„Првата прегратка, лигавите бакнежи...“ 35 најубави моменти од мајчинството кои засекогаш се врежуваат во срцето
Почетна » Семејство » Дете » „Првата прегратка, лигавите бакнежи...“ 35 најубави моменти од мајчинството кои засекогаш се врежуваат во срцето

„Првата прегратка, лигавите бакнежи...“ 35 најубави моменти од мајчинството кои засекогаш се врежуваат во срцето

Мајчинството е микс од моменти од кои ти доаѓа да врескаш и од моменти од кои срцето може да ти експлодира од љубов.

Понекогаш мајките премногу се фокусираат на фрустрирачките моменти, не знаејќи дека прекрасните моменти се оние кои ќе се паметат засекогаш. Кога по десетици години ќе се навратите наназад, еве кои сеќавања ќе ги имате од растењето на децата:

    Мајчинство
  1. Првиот плач на бебето по раѓањето, кој вели „Сè е во ред, успеа мамичке“. Моментот кога ќе станете мајка е момент кој никогаш нема да го заборавите. Дури и по 20 години ќе ги чувствувате истите емоции кога ќе се сетите на него.
  2. Првата средба. Оној момент кога ќе си мислите дека срцето ќе ви порасне до максимум и кога ќе се тресете од страв да не го повредите вашето кревко бебенце со вашата прегратка.
  3. Мајчинство
  4. Пристигнувањето дома. Оној момент кога ќе бидете препуштени сами на себе и ќе откриете дека сте многу посилни отколку што некогаш сте помислувале. Оној момент кога ќе сфатите дека имате нова улога и дека еден живот зависи од вас.
  5. Мирисот на бебешкото главче. Ммм, арома која не се заборава.
  6. Моментот кога вашето бебенце ќе ја потегне раката и ќе ви го обвие прстот со малото раче. Сигурно не сте знаеле дека прстињата може да бидат толку мали, а толку силни.
  7. Мајчинство
  8. Првиот збор, кој се надевате дека ќе биде „Ма-ма“.
  9. Прославувањето на празниците. Ах, моментите кога декорирате, создавајќи празнична магија во вашиот дом во која вашето малечко ќе ужива. И онаа надеж дека вашите традиции ќе бидат обожавани и продолжени од него.
  10. Бебешките насмевки. Пробајте да ги снимите овие моменти, бидејќи иако ќе останат врежани во вашата глава, ќе сакате и да се навратите на нив во иднина. Секогаш без исклучок ќе се расположувате кога ги гледате.
  11. Мајчинство
  12. Утринските гушкања. Колку и да сте ненаспани, не можете да им одолеете на подадените рачиња од креветчето кои ја бараат само Мама.
  13. Првите нестабилни чекори, кои потсетуваат дека децата навистина растат брзо.
  14. Лигавите бакнежи.
  15. Мајчинство
  16. Првото „Те сакам, Мамо“. Тоа е оној момент кога срцето ќе ви се разлее на подот.
  17. Првиот ден во градинка/на училиште. Оној ден кога срцето ќе ви се кине кога ќе го гледате вашето малечко како се разделува од вас, но и кога ќе знаете дека тоа е дел од растењето.
  18. Првата приредба. Тешко ќе можете да ги задржите солзите во публиката кога ќе го видите вашето малечко на сцената, подготвено да ја импресионира Мама.
  19. Првиот цртеж од вашето семејство. Иако на него веројатно нема да имате коса, ќе ви биде најсладок на светот и со месеци ќе ви стои на видно место во домот.
  20. Првата петка... И сите останати петки, кои ќе следуваат.
  21. Родендените. Оние моменти кога ќе ги гледате дружбите на вашето малечко со другарчињата и ќе се полните со гордост. Вреди да направите стотици фотографии од овие моменти.
  22. Мајчинство
  23. Петочните вечери кога стуткани на каучот ќе гледате цртан филм заедно и ќе грицкате пуканки.
  24. Заедничките летувања и зимувања. Имајте колку што е можно повеќе такви додека се мали, бидејќи пред да трепнете, тие ќе сакаат да ги споделат таквите моменти со пријателите.
  25. Кога вашето дете случајно ќе ве нарече негова другарка...
  26. ... Или кога ќе рече нешто како „Кога ќе пораснам сакам да бидам како Мама“. Заштитете го вашето срце од експлозија од емоции.
  27. Добивањето честитки за 8 Март. Сигурно ќе ги чувате на специјално место во вашиот дом, а текстот „Среќен 8 Март мила Мамо“ ќе ве усреќува секогаш без исклучок.
  28. Кога учителката ќе го пофали дека му помогнало на соученик во неволја. Тогаш ќе сфатите дека сите ваши муабети не биле бесцелни и дека сте создале прекрасни вредности кај него.
  29. Кога ќе застане во одбрана на помалото братче или сестриче во паркот.
  30. Моментот кога тоа ќе ве надмине во висина.
  31. Првата диплома од натпревар.
  32. Полуматурата, матурата, дипломирањето, магистрирањето...
  33. Мајчинство
  34. Кога гледате како вашето дете се вљубува.
  35. Осумнаесеттиот роденден. Оној ден кога вашето „малечко“ ќе зачекори во светот на возрасните и можеби ќе го испиете првото пиво заедно.
  36. Кога првпат ќе ве повози откако ќе добие возачка дозвола. Ќе го гледате како гордо ви ја отвора вратата и се труди да ви остави најдобар впечаток.
  37. Првиот ден на факултет. Тоа веројатно ќе биде и денот кога вашето дете ќе замине далеку од дома, оставајќи ви грутка во грлото.
  38. Првиот ден кога ќе ја облече работната униформа, подготвено самостојно да заработува.
  39. Кога сведочите како вашата ќерка го облекува невестинскиот фустан. Или како вашиот син ве замолува да му ја ставите вратоврската на свадбениот ден пред возбудено да се упати во домот на неговата избаничка.
  40. Мајчинство
  41. Кога вашето дете ќе ви се заблагодари за сè што сте направиле за него во животот, а вие ќе знаете дека навистина го мисли тоа. Тогаш сите ваши жртви, сите непреспани вечери, сите пропушени излегувања и семејни собири ќе добијат смисла. Тогаш ќе знаете дека сте го направиле најправилното за да го израснете вашето дете во прекрасна личност која ќе биде посветена на семејството... Исто како вас.
  42. Држењето на вашето внуче во рацете. Оној скапоцен момент кога сфаќате дека вашето „малечко“ е родител и дека сè започнало од вас.
  43. Мајчинство

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 13%
  • 22%
  • 65%
Се испраќа...

(Вкупно: 3576 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.