Почетна » Семејство » Дете » Дали сте слушнале за синдромот „Алиса во земјата на чудата“?

Дали сте слушнале за синдромот „Алиса во земјата на чудата“?

Синдромот „Алиса во земјата на чудата“ е ретка, но алармантна клиничка слика, која се карактеризира со кратки епизоди на искривување на сликите / перцепцијата за одредено тело, неговата големина, растојанието, обликот или просторниот сооднос на предметите, или настаните во текот на времето.

Жан Митрев

Карактеристично е што се појавува особено во детството. Причините за настанување на овој синдром не се до крај познати, но најчесто симптомите асоцираат со мигрените во детската возраст, епилепсија на темпорален лобус, тумори на мозокот, влијание на психоактивни субстанци или инфекции со Ебштај-Бар вирус.

Најчеста причина се мигренозни главоболки, кои може да се придружени со гадење и повраќање.

Главниот симптом на оваа состојба е променетата визуелна перцепција и сликата на објектите. Формите изгледаат искривени, предметите и деловите од телото се преголеми или премали во очите на детето. Сето ова предизвикува, како што можеме да очекуваме, конфузија и дезориентација.

Согласно резултатите од студијата спроведена во 2014 година од група невролози од Универзитетот во Пенсилванија, а со цел да се обидат подобро да го разберат синдромот на Алиса во земјата на чудата, беше дојдено до следните заклучоци:

  • Се појавува главно кај деца од 8 години.
  • 33% од овие деца страдале од мигрена или имале некој вид на инфекција во одреден момент.
  • Само 6% од децата претрпеле повреда на главата.
  • Беше заклучено дека оваа состојба потекнува од електричната активност на мозокот каде биле забележани мали промени.

Појавата на ваков сет на симптоми кај детето налага продлабочени невролошки иследувања.

Терапијата која може да се применува за овој тип на синдром се состои од профилактичка терапија за мигрена и посебен режим на исхрана.

Медицина

Д-р Катерина Василева Димовска
Специјалист по педијатрија
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 12%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 14377 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.