Инспирација од Александар Македонски, од љубовта кон баба... Ревиите на третиот ден од Скопски моден фестивал
Почетна » Убавина и мода » Мода » Инспирација од Александар Македонски, од љубовта кон баба... Ревиите на третиот ден од Скопски моден фестивал

Инспирација од Александар Македонски, од љубовта кон баба... Ревиите на третиот ден од Скопски моден фестивал

Синоќа, во Скопје Сити Мол се одржаа последните ревии од првото издание на Скопскиот моден фестивал. Три модни брендови ги подигнаа завесите на таинственоста и ги претставија колекциите на кои работеа изминатиот период.

Стефанија Насеска

Стефанија ја претстави колекцијата за пролет/лето 2022 насловена „The Great“, која е инспирирана од Александар Македонски и целосно модно преведена и прилагодена на современите модни трендови.

„Оваа колекција е со посебно значење за мене бидејќи го одбележува 10-годишниот јубилеј од прикажувањето на мојата прва самостојна колекција. И токму поради тоа изборот за инспирација паѓа на лик кој според мене претставува моќ“ – вели Насеска.

Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска

Колекцијата претставува восхит кон ликот и приказ на космополитски залагања и погледи на Големиот Александар кон светот, а поради јубилејната десетка во оваа колекција има елементи од секоја претходна.

„Доколку ме запрашате зошто токму Александар и таква скокотлива тема ќе одговорам дека уметноста и креативноста не препознаваат граници и според мене тој е лик со кој треба да се гордее цел Балкан. Прифаќање и почит кон различностите тоа е она кое нас како луѓе не прави големи или The Great“ – додава таа.

Токму тоа и го асоцира различноста и шаренилото на материјалите кои се инспирирани од античките мозаици. Како детали се среќаваат лавот и сонцето, а исто така и преовладува белата боја, овие и многу други елементи се заштитни симболи на античкото македонско кралско семејство.

„Дури и панделките во колекцијата не се ставени случајно, туку тоа е моден превод на тројните-дупли секири кои се симбол за авторитет. За колекцијата концептуално да биде издржана изработив ташни во форма на штитови со утре модерен 'patchwork' дизајн и шлемови во форма на лавовска глави“ – појаснува модната дизајнерка.

Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска Стефанија Насеска

Катерина Зото

Албанската дизајнерка Катерина Зото ја презентираше својата колекција „Grandma touch“, инспирирана од поврзаноста со нејзината баба. „Оваа колекција е романтична и како излезена од соништата и може да се наследи низ различни генерации бидејќи е безвременска, а ткаенината изгледа малку античка“ - пишува Зото.

Катерина Зото Катерина Зото Катерина Зото Катерина Зото Катерина Зото Катерина Зото Катерина Зото Катерина Зото Катерина Зото Катерина Зото Катерина Зото Катерина Зото Катерина Зото Катерина Зото Катерина Зото Катерина Зото Катерина Зото Катерина Зото Катерина Зото Катерина Зото

Емили Ексклузив Дизајн

Емили Пишева Гоџирова ги мамеше погледите на присутните со свечени вечерни фустани.

Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн Емили Ексклузив Дизајн

Денес ќе започне вториот дел од фестивалската програма со отворање на тринеделен шоурум во Скопје Сити Мол.

Анкета

Анкета
Колку често купувате онлајн?
  • 37%
  • 30%
  • 17%
  • 16%
Се испраќа...

(Вкупно: 1927 гласа)

Цитат

ПЕЈ како никој да не те слуша, ЉУБИ како никогаш да не си бил повреден, ТАНЦУВАЈ како никој да не те гледа и ЖИВЕЈ како на Земјата да е рај.

Непознат автор

Виц

Разговараат сопруг и сопруга:

Тој: Пак ми ја имаш „исчистено“ сметката.

Таа: Па да, затоа што те сакам.

Тој: Каква врска имаат парите со љубовта?

Таа: Знаеш како велат - Чиста сметка, долга љубов.