11 нешта кои среќните мајки не ги прават
Почетна » Семејство » Дете » 11 нешта кои среќните мајки не ги прават

11 нешта кои среќните мајки не ги прават

Сите знаеме, мајчинството не е лесно. Но, помеѓу морето од домашни обврски, грижата за уште еден или неколку животи, организирањето на времето и просторот и грижата за себе, едни мајки успеваат да бидат посреќни од други.

А факт е дека среќна мајка расте среќно дете.

Мајка

Еве кои нешта среќните мајки не ги прават:

Не ја оценуваат сопствената вредност врз основа на туѓото мислење. Луѓето секогаш ќе имаат „добронамерни совети“ (читајте критики) кон вас за начинот на кој го храните, облекувате, воспитувате, бањате и негувате вашето дете, но она што вие треба да го направите е да не дозволувате тие забелешки да ви предизвикаат чувство на вина и да ве наведат на помислата дека сте лоша мајка. Не сте! Секоја мајка е најдобра за своите деца, дури и кога прави грешки. Среќните мајки знаат дека не можат да одговорат на сите туѓи очекувања и не се ни обидуваат.

Не се споредуваат себеси со другите мајки. Туку се прифаќаат онакви какви што се.

Не се изолираат од светот откако ќе станат мајки. Среќните мајки не го жртвуваат својот друштвен живот откако ќе добијат дете, затоа што знаат колку се скапоцени пријателките. Одвреме-навреме тие ги оставаат децата со тато или баба за да се „издуваат“ на час-два со пријателките. Не е грев да поминувате време подалеку од децата.

Не одбиваат прегратка. Туку максимално ги користат и ценат малите моменти кога нивното детенце сака да ги прегрне. Тие никогаш не ги разочаруваат подадените рачиња за да свртат уште еден телефонски број или да ги извадат алиштата од машината, туку им возвраќаат. Среќата честопати се крие во ситниците.

Мајка

Не очекуваат да имаат совршено уреден дом. Зарем некој може да има идеално подреден и чист дом кога има мало дете во него? Се разбира дека не. Децата се нескротлива сила која уништува играчки, рони трошки, чкрта ѕидови, турка полни чаши без оглед каква течност има во нив... Тие можат да го претворат и најуредниот дом во вистински хаос за само неколку часа. Не ги оценувајте вашите мајчински квалитети според изгледот на вашиот дом.

Не ги исмеваат другите мајки, туку им помагаат. Луѓето зборуваат лошо за другите само кога се несреќни.

Не пропуштаат да седнат на подот за да си поиграат со своите деца. Среќните мајки се смеат наглас и си дозволуваат да бидат детинести. Кога последен пат „лудо“ сте танцувале со вашето дете, не грижејќи се дали некој ве гледа? Кога последен пат сте биле авион, мечка, куче или коњче? Заборавете на нечистите плочки во кујната и разбудете го повторно детето во себе.

Мајка

Не ја оставаат приказната недочитана за да ги измијат валканите садови. Колкупати ви се случило да ви светне дека имате заостаната обврска додека му читате на вашето дете и одеднаш да „скокнете“ за да ја завршите? Среќните мајки не се чувствуваат виновно поради садовите во мијалникот или необесените мокри алишта, зашто знаат дека тие нема да одат никаде. Тие умеат да ги поттурнат обврските за да се забавуваат со своите малечки. Запомнете: „Деновите се долги, но годините се кратки“.

Не очекуваат совршен ден... туку реален ден. Мајчинството е несовршено, но е прекрасно.

Не ги занемаруваат сопствените интереси. Среќните мајки имаат свои хобија и интереси кои им овозможуваат релаксација. Градинарство, фитнес, трчање во паркот... Најдете што ве усреќува, а потоа одделувајте си време за тоа.

Не живеат во каење. Како мајка, неизбежно ќе направите грешка. Можеби ќе му се развикате на вашето малечко без тоа да е воопшто виновно или ќе му дозволите да игра подолго време на таблетот за да завршите некоја обврска. Заборавете на каењето, бидејќи тоа е сигурен пат кон несреќа.

Научете да уживате во малите скапоцени моменти кои само мајчинството може да ви ги понуди и користете ја секоја прилика за да им покажете на вашите деца колку многу ви се важни. Тоа е она што ќе ве направи среќна мајка.

Запомнете дека вашето дете не сака совршена мајка, вашето дете само сака среќна мајка.

Анкета

Анкета
Каква беше 2016 година за вас?
  • 21%
  • 44%
  • 35%
Се испраќа...

(Вкупно: 11566 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.