Модна треска во Македонија: Фотографии од ревиите на Модниот викенд Скопје
Почетна » Убавина и мода » Мода » Модна треска во Македонија: Фотографии од ревиите на Модниот викенд Скопје

Модна треска во Македонија: Фотографии од ревиите на Модниот викенд Скопје

Минатата недела, на пистите во Скопје, се раскажуваа модните приказни на десетина модни брендови и дизајнери.

На шеснаесеттото издание на Модниот викенд Скопје, кое се одржа под мотото #Stopthetraffik, беа презентирани колекциите за сезоната есен/зима 2017.

Minna Fashion

За првпат на Моден викенд Скопје се претстави Minna Fashion со колекцијата „Love the spark“ која е инспирирана од романскиот стил.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Ателје Коцарева

Ателје Коцарева ја презентираше колекцијата „Art deco“.

„Колекцијата ‘Art deco’ е женствена, деликатна и раскошна затоа што раскажува приказна за токму таква, безвременска жена изразена преку софистицирана, гламурозна, а смела визија. Секое парче е индивидуализирано, изработено од уникатни материјали (природни пердуви, рачни везови) и на посебен начин го осликува совршениот стил на 20-тите години“ – вели Моника Коцарева.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Walone fashion group

Косовската модна куќа Walone fashion group прикажа гламурозни вечерни тоалети и венчаници.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

PAPAZ

Дизајнерот Андреј Папаз Ѓоргиевски, кој стои зад модниот бренд Papaz, го привлекуваше вниманието на публиката со колекцијата „Подем на гревот“.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

„Централното место во колекцијата ја зазема приказната за Содома и Гомора, два библиски града, синоними за грев, блуд и разврат. Колекцијата „Подем на гревот“, сугерира со нагласена сексапилност, инспирирана од човековата сексуалност и хедонизам. Силуетата во исто време e провокативна и елегантна, употребени се повеќе видови на еко кожа, свилен жоржет, штоф и чоја. Земајќи предвид каде се смета дека Содомa и Гомора се наоѓале териториски, деталите се преземени од традиционалната облека од Блискиот Исток“ – вели Ѓоргиевски за својата колекција.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Викторија Арсовска

Публиката имаше чест да ја види најновата колекција насловена „Маршот на боговите“, креирана од Викторија Арсовска - VA.

„Ова мое прво самостојно претставување на Моден викенд во Скопје беше вистински предизвик за да се креира за жената во минатото, приказ на храбар чекор на понежниот пол, претставени како дами и бунтовнички истовремено, но и како доилка и војник во една паралела, како љубовница во панталони која ужива во разни разврати и скандали кои се табу теми. На сите посетители им приредив еден поинаков марш на боговите што ми претставува понатамошен поттик за развивање на модната гранка“ - вели Арсовска.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Вториот ден започна со студентите под менторство на дизајнерката Лидија Георгиева од „Институтот за дизајн и инжењеринг на текстил“ на Технолошко-металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје.

„Од идеја за кожурец како прва фаза од развојот на пеперутка, преку трансформација и финална фаза, 2017 година за студентите е одбележана како година во која континуирано се работи на тема Метаморфоза. Тие ги презентираа своите дизајни во три фази, од кои првата беше изложба на скопскиот моден викенд во април. Водени од оваа тема тие развиваа идеи инспирирани од процесот на трансформација, истражуваа разни материјали, повторно соработуваа со идните биотехнолози од ТМФ, па покрај со облека, интерпретацијата на оваа тема ја збогатија со накит од јадлива превлака. Втората фаза беше одбележана со традиционалната модна ревија на ТМФ во Јуни, која беше придружена со изведба на молекуларна храна и пијалаци на катедрата за прехранбена и биотехнологија. За крај, третата фаза е оваа ревија во која е заокружен целиот метаморфозичен процес кој претрпел еволутивни промени низ сите фази“– вели Георгиева.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Marsin

Најновата колекција на Marsin потпишана од Марија Трајанова е наречена „Inside out“. „Главната инспирација доаѓа од најинтимните мисли на жената, која секогаш сака да изгледа како модна икона во својата идеја за самата себе. Убавата долна облека ѝ дава дополнителна самодоверба на жената и јас токму таа самодоверба сакав да ја преточам во колекција и да ја извадам на виделина“ – вели Трајанова.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Сара Реџиќ

Младата дизајнерка Сара Реџиќ за колекцијата „Bohemian rhapsody“ изјави: „Модерната жена и разновидноста на стилови во нашето опкружување преточени во модни парчиња, кои со леснотија се носат на разни пригоди. Топло есенско волшепство од бои, ткаенини и идеи како разновидна слика на еден внатрешен свет на секоја жена.“

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Drama Studio

На овогодишниот Моден викенд Скопје, Drama Studio се претстави со колекцијата „Concept 2020“. „Модните парчиња се лимитирана едиција, поттикнати од секојдневното наше живеење, колку сме ние Андроиди заглавени во електронскиот свет. Станува збор за несекојдневна модна колекција за сегашноста и иднината, творевина за #Concept2020. Колекцијата е ресајклинг, пет френдли и прилагодлива за нашиот пазар со префинет вкус. Драма студио како и секогаш, ќе ви ги отвори чакрите како сонувачи во потрагата по постојано ваше совршенство“ – вели дизајнерката Ивана Кнез.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Алшар

Колекцијата „Калеш Анѓа“, која ја потпишува Силвија Миха од ателјето Алшар, е инспирирана од истоимената книга на Столе Попов и македонските револуционери, особено од жените и нивната борба за слобода и личен избор. „Кроевите и формите на креациите се инспирирани од македонските носии и облеките на нашите револуционери но претставени со асиметрични и авангардни форми, често со изразен волумен и суптилни детали од македонскиот фолклор“ – вели Миха.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Ана Трошиќ Трајковиќ

Српската дизајнерка Ана Трошиќ Трајковиќ со колекцијата „42“ за првпат се претстави пред македонската публика. Креациите се инспирирани од познатиот роман „Автостоперски водич низ галаксијата“ напишан од Даглас Адамс.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Shaleva Couture

Shaleva Couture ја прикажа најновата колекција „French elegance“ инспирирана од барокниот стил и француската мода со креации во црна боја и златни детали.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Sigma Jewelry

Sigma Jewelry ја презентираше најновата колекција инспирирана од богатата традиција, засилена со тонови на розево и бело злато, а истовремено проткаена со модерен изглед, кој ги отвара сетилата на секоја жена. И оваа сезона ни претставуваат уникатни парчиња накит кои симболизираат среќа, женственост и елеганција во хармонија со перфектна изработка и особено внимание на сите вградени детали.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје
Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Ирина Тошева

Модниот викенд заврши со мултимедијална презентација на Ирина Тошева поддржана од topsi.mk.

Циклусот песни за Дениција од Петре М. Андреевски се инспирација за новата колекција есен/зима 2017-2018 на Ирина Тошева. Од љубовта кон жената до родољубието, цел спектар на емоции се преточени во креациите, оставајќи им можност на модните вљубеници самите да ја препознаат својата љубов меѓу нив. Користејќи главно природни материјали како памук и свила низ моделите на Тошева се проткајува естетска приказна што ги премостува модата и поезијата, а излегува надвор од временските рамки.

Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје Моден викенд Скопје

Моден Викенд Скопје оваа сезона ја поддржува глобалната кампања #Stopthetraffik и #GlobalBlanket покрената од британската огранизација „STOP THE TRAFFIK“.

„Желбата да се сменат нештата во текстилната индустрија и неверојатната иницијатива да се соберат милион квадрати од рециклирани парчиња текстил со кои ќе биде сошиена „глобална прекривка“ на свеста за нас беше предизвик на кој со задоволство одлучивме да му се приклучиме. На #GlobalBlanket иницијативата се придружија и дизајнерите учесници со уникатен дизајн кој го испечативме и на маици за поголема видливост на поддршката која ја даваме“ – вели тимот на Моден викенд Скопје.

Анкета

Анкета
Сметате ли дека треба да се продолжи породилното отсуство?
  • 19%
  • 73%
  • 8%
Се испраќа...

(Вкупно: 19638 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.