Почетна » Убавина и мода » Лице » Како до меки и заводливи усни?

Како до меки и заводливи усни?

Нема ништо попривлечно од женската насмевка. Но, сувите испукани усни можат да го направат смеењето болно. Освен што предизвикуваат болка, сувите усни предизвикуваат неудобност и воопшто не се привлечни. Затоа, дознајте кои се причините за појавата на суви и испукани усни и како да ги направите меки, мазни и заводливи.

Убави усниЖенската насмевка е меѓу првите нешта кои ги забележуваат мажите, па затоа секогаш треба да биде присутна на вашето лице.

Причини за појава на суви усни

Повеќето луѓе страдаат од испукани усни. Сувите усни можат да бидат резултат на повеќе фактори, а повеќето од нив можат да бидат избегнувани.

  • Дехидратација. Најчестата причина за појавата на суви усни е многу едноставна – дехидратацијата. Доколку телото нема доволно вода, тоа ќе го покаже тој недостиг.
  • Сонце. Кожата на вашето тело значително се оштетува од сонцето, а усните не се исклучок.
  • Ветер. Доколку ги оставите усните незаштитетни, а има силен ветер, ризикувате да се исушат и да испукаат.
  • Недостаток на витамини и минерали. Особено треба да внимавате на внесувањето на витамини А, Б, Ц и железо. Недостатокот на железо во крвта (анемијата) може да биде причина за појавата на испукани усни.
  • Постојано лижење на усните. Доколку постојано ги лижете вашите усни, со тоа вие не им ја давате потребната влажност. Напротив, ќе ги направите уште посуви.
  • Козметика. Некои кармини и балсами за усни ги сушат усните. Бидете внимателни во изборот на козметика. Избегнувајте балсами за усни кои содржат фенол и камфор.
  • Дишење на уста. Доколку имате затнат нос или поради друга причина дишете со уста, тогаш најверојатно ќе имате суви усни.
  • Пушење. Повеќето пушачи знаат дека оваа штетна навика им носи многу непријатни последици. Дел од тие последици се и сувите усни и лошиот здив.
  • Зачинета храна. Зачинетите храни, како и сокот од цитрон, можат да доведат до сушење и иритација на усните.
  • Лекови. Иако некои лекови не доаѓаат во контакт со усните, можат да предизвикаат нивно сушење.

Како до меки и зaводливи усни?

Ексфолијација

Убави усниМногу е важно нежната кожа на усните да се ексфолира неколку пати неделно, да се негува со мед, алое вера, краставица и да се заштитува со балсам за усни.

Ексфолијацијата е многу важна за одржувањето на убава кожа. Поради тоа што се многу понежни од останатата кожа, усните бараат дополнителна грижа. Ексфолијацијата на усните е добро да се применува 2-3 пати неделно.

  1. Премачкајте ги вашите усни со вазелин. Оставете го да дејствува 2-3 минути.
  2. Земете мека четка за заби и нежно тријте ги усните со кружни движења.
  3. Четката за заби ги ексфолира усните, а вазелинот им ја дава потребната влажност. Откако ќе завршите, оставете дел од вазелинот на усните.

Четката за заби можете да ја замените со шеќер или крупно мелено кафе. Сè што треба да направите е да ги помешате со вазелинот и ќе добиете еден вид на пилинг.

Домашна нега на усните

Измешајте 1 с.л. глицерин со 1 с.л. сок од лимон и 1 с.л. рицинусово масло. Со добиената течност премачкувајте ги усните пред легнување. Остатокот од течноста чувајте го во фрижидер.

Скоро и да нема човек кој нема слушнато за ползите на медот за кожата. За меки и нежни усни, секоја вечер пред легнување премачкувајте ги усните со мед.

Краставицата може многу да ви помогне доколку страдате од суви испукани усни. Таа е составена 90% од вода, што значи дека може да им даде влажност на усните. Едноставно земете парче краставица и поминете со него преку усните.

Гелот од алое вера е одличен сојузник за убава кожа. Тој може да ви помогне да се ослободите од сувите усни. Нанесете навечер пред легнување или во текот на денот. За тоа време не ги лижете усните. Оставете го да дејствува 45 минути.

Совети

  1. Заборавете на лижењето. Плунката во себе содржи ензими кои се предназначени да го започнат процесот на разградување на храната. Тие ензими можат да ѝ наштетат на тенката кожа на усните.
  2. Пијте многу вода. Пиењето доволно количество вода не дозволува телото да биде дехидрирано.
  3. Заштитете ги усните од сонце или ветер. Користете балсам за усни со висок заштитен фактор ако планирате да го поминете денот под зраците на сонцето. Балсамот за усни ја заштитува кожата на усните и од ветер.
  4. Внимавајте на својата диета. Внесувајте доволно витамини и минерали, особено железо и витамини А, Б и Ц.
  5. Избегнувајте го кофеинот, алкохолот и пушењето. Алкохолот и кофеинот водат до дехидратација на телото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10402 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.