Капите – задолжителни во зима
Почетна » Убавина и мода » Мода » Капите – задолжителни во зима

Капите – задолжителни во зима

Иако снегот сè уште не си го покажал својот раскош кај нас, зимските аксесоари како капи, шалови и ракавици веќе се дел од женската, па и од машката облека.

Зимските аксесоари не смеете да ги пренебрегнете. Тие имаат двојна функција - освен што нè штитат од студот и снегот, ни даваат уникатност и стил. Ако имате развиена фантазија, само за малку пари можете да направите да изгледате како од модна писта со помош на аксесоарите.

Зимската капа е највпечатлив аксесоар кој го привлекува вниманието кон лицето. Некои ги избегнуваат капите, поради тоа што сакаат да ја зачуваат својата фризура. Но, од друга страна, нема ништо подобро од зимската капа ако сакате да ја сокриете лошата фризура, а тоа што сте женско ви дава привилегија да останете со капа на глава и во затворена просторија.

Денес постои огромен избор на капчиња, а најдобро е тоа што се застапени скоро сите стилови. Нема ограничувања, единствено вие треба да решите каков стил сакате и да ја сообразите капата со формата на вашето и лице и фризурата.

Еве ги нашите предлози.

Едноставни и секојдневни

Новогодишни капиМногу често убавината се крие во едноставноста. Овие капи одговараат на секојдневниот лежерен стил на облекување. Ако продавниците не нудат нешто што ќе ја покаже вашата индивидуалност, купете едноставна капа и ставете на неа „свој потпис“. Тоа можете да го направите ако зашиете од едната страна панделка или изработите некаква фигура од мониста. Така ќе имате уникатна капа која со гордост ќе ја носите.
Изберете капа која ќе внесе боја во вашата облека. Не се ограничувајте да имате капа со боја како вашата облека, можете да ја искористете капата за да ѝ дадете свежина на темната гардероба.

Елегантни и романтични

Зимски капиАко сакате со помош на капата да ја истакнете елегантноста на вашиот стил, тогаш изберете некоја од овие капи или ако сакате наречете ги мали шеширчиња. Доколку сте љубителка на класичните палта, особено долгите, овие романтични модели се одлично решение за вас. Одговараат и за дневно и ноќно излегување, а со нив ќе изгледате како права дама.
Ако сметате дека сите продавници ги нудат истите капи, а вие сакате да се издвоите од другите, искористете ја својата фантазија и направете го вашето шеширче единствено. Купете свилена лента и врзете ја околу капата, оформувајќи на едната страна панделка. Или ставете интересен брош. Верувајте, ќе останете во центарот на вниманието.

Практични и забавни

Зимски капиДоколку сте од оние кои поголем дел од денот се излезени, тогаш вам ви е потребна удобност и топлина. Со овие предлози ем што ќе го постигнете тоа, ем ќе покажете дека знаете како да го споите модерното со практичноста.
Крзното е повторно на мода оваа сезона, само со таа разлика што веќе не е модерно природното крзно. Славните личности се насочија кон вештачко крзно за да го искажат својот протест кон искористувањето на животните. Купете си капа со многу крзно или слушалки за уши и додека другите замрзнуваат, вие ќе можете без проблем да шетате и да уживате во снегот.

Изберете капа која го покажува вашиот карактер и која ви помага да изгледате поубаво. Сите овие капи нема да изгледаат подеднакво убаво на една иста жена. Затоа, насочете се кон капа која го акцентира вашиот стил и ве прави едиствени.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9729 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.