Почетна » Убавина и мода » Коса » Ревитализирајте ја косата по летниот одмор

Ревитализирајте ја косата по летниот одмор

Летната забава на плажа за жал има и негативен ефект врз нашата убавина. За да го намалиме тој ефект, најчесто ставаме крем со заштитен фактор на кожата, но забораваме да ја заштитиме косата. По топлите денови поминати под сонцето и во допир со солта и хлорот од водата, косата станува сува, кршлива, без сјај, со еден збор – безживотна.

Убава женаПрвиот чекор кон обновувањето на косата е потстрижувањето на расцветаните врвови

Доколку и вие се забавувавте безгрижно под силното сонце, сега ќе треба да се соочите со предизвикот за обновување на вашата коса и за враќање на нејзиниот сјај и природната влажност. За да ви помогнеме, еве неколку совети кои ќе ве донесат поблиску до целта:

  • Потстрижете се. Што и да правите, какви и скапи продукти и да користите, нема да можете да ги „излечите“ расцветаните врвови на косата. Под дејство на сонцето косата побрзо се оштетува и пука, па кога ќе се вратите од долгоочекуваниот летен одмор, закажете си термин кај вашиот фризер. Доколку не сакате голема промена, потстрижете ги само оштетените врвови, затоа што тие како вирус се шират нагоре по влакното и прават вашата коса да изгледа неуредно.
  • Не ја мијте косата секој ден. Додека бевте на одмор, сигурно ја миевте косата секој ден, можеби и по неколку пати. Сега дајте ѝ одмор од силните шампони и мијте ја секој втор ден или ако можете и поретко. Така ќе ја зачувате нејзината природна влажност, бидејќи нема да ги измивате природните масла што се лачат од скалпот на главата.
  • Не користете фен или преси. Во текот на летните месеци слободно можете да ја пуштите косата да ви се исуши природно, без притоа да настинете. Врзете ја косата во плетенка и оставете ја така да се исуши. Ќе добиете прекрасна брановидна коса, којашто е секси и модерна.

Најдобриот начин да внесете блесок во вашата коса е да си приготвите природен коктел или смеса и да ја нахраните косата. Еве неколку рецепти:

За мека и свилено нежна коса

  • ½ банана
  • ¼ диња
  • 1 супена лажица маслиново масло
  • 1 супена лажица јогурт

Испасирајте ги состојките (најдобро е да ги ставите во блендер). Нанесете ја добиената смеса на влажна коса, којашто претходно сте ја измиле со шампон. Започнете со нанесување од корењата и движете се кон врвовите на косата.

Оставете ја смесата да дејствува 30 минути, а потоа измијте ја со млака вода.

За поголема хидратација

  • 1 супена лажица сок од лимон
  • 1 супена лажица маслиново масло
  • 1 супена лажица мајонез
  • 3 јајца
  • 3 супени лажици шампон

Измешајте ги сите состојки додека не добиете хомогена смеса. Искористете ја смесата како шампон, така што ќе ја нанесете на целата коса и ќе го масирате скалпот 2-5 минути. Измијте со топла вода.

За длабоко регенерирање

  • 180ml. екстра девствено маслиново масло
  • ½ чаша издробени суви лисја од рузмарин

Ставете ги маслото и лисјата од рузмарин во ѓезве и загрејте ги на тивок оган. Маслото треба да се затопли, но да не биде жешко.

Прецедете го маслото за да го отстраните рузмаринот и нанесете го прво на скалпот, а потоа надолу кон врвовите на косата. Ако имате нормална коса, нанесете само малку масло во областа на скалпот, а ако имате сува коса, нанесете темелно. Исчешлајте ја косата за маслото да се нанесе рамномерно.

Врзете ја косата високо на главата и ставете најлонска капа. Потоа, натопете една крпа со многу топла вода и завиткајте ја на главата. Оставете го маслото да дејствува 20 минути и измијте ја косата два пати со шампон и топла вода.

Не е потребно да плаќате за скапи третмани за да имате убава сјајна коса. Потребно е само да имате желба и да одделите дел од вашето време за грижа на косата.

Коментари (8)

9794
15:44, 16 август 2010г. #
Корисни совети:) Thanks;)
14466
16:43, 16 август 2010г. #
a ova vtoroto ke si go napravam posle :))
10556
14:08, 19 август 2010г. #
Што е девствено?
10556
14:10, 19 август 2010г. #
Неможи со обично маслиново масло ?
15075
15:18, 24 август 2010г. #
Не со обично маслиново масло
15081
19:13, 24 август 2010г. #
go probav toa 2-to i super mi bese kosata:))
26411
17:15, 11 јули 2011г. #
Девојки јас би Ве замолила да ми кажете, ако знаете нормално, некој начин за исправување на косата без разлика дали е некој спреј, шампон итн. Само да не е пегла за коса дека стварно ми е смачено веќе :)
27582
23:05, 20 август 2011г. #
Повели :
http://www.femina.mk/убав

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy

АКТУЕЛНО на ФОРУМОТ

Анкета

Анкета
Колку чинеле најскапите обувки кои некогаш сте си ги купиле?
  • 29%
  • 17%
  • 25%
  • 13%
  • 6%
  • 9%
Се испраќа...

(Вкупно: 12045 гласа)

Цитат

Мажите секогаш сакаат да бидат првата љубов на жената. Жените сакаат да бидат последната романса на мажот.

Оскар Вајлд

Виц

Кога една жена вели „Што?!“, тоа не значи дека не слушнала што ѝ кажал соговорникот. Тоа значи дека му дава шанса да го промени она што го кажал.

Мода

Мода

Хороскоп

forum.femina.mk

Хуманост

Site Meter