• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

Најдоброто од Њујоршката недела на модата – колекции есен/зима 2015

25 февруари 2015, 15:30
  • cподели

Боемската страна на 70-тите години се покажа како доминантна тема на Њујоршката недела на модата. Над 230.000 гости внимателно ги анализираа новите колекции од ателјеата на над 200 дизајнери.

Погледнете дел од најдобрите колекции кои експлозивно го означија почетокот на модниот месец низ светот.

Каролина Ерера

Сè се вртеше околу водата на ревијата на Ерера. Истражувајќи ја убавината на водата, честопати преку призмата на апстрактноста, 76-годишната дизајнерка ги украси своите креации со капки, бранови, вртлози, како и со разиграни линии кои потсетуваат на динамичната структура на мразот.

За разлика од мнозинството дизајнери, кои моментално се фокусирани на духот на 70-тите години, Ерера со фокусираше на иднината. „Ништо не е поврзано со минатото. Ајде да не определуваме ера. Ајде да одиме во иднината!“ – коментирала таа. Футуристичката магија на угледната креаторка инстантно освојува.

Каролина Ерера Каролина Ерера
Каролина Ерера Каролина Ерера Каролина Ерера Каролина Ерера Каролина Ерера Каролина Ерера Каролина Ерера Каролина Ерера Каролина Ерера Каролина Ерера Каролина Ерера Каролина Ерера

Ралф Лорен

Ралф Лорен се запраша како може текстурите да станат луксузни и тоа стана појдовна точка при создавањето на неговата дамска колекција. Реси, плетива, неутрални нијанси, шешири, издолжени силуети, извонреден накит... секој стајлинг на Лорен вклучуваше многу елементи кои го заслужуваа вниманието на модната толпа.

Низ колекцијата можеа да се забележат „крзнени“ парчиња, но брендот објасни дека продолжува да вели „НЕ“ на користењето на природно крзно и дека сите парчиња кои имаат крзнен изглед се изработени од волна. Откако заврши прикажувањето на креациите низ кои се насетуваше инспирација од Дивиот Запад, на сцената стапија елегантни креации чија судбина е да завршат на црвениот тепих.

Ралф Лорен Ралф Лорен
Ралф Лорен Ралф Лорен Ралф Лорен Ралф Лорен Ралф Лорен Ралф Лорен Ралф Лорен Ралф Лорен Ралф Лорен Ралф Лорен Ралф Лорен Ралф Лорен

Викторија Бекам

Кога Викторија Бекам заплива во модните води, многумина беа скептични за нејзиниот талент, но со секоја нова колекција на популарната сопруга на Дејвид Бекам, сè поинтензивно исчезнуваат сомнежите за нејзиното чувство за дизајн. Новата колекција на Викторија, која гравитираше околу фустани и палта, повторно наиде на многу позитивни критики.

40-годишната дизајнерка објаснила дека колекцијата не е градена околу една единствена тема. При дефинирањето на концептот, таа размислувала за тоа каква облека би сакале жените да носат. „Започнавме со фустани. Слушаме што велат луѓето“ – рекла таа. Викторија експериментираше со волуменот, што беше очигледно кај палтата, но исто така забележлива беше играта со асиметричноста.

Викторија Бекам Викторија Бекам
Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам Викторија Бекам

Дона Каран

Њујорк секогаш има специјално место во срцето и творештвото на Каран. На неодамнешната ревија, вечерните светла на њујоршките домови сјаеја во позадина додека манекенките дефилираа на шоуто „МОЌ и поезија“.

Мрачната ревија одушевуваше со мистериозност и хармоничен танц помеѓу женственоста и мажественоста. Деловниот стил одеднаш доби гламурозен изглед. Финалето го одбележаа сексапилни фустани за кои не е тешко да се претпостави дека ќе ги придобијат холивудските диви.

Дона Каран Дона Каран
Дона Каран Дона Каран Дона Каран Дона Каран Дона Каран Дона Каран Дона Каран Дона Каран Дона Каран Дона Каран Дона Каран Дона Каран

Мајкл Корс

И Мајкл Корс танцуваше помеѓу машкиот и женскиот стил, притоа развивајќи ја идејата за воздржан луксуз. Американскиот дизајнер ја става на пиедестал практичноста и цели да креира облека која жените би сакале да ја носат секојдневно, па се дистанцира од ексцентричност и драматизам.

Стилот на Волис Симпсон во 30-тите години, Барбара Кашинг Палеј и Каролин Кенеди стоеле на ѕидот за инспирација на Корс. „Сите тие жени ја разбираа оваа идеја, знаеја како да играат со јин и јанг“ – рекол популарниот дизајнер, кој на крзното му даде значајна улога во својата модна приказна.

Мајкл Корс Мајкл Корс
Мајкл Корс Мајкл Корс Мајкл Корс Мајкл Корс Мајкл Корс Мајкл Корс Мајкл Корс Мајкл Корс Мајкл Корс Мајкл Корс Мајкл Корс Мајкл Корс

Марк Џејкобс

Уметничкото дело на Џеремаја Гудман од фамозната црвена дневна соба на Дијана Вирланд беше отсликано на ѕидовите на просторијата во која Марк Џејкобс ја прикажа својата нова колекција. Драматичниот изглед на манекенките беше инспириран од стилот на Вирланд, модна колумнистка и уредничка која почина во 1989 година. „Размислував многу за Дијана Вирланд, или не толку за неа, колку за нејзината опсесија и зависност од модата и задоволството и болката кои ги предизвикува таа зависност“ – рекол Џејкобс.

Нијанси типични за машката облека доминираа низ колекцијата, но затоа имаше и многу гламурозни и блескави елементи. Судир на различни текстури и многу развеани плисирани здолништа ги мамеа погледите на публиката.

Марк Џејкобс Марк Џејкобс
Марк Џејкобс Марк Џејкобс Марк Џејкобс Марк Џејкобс Марк Џејкобс Марк Џејкобс Марк Џејкобс Марк Џејкобс Марк Џејкобс Марк Џејкобс Марк Џејкобс Марк Џејкобс
Tags
Њујоршката недела на модата
Њујоршката недела на модата есен зима 2015
колекции есен зима 2015

Најнови

  • Кристина Талеска-Големтеова за патувањето во Париз и Дизниленд

    „Празничен Париз и магичен Дизниленд... Солзите на синот ни беа потврда“: Кристина Талеска-Големтеова за семејното патување

    Sat, 01/03/2026 - 19:35
  • Шминкер од Белград создава неверојатни мејкап трансформации, докажувајќи дека убавината не познава возраст

    Fri, 01/02/2026 - 22:25
  • Модна битка: Александра Пријовиќ во фустан од илјадници евра во кој пленеше и Жизел Бундшен

    Fri, 01/02/2026 - 19:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.