Рака | Соновник
Соновник

Рака

Внимавајте! Имате силна конкуренција која нема да бира средства за да ве победи.

Ако подавате рака некому

Ќе имате потреба од помош.

Ако ви ја ампутираат раката

Ќе загубите близок пријател.

Ако рацете ви се многу влакнести

Среќата ќе ве следи постојано. Периодов е поволен за играње лотарија.

Ако имате повеќе од две раце

Ќе бидете навредени од личност од која не сте очекувале такво нешто.


Вашата лева рака

Во некоја ситуација ќе дејствувате емоционално и ќе постапите нелогично, дури и глупаво.

Вашата десна рака

Ќе најдете нова работа и ќе ја стабилизирате вашата финансиска состојба.

Прекрстени раце

Ви претстојат непријатни моменти во семејството или тешкотии во комуникацијата со луѓето.

Убава женска рака

Ви претстои радосен настан.

Повредена рака

Ќе претрпите загуба.

Скршена рака

Некоја ваша блиска личност ќе се разболи.

Рака без прсти

Нема да имате можност за избор.

Отсечена рака

Ќе остварите заработка.

Рака од мртовец

Ќе најдете или ќе добиете многу пари.

Црна рака

Ви претстои период на сиромаштија.

Крвава рака

Ќе најдете решение за некој ваш голем проблем.

Многу долги раце

Ќе бидете измамени.

Многу куси раце

Ве очекува несреќен период.

Чисти раце

Вашите пријатели ќе ви ја докажат лојалноста кон вас.

Нечисти раце

Ви претстојат тешки мигови.

Силни раце

Ќе преземете многу ризичен чекор.

Слаби изнемоштени раце

Ќе се разболите.

Златни раце

Ќе ве снајде несреќа.

Зацрвенети раце

Ќе заработите многу пари, но на нечесен начин.

Анкета

Анкета
Дали си го променивте однесувањето во врска со ракување, миење на рацете, допирање на лицето и одржување на социјална дистанца во услови на коронавирус?
  • 95%
  • 5%
Се испраќа...

(Вкупно: 3341 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?