Њујоршката недела на модата веќе е во тек. Њујорк е локацијата каде што од 11-ти до 18-ти февруари едни од најдобрите дизајнери во светот ќе ги покажат своите колекции за сезоната есен/зима 2010/2011. Еве дел од претставените колекции.
Постерот на Lacoste зад сцената гласел: „Бидете ведри, среќни и самоуверени. Останете силни, насмеани, полни со енергија!“. Одличен вовед за тоа што беше карактеристично за колекцијата на Lacoste есен/зима 2010 - дебели хеланки во светли бои и весели комбинации.
Колекцијата есен/зима на Каролина Ерера зрачи со класика и стил. Класичните панталони со широки ногавици во комбинација со елегантните ракавици и шеширите ѝ даваат безвременски изглед на колекцијата, а вечерните фустани префинетост и софистицираност.
„Отсекогаш сакав да живеам машки живот во женско тело“ – Даен Фон Фурстенберг. Токму со оваа колекција, Даен покажа дека спојот на мажественоста и женственоста може да биде оригинален. Очигледно оваа искусна дизајнерка знае што точно ѝ треба на една модерна жена.
Со својата колекција Марк Џејкобс покажа дека тајната на убавината е во едноставноста. Палта со крзно по краевите, сиви костуми од три дела, класични фустани и елегантни светликави тоалети ја карактеризираат колекцијата есен/зима на овој дизајнер.
Њујоршка недела на модата – втор дел »
Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (0)
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.