Почетна » Убавина и мода » Коса » Како до поголем обем на косата?

Како до поголем обем на косата?

Секоја фризура изгледа поубаво ако има доволно обем. За тие што мечтаат за поголем обем на косата, еве неколку совети:

Коса со обемЗа поголем обем, фенирајте ја косата со голема тркалезна четка.
  • Направете си руси прамени. Еднобојната коса секогаш изгледа потенка. За визуелно да го зголемите обемот на косата, направете си руси прамени или прамени во друга боја, во зависност од бојата на вашата коса. Прамените се истакнуваат и ѝ даваат повеќе обем на вашата фризура.
  • Користете витлери или фигаро. Со помош на витлери или фигаро за големи локни, можете лесно да ѝ дадете обем на косата. Не е задолжително да ја виткате целата коса. Ставете витлери само во горниот дел на главата.
  • Користете производи наменети за поголем обем. Денес постојат стотици, ако не и илјадници производи чија намена е да ѝ даваат обем на вашата коса. Тргнувајќи од шампони, регенератори, гелови, па се до пени за коса, имате голем избор. Изберете си производ што ќе ви одговара и радувајте се на обемот.
  • Истрижете се на слоеви. Оваа фризура не излегува од мода. Супер е како за права, така и за виткана коса. Покусите прамени во горниот дел на главата ѝ даваат одличен обем на косата. Не претерувајте со кратките прамени. Ако се премногу кратки, може да изгледате смешно.
  • Фенирајте се со тркалезна голема четка. Користете ја топлината од фенот, заедно со голема четка, за да ѝ дадете обем на вашата коса. Додека се фенирате четката нека биде што поблиску до скалпот. Кревајте ја косата нагоре. Ако не сакате да користите четка, сушете ја косата со главата наведната надолу.

Коментари (1)

23:09, 06 февруари 2012г. #
Aaaa ne znaev za ova so pramenive. A ova so figaro samo poveke ke ja unistuvame kosata.

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy
Реклама

ПРЕПОРАЧАНО од FACEBOOK

Анкета

Анкета
Во вашиот плакар доминираат:
  • 42%
  • 58%
Се испраќа...

(Вкупно: 9945 гласа)

Цитат

Не знам кој ги измислил високите потпетици, но сите жени му должат многу.

Мерилин Монро

Виц

Жената му се јавува на мажот:

– Каде си?

– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?

– Аууу, да!

– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.

Site Meter