Ни претстои весел период исполнет со забава и релаксација – конечно започнува сезоната на празниците! Во слободното време што ќе ви го донесат празничните денови, експериментирајте со својот изглед за да изгледате зашеметувачки привлечно на секоја забава.
Во текот на подготовките за лудите ноќи, не смеете да го занемарите изгледот на ноктите. За со гордост да ги покажувате вашите раце, ви предлагаме интересни идеи за маникир, инспирирани од празничната атмосфера и магијата на зимата, кои се резултат на креативните умови на блогерки од целиот свет. Убавото е што тие изгледаат воодушевувачки, а се едноставни за правење, па ќе можете да ги испробате дури и да не сте експерти за украсување на нокти.
Застанете ги снегулките на вашите нокти со едноставно користење на син, бел и светликав лак за нокти и чепкалки за заби.
Потсетете се на детството со сладок и забавен маникир кој наликува на вкусните црвено-бели бастунчиња. Видеото е само еден од начините за да го направите овој тип на маникир. Можете да не ставате црвени светулки за да не изгледа премногу натрупано.
Уловете ја убавината на ведрото ѕвездено небо со помош на лесен маникир кој ќе го направите со апликатор за сенки за очи.
Еве уште една варијанта на ѕвезденото небо, само што изгледа посвечено и полесно ќе се вклопи во повеќе модни комбинации.
Ако сакате забавен изглед на вашите нокти, украсете ги со капата на Дедо Мраз. За да изгледа попрефинето, нацртајте капа само на по еден нокот на секоја рака, а останатите лакирајте ги со црвен лак.
Полумесечините веќе неколку сезони се популарен тренд кај ноктите. Многу се едноставни, а делуваат ретро и шик. Комбинирајте различни бои и нијанси или одлучете се за класичните црно-бели или црвено-бели комбинации.
Сакате едноставен изглед на вашите нокти? Еве кои бои и нијанси се меѓу празничните трендови:

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (44)
ke isprobam nekoi od niv
Многу се лесни за правење!
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.