Детските караници
Почетна » Семејство » Дете » Детските караници

Детските караници

Малите деца многу често се караат. Тоа е дел од процесот на растење и учење на децата. Дури и најмалите несогласувања можат да преминат во жестока караница, која може да прерасне и во физичка пресметка.

Ако и вие го имате овој проблем дома, сигурно се прашувате што е тоа што ги поттикнува вашите деца да ги решаваат проблемите на ваков начин.

Зошто се караат децата?

Детски караници
Караниците им помагаат на децата да се изразат и да ја покажат својата индивидуалност.

Односите помеѓу децата од едно семејство се мешавина од љубов и љубомора. Братчињата и сестричките се многу блиски, но сепак кај нив секогаш е присутно чувството на ривалство и натпреварување за придобивање на љубовта и вниманието на родителите.

За среќа љубомората не трае цел живот. Најчесто таа активно се појавува кај децата до 5 годишна возраст, особено ако разликата во годините е од 18 месеци до 5 години. Тоа што отстрана ви изгледа како омраза кога децата се караат, многу брзо исчезнува и во следниот момент тие повторно ќе си играат заедно и ќе се смеат како ништо да не се случило.

Иако љубомората најчесто е во основата на караниците, тие кавги имаат и друга функција – им овозможуваат на децата да се изразат, да ја покажат својата индивидуалност и да се истакнат од другите. Кога плачат или викаат, тие всушност ја покажуваат својата лутина и им покажуваат на околните дека постојат.

Преку караниците децата учат дека ако навредат или повредат некој, потоа ќе се чувствуваат виновни и тоа ќе им причинува емоционална болка.

10 начини да го сопрете карањето на децата

Караниците помеѓу вашите деца се сосема нормална работа, но многу често стануваат неподносливи за вас. Еве неколку совети како да ги намалите кавгите.

  1. Третирајте ги вашите деца подеднакво кога се караат. Ако еднаш се обидете да дознаете кој е предизвикувач на кавгата, едното од нив секогаш ќе знае дека може да се извлече како жртва. Не заземајте ничија страна.
  2. Игнорирајте ги караниците до одредена степен. Многу често децата започнуваат со кавга за да им обрнете повеќе внимание. Ако нивната караница не е насилна, игнорирајте ја за кратко и тие ќе ја прекинат.
  3. Пофалете ги кога прават нешто заедно. Секогаш кога сложно прават нешто заедно, кажувајте им дека на таков начин треба да комуницираат секогаш. Посветете им повеќе внимание кога се однесуваат како што треба.
  4. Внимавајте на своето однесување. Доколку треба да си го повишите тонот со вашиот партнер, подобро е тоа да не го правите пред своите деца. Тие учат сè од вас.
  5. Разговарајте со нив за кавгите кога се мирни. Викањето веднаш после кавга најчесто не помага. Потребно е да разговарате со вашите деца откако ќе се смират. Прашајте ги да посочат други начини за решавање на нивните мали конфликти освен тепањето и бучните расправии.
  6. Не ги казнувајте. Ако ги казнувате вашите деца за мали кавги, тие ќе бидат поналутени. Казните даваат резултати само во краткорочен период. Навистина понекогаш казната не може да се избегне, но обидете се да не бидете премногу строги и казната да не се однесува само на едното дете.
  7. Избегнувајте игри кои се премногу натпреварувачки. Ако вашите деца се караат многу често, избегнувајте да им давате да играат игри кои се со натпреварувачки дух. Така ќе ги ограничите караниците.
  8. Внесете повеќе љубезност во вашето секојдневие. Секогаш кога ќе побарате од вашето дете да ви подаде нешто, започнете ја реченицата со „те молам“, а секогаш кога ќе ви даде нешто или направи нешто за вас кажете „благодарам“. Така ќе ги поттикнувате вашите деца да бидат пољубезни.

За да дознаете какво е мислењето на вашите деца за вас, можете да поиграте игра на промена на улогите. За одредено време кажете му на вашето дете дека тоа е мајката во семејството, а вие детето. Така освен тоа што вие ќе видите како изгледате во неговата глава, во истото време тоа ќе дознае дека да бидеш мајка и не е толку лесна работа.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8696 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.