Децата растат и се менуваат со брзо темпо. Кога вашето дете ќе навлезе во чудниот и возбудлив период наречен адолесценција, настапуваат огромни промени кон кои вие сакале или не, мора да се прилагодите.
Тинејџерските години се најголем предизвик за родителите и нивните методи и стратегии за воспитување. Тогаш престануваат да важат правилата со кои сте го контролирале однесувањето во детските години и се создава неопходност од создавање на нови правила.
Покажете разбирање и почит кон размислувањата на вашиот тинејџер
Во една хаотична атмосфера кога хормоните го менуваат вашето дете и неговото однесување, лесно е да започнете да правите грешки при воспитувањето кои ќе ви го отежнат поминувањето низ тој бурен период. Еве кои грешки треба да ги избегнете кога вашето дете ќе стане тинејџер:
Не слушате и не покажувате разбирање. Ако сакате почит од вашиот тинејџер, треба и вие да му ја дадете. Разберете, тој веќе не е дете, туку возрасна и многу чувствителна личност. Никогаш не треба да му пријдете со ставот: „Што знаеш ти? Ти си уште дете, треба да ме слушаш мене“. Слушнете што има да каже, за и тој да ви возврати со иста мера.
Освен тоа, многу родители забораваат на своите тинејџерски години и тргнуваат да го разберат однесувањето на нивното дете од гледна точка на разумна возрасна личност со големо животно искуство. Многу подобро ќе го разберете однесувањето на вашиот тинејџер ако со размислувањето се вратите назад во годините кога вие сте биле на таа возраст.
Не сте цврсти и постојано ги менувате правилата. Тинејџерите се многу итри и веднаш кога ќе почувствуваат дека има шанси да ве „омекнат“, ќе ги искористат своите способности за манипулирање за да го добијат она што го сакаат. Вие може дури и да не забележите како по петминутни преговори тој/таа ќе ве убеди да му/ѝ дозволите да направи нешто што во други услови би го забраниле.
Особено е важно и двата родитела да бидат на иста фреквенција. Многу лош сигнал за детето е едниот родител да е попустлив, а другиот строг. Дефинирајте ги со вашиот партнер основните правила за да можете подеднакво да реагирате.
Премногу сте строги и го ограничувате. Навистина треба да се придржувате кон своите правила, но тие правила треба да бидат рационални и не премногу строги. Тинејџерите чии родители се престроги и ги ограничуваат до толку што нивниот живот не наликува на животот на нивните врсници, започнуваат да развиваат чувства на одбивност и лутина. Преголемото ограничување може еден ден да им се врати на родителите како бумеранг, затоа што во првата прилика кога тинејџерот ќе почувствува малку слобода, може да започне да ја злоупотребува.
Мора да има правила кои подлежат на преговори. На пример, кога вашиот тинејџер е на роденденска забава кај близок пријател и побара да остане еден час подоцна од вообичаеното, нема да погрешите ако му дозволите.
Растењето и воспитувањето на децата, особено во тинејџерските години, бара голема посветеност и желба да се постигне рамнотежа помеѓу покажувањето авторитет и покажувањето љубов. Настојувајте да ја постигнете таа рамнотежа за да создадете атмосфера на отворена и искрена комуникација.

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (12)
Мора да има правила кои подлежат на преговори. На пример, кога вашиот тинејџер е на роденденска забава кај близок пријател и побара да остане еден час подоцна од вообичаеното, нема да погрешите ако му дозволите. ''
би сакала моите да не беа тооооолку строги.:(
Ќе го испринтам и ќе им го залепам на врата за секогаш кога ќе пројдат да си се потсетуваат!! :P :D
Затоа тинејџерите се оставени сами на себе, прават што сакаат и се осеќаат несакано од страна на родителите.
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.