Фантазија во бело: Невестинската модна недела – есен 2015
Почетна » Убавина и мода » Мода » Фантазија во бело: Невестинската модна недела – есен 2015

Фантазија во бело: Невестинската модна недела – есен 2015

Епицентарот на новата невестинска треска е во Њујорк. Бели ревии и презентации го преплавија Големото јаболко, мамејќи воздишки со деликатна елеганција, романтика, гламур и суптилна екстраваганција.

Дамите кои планираат свадба следната година со нескротлива љубопитност ќе ѕиркаат низ новите колекции на видните дизајнери за сезоната есен 2015.

Неконвенционални бели сетови за невести кои не милуваат да го поминат големиот ден во традиционална венчаница, но и класични венчаници за припадничките на понежниот пол кои тежнеат кон безвременски изглед имаат моќ инстантно да ја убијат рамнодушноста.

Рафинирана сензуалност пленеше на цветната ревија на Рим Акра. Хармоничната комбинација од раскошни балски фустани, венчаници кои нежно ја прегрнуваат женската фигура, кристални детали и префинета чипка во улога на невестински тетоважи беше насловена „Let There Be Light“. „Романса, женственост, фантазија“ – со овие зборови Каролина Ерера ја опишала својата колекција за време на малата презентација. Оскар де ла Рента, кој ја дизајнираше венчаницата на Амал Аламудин, им понуди на своите клиентки креации кои ќе ги доближат до невестинскиот стил на привилегираната сопруга на Џорџ Клуни.

Креаторите Марк и Џејмс од Badgley Mischka го оживеаја гламурот на стариот Холивуд, додека Моник Лулие се инспирираше од балерините и си поигра со пастелни нијанси.

Разгледајте ги најдобрите креации вклучени во новата невестинска бајка.

Reem Acra

Венчаници есен 2015 Венчаници есен 2015 Венчаници есен 2015

Alfred Angelo

Венчаници есен 2015

Pamella Roland

Венчаници есен 2015 Венчаници есен 2015

Carolina Herrera

Венчаници есен 2015 Венчаници есен 2015

Temperley

Венчаници есен 2015

Oscar de la Renta

Венчаници есен 2015 Венчаници есен 2015

Dennis Basso

Венчаници есен 2015

Naeem Khan

Венчаници есен 2015

Theia

Венчаници есен 2015

Badgley Mischka

Венчаници есен 2015

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 68%
  • 14%
  • 18%
Се испраќа...

(Вкупно: 5717 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.