Послаби со помош на облеката
Почетна » Убавина и мода » Мода » Послаби со помош на облеката

Послаби со помош на облеката

Ако барате начин да бидете послаби, денес постојат илјадници продукти и методи кои ќе ви помогнат да си ја постигнете целта. Но, ниту еден продукт или диета не дава толку брзи резултати во намалувањето на килограми, како што тоа го прави облеката. Ако знаете како да се облечете, алиштата можат да ги прикријат недостатоците и да ги истакнат убавите делови на вашето тело.

Еве неколку совети, кои ќе ве доближат до занаетот за намалување на килограми преку облеката.

Жена во црноЗа да ослабете визуелно неколку килограми, носете темни бои и облека по мерка.
  1. Темните бои намалуваат килограми. Не купувајте алишта со силни светли бои. Црното покрива сè и нè прави да изгледаме послаби. Тоа е одлично правило кое секој го знае. Но, ако носите само црно, по извесно време ќе започнете да делувате досадно. Затоа, избирајте алишта со темна кафеава, сива или лилава боја.
  2. Носете еднобојна облека без шарки. Не носете облека со хоризонтални линии. Тие ве прават да изгледате подебели, отколку што сте. Иако би помислиле дека вертикалните линии ќе ве направат послаби, тоа не е сосема точно. Ако не сакате да се откажете од вертикалните шарки, носете алишта со тенки линии. Дебелите линии ќе ви додадат килограми. Тенките вертикални линии прават илузија дека сте повисоки и со тоа послаби. Најдобро е да носите еднобојна облека.
  3. Не го стегнувајте коланот. Ако сакате да истакнете некој дел од телото со кој се гордеете, пример тенка половина, носете блуза со светли шарки во таа област или убав колан со светла боја. Но, не ја правете грешката да го стегнете коланот. Дури и ако имате само неколку килограми повеќе, стегнатиот колан ќе го истисне „салото“ кое што сакате да го прикриете.
  4. Облеката треба да ви биде по мерка. Повеќето луѓе сметаат дека ако носат поголема и покомотна облека, тоа ќе сокрие неколку нивни килограми. Тоа е само мит. Облеката треба идеално да одговара на вашиот конфекциски број. Претесната облека ги оцртува сите недостатоци на телото, а преголемата облека ви додава неколку килограми. Затоа бидете внимателни при купувањето на облека. Секогаш купувајте само ако претходно сте пробале.
  5. Истакнете го вратот. Ако го истакнете вратот, со тоа го одвлекувате вниманието од големото стомаче или широките колкови. Носете блузи или кошули со V деколте. Острото деколте помага да изгледате послаби.
  6. Користете аксесоари. Долгото ланче на вратот ќе направи да изгледате повисоки и послаби. Истиот ефект го создава и надолу испуштеното шалче. Ако имате проблем со тежината, користете поголеми чанти. Чантата секогаш треба да е усогласена со вашето тело.

Анкета

Анкета
Кога би можеле да изберете со која вакцина за заштита од КОВИД-19 да се вакцинирате, дали тоа би влијаело на вашата одлука за имунизација?
  • 33%
  • 8%
  • 59%
Се испраќа...

(Вкупно: 689 гласа)

Цитат

Животот секогаш ти нуди втора шанса. Таа се нарекува УТРЕ.

Дилан Томас

Виц

Женскиот проблем „немам што да облечам“ е во изумирање во време на пандемија.

Сега се појави „имам што да облечам, но нема каде да го носам“.