дава шанса да го промени она што го кажал.

Мода

Мода

Хороскоп

forum.femina.mk

Хуманост

Site Meter