Недела на високата мода во Париз
Почетна » Убавина и мода » Мода » Недела на високата мода во Париз

Недела на високата мода во Париз

Париската недела на високата мода донесе елегантност, гламур, префинетост и екстравагантност на модните писти. Само оние кои беа доволно привилегирани успеаја да си обезбедат учество на шоуто.

Најголемите дизајнери си ја постигнаа целта да направат спој помеѓу уметноста и облеката. Прескапите креации сè уште ги оставаат посетителите без здив. Погледнете дел од колекциите кои ќе ја обележат високата мода во Париз.

Christian Dior – пролет/лето 2010

Модната компанија Диор беше претставена од колекција на John Galliano. Очигледно е дека инспирацијата Galliano ја добил од сè што е поврзано со јавање коњи. Колекцијата изобилуваше со кратки фустани за коктел забави и долги балски тоалети, надополнети до огромни пунџи и капи. Невообичаените комбинации на бои ѝ дадоа дополнителна уникатност на раскошната колекција.

Armani – пролет/лето 2010

Колекцијата на Армани е инспирирана од ноќното небо. Материјалите кои блескаа како ѕвездите и ноќното него, брошовите, чантите и ланчињата во форма на полумесечини ја направија колекцијата на Армани волшебна.

Chanel – пролет/лето 2010

Karl Lagerfeld беше дизајнерот на раскошната колекција на Chanel. Lagerfeld ја нарекол колекцијата „neon-baroque“. Во неа нема ни трага од малото црно фустанче, иако Coco Chanel е компанијата која пред скоро 100 години го измисли LBD (Little Black Dress). Погледнете дел од колекцијата.

Givenchy – пролет/лето 2010

Колекцијата е дело на италијанецот Riccardo Tisci, кој пет години е дел од модната куќа Givenchy. Со само 22 креации ова беше една од најкратките ревии и траеше само седум минути. Riccardo Tisci инспирацијата за оваа колекција ја црпел од раните 70-ти години, кога започнува модната опсесија со еротизмот. Дел од креациите беа во диско стил, а доста забележливи останаа и бизарните капи во стилот на Лејди Гага.

Elie Saab – пролет/лето 2010

Женствени, раскошни, романтични. Колекцијата на Elie Saab вклучува креации од нежни материјали и бои кои го истакнуваат женското тело. Нежните материјали го заробуваат погледот. Погледнете едни од најдобрите креации на оваа манифестација.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9729 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.