10 работи кои никогаш не излегуваат од мода
Почетна » Убавина и мода » Мода » 10 работи кои никогаш не излегуваат од мода

10 работи кои никогаш не излегуваат од мода

Малото црно фустанчеБели бисериСукња тип моливКласичен мантилФармерки по меркаБела кошулаУбаво сакоБлуза од кашмирЦрни пантaлониНиски чевли

Малото црно фустанче

Секоја жена треба да има ваков фустан во својата гардероба. Било да треба да се појавите на официјален коктел, на работа или за вечерно излегување, малото црно фустанче насекаде ќе ве прикаже во добро светло.

Бели бисери

Бисерите нанижани на кратка жичка се класика. Ако некогаш сте ги мразеле бисерите на мајка ви, сега тие нека станат дел од вашиот накит, затоа што никогаш не излегуваат од мода.

Сукња тип„ молив“

Да имате една сукња која ќе стои прилепена на вашето тело и која има должина до колената е задолжително. Можете да ја комбинирате со убава блуза или кошула. Таа е идеална како за на работа, така и за поотмен коктел. Најдобро е да биде во црна, сива или кафеава боја.

Класичен мантил

Класичниот мантил е одличен избор за горна облека. Можете да ја изберете класичната бежова боја или ако не сакате светли бои – црната.

Фармерки по мерка

Денес, секоја жена треба да има барем еден пар убави фармерки во својата гардероба, затоа што без нив едноставно не можеме. Тие треба да изгледаат како да се шиени специјално за вас т.е. не премногу тесни и се разбира не широки. Можете да ги комбинирате и со штикли и со ниски обувки.

Бела кошула

Секогаш треба да имате на достап бела кошула. Тоа не значи дека треба да имате класична бела кошула. Можете да си изберете типска кошула која нема петлици до долу. Комбинирајте ја со сукња за поофицијален изглед и со фармерки или панталони за полежерен, секојдневен изглед.

Убаво сако

Сакото ќе ја истакне вашата тенка половина, а можете да го комбинирате со различни алишта за да добиете различен изглед. Одберете си сако кое лежи убаво на вашето тело или порачајте си да ви го скројат специјално за вас.

Блуза од кашмир

Оваа блуза едноставно не излегува од мода. Купете си блуза во посветла боја за да ѝ даде свежина на вашата облека.

Црни панталони

Секогаш кога не се чувствувате убаво или мислите дека немате ништо адекватно во вашата гардероба, побарајте ги црните панталони. Некои жени подобро се чувствуваат во широки панталони, а некои сакаат да ја истакнат фигурата со тесни, затоа изберете си панталони по ваш вкус. Во секој случај едно е сигурно – вие ќе се чувствувате удобно во црните панталони, а можете да ги комбинирате со што и да посакате.

Ниски чевли

Ако имате напорен и активен ден, чевлите со ниска потпетица се вистинскиот избор за вас. Тие ќе ви помогнат да издржите од утрото до вечерта, без да имате болки и плускавици по вашите нозе.

Добро избраните ниски чевли изгледаат исто толку елегантно, како и високи штикли. Затоа, дајте им одмор на вашите стапала.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6267 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.