Њујорк, како и секогаш, е првата дестинација на модните дизајнери при презентирањето на новите колекции. Њујоршката недела на модата заврши вчера и додека вниманието на модниот свет се насочува кон Лондон, време е да проследиме што се случуваше на модните писти во Њујорк.
Каролина Ерера го започна шоуто со некарактеристични темни дневни креации, пред да се префрли на волуменозни и развеани здолништа какви што можеме да видиме само на црвениот тепих.
Познатата дизајнерка уште еднаш верно го следеше својот модернизиран дамски стил зачинет со многу префинетост и женственост.
Стилот од 60-тите ја постави основата на колекцијата на Гвен Стефани, но познатата пејачка го надгради со модернизиран пристап и рок елементи.
Интересни младешки комбинации со тесни панталони и мини здолништа го открија и влијанието на милитаристичкиот стил во колекцијата на Стефани.
Починатата модна муза Лулу де ла Фалез ја разбуди имагинацијата на креативниот директор на St. John, Џорџ Шарп. „Таа очигледно беше икона на стилот за сите во модната индустрија“ – изјавил тој.
Со огнено црвената боја, животинскиот принт и широките панталони, Шарп го оживеа стилот на Фалез.
„Повеќе не сум бремена, ова се фустаните кои сакам да ги носам сега“ – изјавила Викторија по завршувањето на шоуто. Слабата креаторка, чиј изглед воопшто не укажува на фактот дека има четири деца, претстави тесни фустани кои ја издолжуваат силуетата. Но, освен елеганција и софистицираност, во креациите се насетуваше спортско влијание преточено во „поло“ јаки, кое доаѓа од бејзбол маиците на нејзините синови.
За првпат на шоуто на Викторија во првиот ред седеше нејзиниот сопруг, Дејвид Бекам, а зад сцената спиеше малата Харпер Севен.
Кина беше главната инспирација за младиот дизајнер кој обработи три различни идеи – воена Кина (јакни во милитаристички стил), кинеските династии (раскошните блескави извезени детали по фустаните) и холивудска верзија на Кина (елегантните богати вечерни тоалети).
Џејсон Ву одлучи да ја истакне женската силуета и на модниот подиум испрати палта со колани кои ја истакнуваат половината и фустани кои преку илузија најдобро ги оцртуваат облините на женствената фигура. Со користење на тантела и крзно, 29-годишниот дизајнер ги потцрта сексапилноста и флертувачкиот дух кои отсекогаш ги негувал.
Многумина веруваат дека 2012 е годината кога ќе дојде крајот на светот, па таа предвидувана апокалипса се вгнезди во првата тура креации на Прабал Гурунг. Лошо и добро, пекол и рај... Вечната борбата помеѓу доброто и злото беше раскажана на модната ревија на почитуваниот дизајнер.
Шоуто започна со претставување на минималистички црни драматични креации. Црнилото Прабал го разби со сини нијанси и покажа дека неговите мисли се оптимистички, за да ја заврши ревијата со бели и златни ангелски креации.
Дона Каран уште еднаш покажа дека нејзиниот бренд се темели околу сè она што го претставува Њујорк. На сцената, на чија позадина имаше препознатливо жолто њујоршко такси, без презентирани софистицирани модели воглавно во црна боја.
Со ѕвонести здолништа, кожени детали и комбинации од крокодилска кожа и меко влијание од стилот на 60-тите години, Каран ги разбуди фантазиите не само на Њујорчани, туку и на сите оние до чиј поглед стигнаа елегантните модели.
Лесни проѕирни материјали со геометриска структура беа во основата на колекцијата на Вера Ванг. Со цел палетата на бои да не делува монотоно и здодевно, Ванг умешно ја вклопи портокаловата боја која ѝ даде живост на колекцијата.
Несекојдневно долгите ракави ѝ дадоа препознатливост на колекцијата која ќе остане запаметена по нежноста и слоевитоста.
Марк Џејкобс донесе на сцената волуменозни елементи кои посетуваа на бајките, а беа инспирирани од модните ексцентрични дами Ана и Лин Јегер.
Може да се каже дека секоја претставена комбинација беше кокофонија од текстури, бои и принтови.
Златната колекција на Маркеса со холивудскиот гламур ја пленеше публиката. Претставувајќи тоалети кои изгледаа како да се излезени од шоу на високата мода, дизајнерското дуо сочинето од Џорџина Чепмен и Керен Крег безгласно ги повика ѕвездите од црвениот тепих да си изберат барем по еден аутфит.
Силуетите на тоалетите до одредена мера потсетуваа на силуетите на Александар МекКвин, а тешко беше да не се забележат деликатните барок елементи кои се провлекуваа низ секоја креација.
Со музиката од саундракот на британската серија „Downton Abbey“, Ралф Лорен најави мала прошетка низ стиловите од историјата на Англија, претставена преку креации од твид и волна. Првиот дел од шоуто беше во знакот на мажествени женски костуми, но потоа играта се промени и дојде до израз елеганцијата.
Комбинации на црно со златно и сребрено се појавуваа пред очите на публиката и покажуваа зошто Ралф Лорен успева толку долго да се задржи на модната сцена.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (23)
МАРК ЏЕЈКОБС-најлошо облечени!!
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.