Трендови кај костимите за капење – лето 2014
Почетна » Убавина и мода » Мода » Трендови кај костимите за капење – лето 2014

Трендови кај костимите за капење – лето 2014

Летната забава и официјално може да започне. Долгоочекуваното сонце ни го засилува копнежот за авантури на песочни плажи. Независно од тоа дали за време на тропските горештини ќе истражувате егзотична дестинација или ќе се разладувате во македонските езера, задолжителен елемент од вашата идна авантура е костимот за капење.

Љубопитни сте да дознаете кои се најжешките трендови кај костимите за капење? Запливајте низ модните тенденции кои ќе ве инспирираат за да се претворите во атрактивна летна божица на плажа.

Ретро сексапил

Навратете се во минатото. Женственоста и сексапилот кои извираат од костимите во ретро стил ги пленат дамите. Високиот струк, точкестиот принт, дезените со ситни цветови и црно-белите комбинации се за претпочитање ако се одлучите за костим со ретро шмек.

Костими за капење

Бикини „полу-корсет“

Бикините со продолжен горен дел забрзано се движат кон врвот на популарноста и привлекуваат сѐ повеќе обожавателки заради тоа што нудат дополнителна потпора за попривлечна форма на градите. Друга нивна позитивна страна е што повеќето модели можат да се носат и подалеку од плажата, во комбинација со панталони, шорцеви или здолништа со висок струк, во согласност со трендот „голо стомаче“.

Костими за капење

Спортистка на плажа

Патенти, спортска мрежа, неопрен, атлетски модели... Спортскиот стил никогаш не бил поактуелен. Изберете спортски костим за капење за безгрижно да се забавувате без страв од непосакувано разголување. Костимите на сурферите може да ви послужат како насока за следењето на овој тренд.

Костими за капење

Забавни бикини миксови

Не е задолжително горниот и долниот дел од бикините да ви се складни. Напротив, повпечатливи се неочекуваните мискови. Сѐ повеќе жени купуваат еднобојни и класични долни делови и ги комбинираат со различни колоритни горни делови. Сепак, не се ограничувајте. Мешајте принтови и бои и имајте нова бикини комбинација секој ден од летното патување.

Костими за капење

Збогување со прерамките

Привремено заборавете на прерамките, без оглед на тоа дали вашиот избор паѓа на бикини или едноделен костим за капење. Позитивната страна на овој тренд е што нуди рамномерен тен без непријатни бели линии по кожата.

Костими за капење

Бела елеганција

Сончевите денови не минуваат без доминација на белата боја, но оваа година белата е особено популарна. Облечете се во бело од глава до пети и нема да погрешите, а истото важи и за на плажа. Белите костими за капење се малку ризични, но истовремено и многу елегантни и на совршен начин го потенцираат бронзениот тен.

Костими за капење

Игриви ленти/врвци на колкови

Костимите со неколку ленти/врвци на колкови умерено покажуваат малку повеќе кожа, заобиколувајќи ја провокатовноста. Белите линии на сончаната кожа не се толку проблематични кога се лоцирани на колковите.

Костими за капење

Бохо реси/карнери

Визуелно зголемете ги градите со костими со реси или карнери во областа на деколтето. Избегнете ги наборите на долниот дел од телото ако имате широки колкови. Ресите минатата година беа најсилен тренд, па очигледно се доминантен акцент и годинава.

Костими за капење

Храбри отсечоци

Отсечоците некако ги маѓепсаа дизајнерите и им направија простор за експериментирање, па ќе продолжиме да ги гледаме меѓу трендовите. Иако се малку непрактични за сончање, тие го мамат окото на најголемите модни ентузујастки.

Костими за капење

Црно-бела геометрија

Геометриските принтови освојуваат со динамичност, оддаваат модернизам, а сепак потсетуваат на класична елеганција. За костимите со црно-бел принт можете да бидете сигурни дека ќе ги носите со години, па дефинитивно се сигурна инвестиција.

Костими за капење

Анкета

Анкета
Дали редовно си правите самопреглед на дојките?
  • 27%
  • 73%
Се испраќа...

(Вкупно: 884 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?