ДА, Philips Lumea функционира
Почетна » Убавина и мода » Тело » ДА, Philips Lumea функционира

ДА, Philips Lumea функционира


Од Philips Lumea дневникот на Билјана Петрова

Philips Lumea

Со доаѓањето на зимата, полека се вовлекуваме во дебелите алишта, и да бидеме искрени, не обрнуваме големо внимание за изгледот на нашата кожа. Но, сепак, на нашата кожа и е потребен третман и нега и во деновите кога не е директно изложена на сонцето.

Без разлика на сезоната, она што е константа кај жените е потребата за отстранување на влакната, а мазната кожа и безболно депилирање се сон на секоја жена.

Но, затоа Philips, создаде нешто што функционира во секоја сезона, нешто што ќе ги оствари соништата на секоја жена за долготрајно мазна кожа, без влакна. Нешто што се нарекува Philips Lumea.

Можеби и не постои жена која не ги испробала речиси сите методи за отстранување на влакната. Депилација со восок, со крема, отстранување на влакната со бричење, ласерско отстранување на влакна... Листата е долга. Но, има и дел кој ја запознал Philips Lumea и ги испратиле традиционалните начини на отстранување на влакната во историјата.

И бидејќи ништо не говори подобро, отколку искуството на нашите пријателки и познанички, или пак сличните на нас кои се соочуваат со овие проблеми, ја прашавме Билјана Петрова од Скопје да ни го сподели искуството од користењето на Philips Lumea.

Philips Lumea

„Јас сум Билјана Петрова од Скопје. Philips Lumea-та ја имам од јуни годинава, а одлуката 'падна' кога една блиска пријателка воодушевено раскажуваше дека е пресреќна од резултатите што ги постигнува со третманите.

Да бидам искрена, не верував дека воопшто постои производ кој ќе влијае врз долготрајно намалување на влакната, а особено нешто толку мало може да прикаже големи резултати и бев малку воздржана. Имам темен тен, и имам(в) :) цврсти и темни влакна на лицето и телото. Почнав да истражувам, да калкулирам, да споредувам. Мислам дека станав експерт за методи, цени и ефекти.“

„По неколку месеци двоумење, во јуни годинава ја купив. И еве, после 5 месеци користење и 7 третмани, одговорно можам да кажам – ДА, Philips Lumea функционира! Важам за одговорна личност, па редовно си ги забележувам третманите, а најтопло препорачувам тоа да си го правите и вие бидејќи така брзо и едноставно ќе знаете што, кога и како треба да направите. Ги третирам сите зони од телото со супер додатоците кои доаѓаат во пакет со новиот модел на Philips Lumea – нозе, лице, раце, бикини зона, под пазувите. Веќе почнувам со третмани на период од еден месец, а влакната под пазувите речиси исчезнаа. Забележувам дека растот на влакната на другите зони кои ги третирам значително се намалени.“

Philips Lumea

Мојот ритуал на третман на целото тело со Philips Lumea ми одзема не повеќе од час и половина (што реално е просечно време за депилација на цело тело во салон на пример), не пресметувајќи го времето за претходно отстранување на влакната пред третманот со депилација или бричење. Но, овде важно е да се напомене дека после третиот третман, нема ни да можете да се издепилирате бидејќи влакното ја нема потребната должина, туку само треба да се избричите.“

„Она што за мене, а сигурна сум и за многу други, е навистина голема предност е што третманите се апсолутно безболни, единственото нешто што можете да го почувствувате е мало пецкање на почувствителните делови од телото, но тоа е сè! И плус, толку е едноставно, лесно и пред сè безбедно за употреба, што апсолутно можете да го користите во слободата на вашиот дом, без било каква асистенција од стручно лице.

„За Philips Lumea можам да ви раскажувам до бескрај, бидејќи навистина има ефект. Ако сакате да дознаете што можете да очекувате по првите 3 третмани, како да ги користите различните додатоци или имате било какви прашања или ви треба некој да ве увери во резултатите :), Ќе бидам активна и на фемина форумот, па ќе ви стојам на располагање за сите прашања од моето искуство со Lumea-та.

„Затоа што среќните девојки користат Lumea :) Биди среќна!“


„Па девојки? Ова е искуството на една од задоволните девојки кои ја користат Lumea. Доколку сакате да дознаете повеќе за Lumea, посетете ја страницата www.lumea.philips.com.mk или пак придружете ни се на форумот овде>>> каде ќе можете да прашате сè што ве интересира за Philips Lumea.“

„И како цреша на шлагот, доколку во одлуката за долготрајно мазна кожа без влакна игра и цената, достапен е ексклузивен попуст од 20% на Philips Lumea во продавниците на Neptun и Setec.“

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Сметате ли дека треба да се продолжи породилното отсуство?
  • 19%
  • 73%
  • 8%
Се испраќа...

(Вкупно: 19638 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.