10 заповеди за родители од педагогот Јануш Корчак кој одби да се спаси и умре со сираците за кои се грижеше
Почетна » Семејство » Дете » 10 заповеди за родители од педагогот Јануш Корчак кој одби да се спаси и умре со сираците за кои се грижеше

10 заповеди за родители од педагогот Јануш Корчак кој одби да се спаси и умре со сираците за кои се грижеше

Никој не би можел да остане рамнодушен на животната приказна на Јануш Корчак, Полјакот кој неколкупати одби да се спаси од смрт во концентрационите логори и загина заедно со сирачињата од сиропиталиштето во кое беше директор.

Јануш Корчак е познат полски педагог, педијатар и детски писател, кој 30 години раководел со дом за деца без родители што сам го основал. Едуцираниот Евреин е познат по својата работа во областа на детскиот развој и психологијата.

Но, големината на Корчак не се состои само во тоа. Јануш Корчак е и првиот познат застапник за правата на децата во Полска и од неговите раце се напишани едни од најубавите правила и совети за воспитувањето на децата.

Јануш умрел во 1942 година откако претходно трипати одбил да си го спаси животот и останал докрај покрај децата за кои се грижел.

Во август 1942 година, германските војници дошле во домот за да ги пренесат сирачињата во логорот Треблинка. На Корчак му била дадена шанса да ги остави децата и да се спаси.

Според непотврдена сторија, вака течел разговорот на војник со Корчак:

- Вие ја напишавте „Кралот Матиуш“? Ја читав таа книга кога бев дете. Добра книга. Слободен сте.

- А децата?

- Децата заминуваат. Но вие можете да го напуштите вагонот.

- Грешите. Не можам. Не се сите луѓе гадови.

Според други извори, на војникот му било наредено да му понуди на Корчак да се спаси. Едно е сигурно – Корчак без размислување ја отфрлил можноста да ги напушти децата и продолжил со нив кон смртта.

Трогателен е и фактот што Корчак им рекол на децата дека ќе одат на излет на село. Речиси 200 радосни сирачиња биле облечени во најубавата облека и ја носеле во рацете омилената играчка или книга кога биле транспортирани до логорот во кој згаснале нивните животи.

Еве 10 правила од почитуваниот педагог Јануш Корчак, кои секој родител треба да ги знае:

  1. Не очекувајте вашето дете да биде како вас или онакво какво што вие сакате да биде. Помогнете му да стане не како вас, туку како себеси.
  2. Не барајте од детето да ви се оддолжи за сè што сте направиле за него. Вие сте му дале живот, како би можело да ви се оддолжи за тоа? Детето ќе му даде живот на друга личност, таа на трета... тоа е неповратниот закон на благодарноста.
  3. Не ја излевајте лутината врз вашето дете за да не јадете горчлив леб на стари години. Она што ќе го посеете, тоа и ќе никне.
  4. Не ги потценувајте проблемите на вашето дете. Секому е даден живот според неговите сили и бидете сигурни дека на вашето дете му е тешко, можеби и потешко одошто ви е вам, затоа што тоа нема животно искуство.
  5. Не го понижувајте вашето дете!
  6. Не заборавајте дека најважните средби во животот на човекот се средбите со децата. Посветувајте им повеќе внимание на вашите деца, бидејќи не можете да знаете кого среќавате во вашето дете.
  7. Не се измачувајте себеси доколку не можете да направите нешто за вашето дете. Само запомнете, она што сте го направиле е недоволно доколку не сте направиле сè што сте можеле да направите.
  8. Детето не е тиранин кој ќе завладее со вашиот живот. Тоа не е само ваша крв и месо, туку е скапоцена чаша, која животот ви ја дава за во неа да развивате креативен оган. Детето е ослободена љубов од мајката и таткото кои ќе растат душа која им е дадена за да се грижат за неа.
  9. Научете како да ги сакате туѓите деца. Никогаш не им го правете на туѓите деца она што не сакате да му биде направено на вашето.
  10. Сакајте го вашето дете без разлика какво е тоа – неталентирано, неуспешно или возрасно. Радувајте се кога комуницирате со него, бидејќи детето е празник додека е со вас.
Јануш КорчакЛево е Јануш Корчак, а десно е споменик во Варшава подигнат во негова чест Јануш КорчакЈануш Корчак со своите сираци Филм за Јануш КорчакФотографија од филмот посветен на Корчак

Анкета

Анкета
Каква беше 2016 година за вас?
  • 21%
  • 44%
  • 35%
Се испраќа...

(Вкупно: 11511 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.