7 совети за домашните маски за лице
Почетна » Убавина и мода » Лице » 7 совети за домашните маски за лице

7 совети за домашните маски за лице

Маска за лицеДомашните маски за лице треба да се приготвуваат непосредно пред употреба.

Маските за лице ѝ придаваат здрав и свеж изглед на кожата. Светски познатите компании нудат безброј маски со различен состав. Наша задача е да избереме маска, која одговара на нашата возраст, тип на кожа и куповни можности.

Постои и втора варијанта - да се забавуваме со она што ни го дава природата. Фрижидерот е местото каде се кријат сите состојки, кои ви се потребни за вашата кожа да блеска.

Правењето на домашни маски во друштво е секогаш забавно. Но, пред да започнете со забавата, еве неколку совети, кои ќе ви помогнат правилно да ги искористите даровите од природата.

  1. Приготвувајте ги маските пред употреба. Домашните маски треба да бидат приготвени од добро измиени плодови и зеленчуци и непосредно пред да бидат искористени.
  2. Оставете ги да дејствуваат онолку колку што е препорачано. Најчесто маските за лице треба да дејствуваат 15-20 минути.
  3. Релаксирајте се. Времето во кое маската дејствува, поминете го во легната положба. Најдете си време за себе и опуштете се.
  4. Нанесувајте ги само на внимателно исчистена кожа. Ако имате повеќе време, најдобро е прво да направите парење на лицето. Натопете една крпа во топла вода, исцедете ја и оставете ја да стои на лицето 2-3 минути.
  5. Нанесувајте ги прецизно. Маската не треба да се нанесува во областа околу очите, веѓите и усните.
  6. Отстранувајте ги внимателно. Најчесто се отстрануваат со млака вода, но ако сакате во некои случаи може да користите и чај од камилица.
  7. Нека ви станат навика. За да постигнете ефект, користете домашни маски секогаш кога ќе имате прилика. Се разбира, мрсното лице има најголема потреба од нив – минимум 2 пати во неделата.

Анкета

Анкета
Каде ќе го прославите доаѓањето на 2019 година?
  • 11%
  • 54%
  • 4%
  • 12%
  • 1%
  • 18%
Се испраќа...

(Вкупно: 6162 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.