Еве кои домашни обврски може да ги исполнува вашето дете, во зависност од возраста
Почетна » Семејство » Дете » Еве кои домашни обврски може да ги исполнува вашето дете, во зависност од возраста

Еве кои домашни обврски може да ги исполнува вашето дете, во зависност од возраста

Многу родители сметаат дека нивните малечки не се доволно зрели за да извршуваат домашни обврски или пак дека со давањето на задачи им го уништуваат детството и им го кратат времето за игра. За жал, тоа е многу погрешно, бидејќи детето од мали нозе треба да се научи да помага и да сфати дека мама не е единствената личност одговорна за грижата за домот.

Преку обврските, детето се учи на одговорност и се чувствува дека е важно и корисно, а на родителите им се олеснува мисијата да израснат вредно дете кое не е разгалено.

Дете

Стратешки вклучувајте го вашето дете во грижата за домот. Во зависност од неговата возраст, ова се обврските кои тоа може да ги исполнува:

1-2 години

По дувањето на првата роденденска свеќичка научете го вашето малечко да:

  • Помага при собирањето играчки;
  • Ги става валканите алишта во корпата;
  • Помага при чистењето на нередот кој го направило;
  • Ви носи определен предмет како чевли, играчка, облека и сл. кој сте му го побарале.

Доколку детето сака да ви помогне и во друга домашна обврска, а таа не претставува опасност за него, дозволете му да помогне. Дури и тоа да значи дека ќе изгубите двојно повеќе време при исполнувањето.

2-3 години

На оваа возраст детето може да ги извршува сите горенаведени обврски, како и да:

  • Го брише истурениот чај, сок или друга течност;
  • Ги собира играчките и сликовниците;
  • Го става некршливиот прибор за јадење во машината за миење садови;
  • Носи чинија од масата до мијалникот по оброкот;
  • Реди салфетки при поставувањето на масата;
  • Помага при местење на креветот;
  • Помага при хранењето на домашните миленици;
  • Обесува крпа или облека на закачалка;
  • Налева вода во чаша од мал бокал или шише;
  • Ја пренесува сувата облека до одредено место;
  • Дипли помали крпи;
  • Се обидува да чисти со правосмукалка.

3-4 години

Дете

Меѓу 3 и 4 години детето може да ги извршува сите горенаведени обврски, како и да:

  • Брише прашина од мебелот;
  • Ги става здиплените алишта на своето место;
  • Помага при вадењето на чиниите и приборот од машината за миење садови;
  • Помага при рециклирање;
  • Се облекува без ваша помош.

4-6 години

На возраст од 4 до 6 години детето може да ги извршува сите горенаведени обврски, како и да:

  • Си го мести креветот;
  • Ја раскрева масата по јадење;
  • Откорнува тревки од градината;
  • Наводнува цвеќиња;
  • Мие пластични чинии во мијалникот;
  • Си прави оброк со житарки и млеко;
  • Помага при правењето на други оброци;
  • Ги сортира испраните чорапи;
  • Ги храни домашните миленици;
  • Реди книги на полици;
  • Го мети подот со мала метла.

6-8 години

Дете

На оваа возраст детето може да ги извршува сите горенаведени обврски, како и да:

  • Помага во чистењето на бањата/кујната;
  • Дипли сува облека;
  • Го чисти подот со џогер;
  • Брише чинии со сува крпа;
  • Се јавува на телефон.

Од оваа возраст можете да создадете распоред за извршување на домашните обврски, кој ќе го поставите на ѕидот или на фрижидерот.

8-10 години

На возраст од 8 до 10 години детето може да ги извршува сите горенаведени обврски, како и да:

  • Мие садови;
  • Се грижи за домашните миленици;
  • Подготви едноставни оброци без помош;
  • Собира лисја со грибло;
  • Учи како да ја користи машината за перење;
  • Ја спростира мократа облека на жица.

Над 10 години

Откако детето ќе наполни 10 години, тоа може да ги извршува сите горенаведени обврски, како и да:

Дете
  • Ги наводнува цвеќињата;
  • Го мие семејниот автомобил со надзор од возрасен;
  • Го фрла ѓубрето во контејнер;
  • Ја поставува масата пред јадење;
  • Ги става купените производи на своето место.

Дополнителни совети:

Дете
  • Не го присилувајте вашето дете. Бидете покрај него за да го мотивирате и да го насочувате низ обврските. Покажувајте му бавно и трпеливо како се извршува секоја задача за тоа да може да ги копира вашите движења.
  • Не очекувајте совршенство.
  • Доколку имате можност, купете опрема за чистење во мала верзија, како мала метла, мала крпа и сл.
  • Не му плаќајте на малото дете за извршување на домашните обврски. Да, детето треба да научи како се заработува и како да раководи со пари, но не преку извршување обврски кои треба да ги прави во секој случај.
  • Имајте предвид дека не се сите деца исти. Откријте што е најдобро за вашето дете без да го споредувате со други.
  • Уживајте заедно!

Анкета

Анкета
Каква беше 2016 година за вас?
  • 22%
  • 45%
  • 33%
Се испраќа...

(Вкупно: 5905 гласа)

Цитат

Да бидеш себеси во свет кој константно се обидува да те претвори во нешто друго е најголемото постигнување.

Ралф Валдо Емерсон

Виц

Кога жена вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема НОВИ алишта.

Кога маж вели дека нема што да облече, тоа значи дека нема ЧИСТИ алишта.