Лондонската модна недела – колекции пролет/лето 2015
Почетна » Убавина и мода » Мода » Лондонската модна недела – колекции пролет/лето 2015

Лондонската модна недела – колекции пролет/лето 2015

Лондон константно е домаќин на ревии со ексцентрични креации, но гостите на модната недела, која во изминативе денови се одржа во британската метропола, забележаа огромна промена на модната сцена. Дизајнерите го скротија својот бунтовен темперамент, па повеќето од колекциите пролет/лето 2015 се рефлексија на нивниот стремеж кон лежерност и ноншалантен шик.

Фрлете поглед на колекциите кои привлекоа многу позитивни критики.

Burberry Prorsum

Флората и фауната навлегоа во новата модна визија на Кристофер Бејли и го дефинираа концептот на колекцијата „Birds and the Bees“. Фармерската јакна доживеа нова модификација и застана рамноправно до мантилите кои се темел на популарната модна куќа. „Ја обожавам идејата за дивата природа и нешта кои се раѓаат повторно. Помешавме работи кои се многу кревки како деним и габарин со нешта кои се многу фини и деликатни како свила“ – коментирал Бејли.

Фустани и здолништа со слоевито редење на тул, волуменозни пулејки и омбре ефект ги задржуваа погледите на публиката, а како константа низ колекцијата се провлекуваа коланите од тул врзани на начин кој асоцира на букет цвеќе. Високите потпетици се едно големо „НЕ“ за следната топла сезона. Како и многу други креатори, и Бејли ги стави на пиедестал патиките, но им даде шанса и на ретро сандалите.

Burberry Burberry

Temperley London

Јапонската еротска уметност ја освои имагинацијата на Алис Темперли. „Девојката The Temperley е порелаксирана и со многу секси однесување“ – изјавила англиската креаторка. Долги кимона и динамични принтови потсетуваа на јапонската култура, но костумите беа клучното парче облека во колекцијата.

Темперли не крие дека нејзина нова опсесија се костумите, а целта ѝ е да им даде стилска насока на дамите од деловниот свет. И армијата манекенки на Темперли дефилираше по патики.

Temperley London Temperley London

Том Форд

Винтаж колекција фотографии од Карло Молино го фрли Том Форд во нова модна приказна, но славниот дизајнер се наврати и на свои креации од 90-тите години, кога го држеше кормилото во Гучи.

Гламурозните рокерки кои Форд ги испрати на пистата танцуваа на границите на умерениот сексапил и еротизам и перверзност.

Tom Ford Tom Ford

Давид Кома

Кома си поигра со асиметрични силуети, ребрести текстури, геометриски транспарентни панели и колоритни ленти и посочи дека пронашол инспирација во делата на холандскиот уметник Пит Мондријан.

Спортски елементи се протнаа во креациите посакувани од жените кои не се воздржуваат да ја истакнат својата линија.

David Koma

Џулиен Мекдоналд

Екстравагантните креации на Мекдоналд се микс од тетоважи и цвеќиња, а се инспирирани од сирени. „Таа живее во тропски мориња со цвеќиња и скокачки риби и примамува тетовирани мажи на дното на океанот“ – рекол Џулиен, напомнувајќи на талентот на сирените да ги заведуваат морнарите со пеење.

Највпечатлива е невестинската креација на Мекдоналд, која чини околу 3,8 милиони евра, а е декорирана со дијаманти и бисери.

Julien Macdonald Julien Macdonald

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 14%
  • 22%
  • 65%
Се испраќа...

(Вкупно: 5081 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.