ХОРОСКОП
Дневен, месечен и годишен хороскоп:
Нема ништо послатко од мало бебенце што го цица своето палче пред заспивање. Но, цицањето на палецот кај некои деца продолжува многу подолго од 1-2 години. Кога детето ќе достигне 4-5 годишна возраст, цицањето на палецот и не е така неодоливо, па многу родители се обидуваат да ја искоренат таа навика.
Цицањето кај децата е природен рефлекс и е нормален за новороденчињата и малите деца. Три четвртини од новороденчињата го цицаат палецот во првата година од својот живот. Кај некои цицањето започнува дури и во стомакот на мајката.
Цицањето на палецот ги смирува и релаксира децата и најчесто го прават тоа кога се вознемирени, кога им е досадно или кога се уморни. Токму поради смирувачкото дејство, на повеќето деца им е тешко да се откажат од цицањето на прстите.
Цицањето на палецот ги смирува и релаксира децата и најчесто го прават тоа кога се вознемирени, кога им е досадно или кога се уморни.
Родителите треба да знаат дека цицањето на прстите носи здравствени проблеми. Цицањето на палецот кај поголемите деца може да предизвика искривување на забите, искривување на вилицата и дури и проблеми со говорот. Освен тоа, може да се појави инфекција на ноктот на палецот и да дојде до сушење и пукање на кожата на прстот.
Преку ставањето на палецот во устата, децата внесуваат многу бактерии и тоа често предизвикува појава на болести.
Со текот на времето (до 3-4 годишна возраст) цицањето треба да започне да се намалува. Повеќето експерти се согласуваат дека детето треба да се одвикне да го цица палецот најдоцна до 5 годишна возраст. Најчесто децата се одвикнуваат кога ќе започнат да одат на училиште или во градинка, затоа што таму се под притисок од другите деца.
Ако вашето дете веќе има 5 години и сè уште го цица својот палец, потребно е да се заангажирате со искоренување на оваа навика.
Некои родители преземаат подрастични мерки како премачкување на прстот со киселина или горчлива течност, но тие техники се препорачуваат ретко и само во краен случај.
Дневен, месечен и годишен хороскоп:

Оскар Вајлд
Кога една жена вели „Што?!“, тоа не значи дека не слушнала што ѝ кажал соговорникот. Тоа значи дека му дава шанса да го промени она што го кажал.
Коментари (7)
(нема врска ова со темата, ама морав да споделам :))
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.