Модни додатоци за новогодишната ноќ
Почетна » Убавина и мода » Мода » Модни додатоци за новогодишната ноќ

Модни додатоци за новогодишната ноќ

Во големата подготовка за новогодишната забава, модните додатоци можеби се последното нешто што ви паѓа на ум, но тоа не треба да биде така. Моќта на аксесоарите е занемарена. Тие можат да претворат едноставна облека во гламурозна само за секунди, а најдоброто е што нема да ве чинат многу скапо.

Доколку вашата облека е доволно светликава и блескава, можеби и не треба да се грижите да трупате премногу модни додатоци врз себе, за да го избегнете моментот „кич“. Но, ако сте избрале поедноставен изглед и трагате по нешто што ќе ве истакне и ќе ѝ даде на облеката стил и новогодишен гламур, тогаш насочете се кон деталите.

Не треба да внимавате аксесоарите да бидат со иста боја како и бојата на вашата облека, дури и се препорачува преку нив да внесете и нова боја во вашиот изглед. Тоа ќе покаже дека сте личност која внимава на деталите.

Убава мала блескава чантичка, интересни хулахопки со дезен, елегантен шал, широк колан кој ќе ја истакне вашата линија или болеро од крзно се само дел од деталите кои се модерни оваа сезона.

Следуваат неколку предлози кои ќе внесат префинетост, елеганција и стил во вашата облека за да станете кралица на новогодишната ноќ.

Модни додатоци Модни додатоци
Модни додатоци Модни додатоци
Модни додатоци Модни додатоци

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9729 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.