Почетна » Убавина и мода » Мода » Њујоршката недела на модата: колекции пролет/лето 2012

Њујоршката недела на модата: колекции пролет/лето 2012

Њујоршката недела на модата заврши. „Ретроманија“ е зборот кој може да ги опише колекциите претставени на ревиите во Њујорк. Повеќето дизајнери гледаа наназад во времето за да ја презентираат својата креативност на иновативен начин и само малку од нив покажаа футуристички стил.

Џејсон Ву

Џејсон Џу претстави креации со силно акцентиран струк и колкови. 28-годишниот дизајнер со вкус си поигра со пропорциите и формите. „Графичкиот контраст на спротивните концепти е силна тема на колекцијата“ – објаснил тој. Употребата на нежно розовата боја беше храбар контраст на неговите бели, црни и сиви креации и монохромните принтови.

Колекцијата во целост беше модерна, скоро минималистичка и романтична, а низ неа се почувствува мало влијание на спортскиот и ретро стилот.

Џејсон Ву Џејсон Ву

Џени Пекам

Модните ентузијасти со нетрпение очекуваа да видат што ќе претстави британската дизајнерка Џени Пекам поради тоа што Кејт Мидлтон двапати воодушеви со нејзини креации.

Инспирирана од песната „She’s a Rainbow“ на Rolling Stones, Пекман создаде романтична и ултра женствена колекција, полна со ненападни нежни креации.

Џени Пекам Џени Пекам

Каролина Ерера

Брендот Каролина Ерера секогаш се асоцира со елеганција, а не разочара ниту најновата колекција на познатата дизајнерка. Гледајќи ги инвентивните принтови со птици и женствените кројки, не е тешко да се види зошто Ерера е една од омилените креаторки на холивудските убавици.

Луксуз, рафинираност и препознатлив стил можеше да се насети во секоја креација, било да се работи за дневен аутфит со птичји принт или вечерна тоалета со геометриски детали. Од боите може да се каже дека највпечатлива беше комбинацијата црно-бело-црвено.

Каролина Ерера Каролина Ерера

Оскар де ла Рента

Пред очите на видни модни имиња како Валентино и Рејчел Зое, Оскар де ла Рента претстави разновидна колекција која остави силен впечаток уште од самиот почеток. Де ла Рента шоуто го отвори со три грандиозни креации со огромни здолништа во воочливи бои и со тоа најави дека следува нешто динамично, возбудливо и драматично.

79-годишниот дизајнер, кој зад себе има огромно искуство, настапи бестрашно, користејќи многу различни стилови, текстури и бои за да комплетира фантастични вечерни тоалети што сигурно ќе ги видиме на црвените теписи низ Холивуд и дневни креации за префинетите дами.

Оскар де ла Рента Оскар де ла Рента

Келвин Клајн

Ако не би знаеле кое име стои зад овие креации, тешко дека ќе успееја да ви остават некаков впечаток. Пастелни нијанси на крем, жолто и сребрено и црната боја доминираа во едноставната колекција на Франциско Коста.

Некои од креациите со нежноста и едноставноста дури и наликуваа на ноќници затоа што ја дефинираа формата на целото тело на моделите.

Келвин Клајн Келвин Клајн

Мајкл Корс

Доволно е да погледнете само неколку модели од новата колекција на Мајкл Корс за да заклучите дека неговата инспирација доаѓа од Африка.

Гладијаторски сандали, змиски и крокодилски чанти, земјени тонови и комфорна облека во сафари стил – тоа беа одликите на колекцијата што Корс би ја опишал со зборот „Африлукс“.

Мајкл Корс Мајкл Корс

DKNY

И додека Корс црпеше инспирација од егзотичната Африка, Дона Каран инспирацијата ја најде во Америка. Дизајнерката чиј концепт за брендот е изграден околу Њујорк, ја воодушеви публиката со патриотски комбинации на сино, црвено и бело, но исто така можеа да се сретнат и нијанси на розово, црно и крем. „Навистина не постои друго место како нашиот сакан град, Њујорк. Нашата инспирација“ – пишувало во белешките на Каран.

Секој изглед вклучуваше шешир во бои кои апсолутно одговараа на облеката. Преовладуваа едноставни фустани со подолг заден дел, но имаше и тесни пантолони од материјал кој наликуваше на деним, но беше далеку полуксузен и поелегантен.

DKNY DKNY

Ралф Лорен

Елегантни костуми со кратки пантолони, пастелни бои, минималистички свилени фустани, крзнени кратки наметки и шалови – едната половина од колекцијата на Ралф Лорен изгледаше супер слатко и нежно. А потоа, на ред дојде елегантниот гламур изразен преку долги сребрени и бели тоалети со блескави извезени материјали.

20-тите години на минатиот век очигледно биле во мислите на 71-годишниот дизајнер додека ја создавал пролетната колекција. Стилот од тој период можеше да се насети и во шапките и во костумите и во „пердувестите“ фустани и крзнените додатоци.

Ралф Лорен Ралф Лорен

Рејчел Зое

Омилената стилистка на холивудските ѕвезди, Рејчел Зое, ја претстави својата колекција во Њујорк. „Мојата инспирација е навистина многу едноставна. Тоа е Брижит Бардо, на југот на Франција, во доцните 60-ти, раните 70-ти години“ – изјавила Рејчел.

Рејчел Зое Рејчел Зое

Прабал Гурунг

Впечатлива, интересна, модерна и полна со смелост и нестандардност – колекцијата на Прабал Гурунг беше вистинско освежување на њујоршките модни писти.

Футуристичките принтови и модели ја разбија ретро монотонијата, а секој модел донесе секси палаво присуство.

Прабал Гурунг Прабал Гурунг

Коментари (20)

15:51, 16 септември 2011г. #
добри се. некои дури и предобри
17:14, 16 септември 2011г. #
odlicni see a nekoi se poibavi
18:20, 16 септември 2011г. #
аУУуУУ.. тоОооОппп се!
19:37, 16 септември 2011г. #
NAJUBAVI SEEEE!!!
00:06, 17 септември 2011г. #
Сите се одлични, но најмногу ми се допаднаа колекциите на Прабал Гурунг, Џејсон Ву и Оскар де ла Рента.
Секако, имаше и многу колекции кои беа исто толку добри од не толку познати дизајнери, како Зек Посен или Ана Суи.

А зошто ја нема на листава колекцијата на MARC JACOBS?
00:13, 17 септември 2011г. #
Preubavii se!
samo malku me razochara kolekcijata na Kelvin Klajn.
12:07, 17 септември 2011г. #
maleckata и мене ми се допадна колекцијата на Џејсон Ву а и другите беа најубави, би сакала да сум во Њујорк :)
13:49, 17 септември 2011г. #
Na DKNY vtoroto mi e najubavo a i po moj stil :))
22:32, 17 септември 2011г. #
7 слика, црно-белото фустанче на ПРАБАЛ ГУРУНГ најмногу ми се допаѓа :D
22:56, 17 септември 2011г. #
Највеќе ми се допача на Мајкл Корс ...
13:28, 18 септември 2011г. #
DKNY nejdobri se :)
18:50, 18 септември 2011г. #
ЛЕЛЕЕЕЕЕ...... УЖАС..УУЖАС :s :O...
19:26, 18 септември 2011г. #
лелеллелел, вчера ги видов на FTV! Супер, супер, супер сееееееееее!!!!
14:32, 19 септември 2011г. #
Dobri se site...ama DKNY i Oskar de la renta se najdobri!! ;) :P
17:01, 19 септември 2011г. #
DKNY најубави.. после на Лорен :)
21:13, 19 септември 2011г. #
TOPPPPP :)
21:47, 20 септември 2011г. #
ОСКАР ДЕ ЛА РЕНТА..
10:28, 28 септември 2011г. #
mnogu ubavi modeli
13:24, 15 октомври 2011г. #
najubavi od Прабал Гурунг
19:03, 24 октомври 2011г. #
mm preubavki se kolekciive

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy
Реклама

ПРЕПОРАЧАНО од FACEBOOK

Анкета

Анкета
Во вашиот плакар доминираат:
  • 42%
  • 58%
Се испраќа...

(Вкупно: 9947 гласа)

Цитат

Не знам кој ги измислил високите потпетици, но сите жени му должат многу.

Мерилин Монро

Виц

Жената му се јавува на мажот:

– Каде си?

– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?

– Аууу, да!

– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.

Site Meter