Почетна » Семејство » Дете » Анализа на детските цртежи

Анализа на детските цртежи

Не постои куќа со мали деца во која родителите со гордост да не ги истакнуваат цртежите на своите деца. Тие цртежи не се само смешни, непропорционални фигури, тие се обид за комуникација на детето.

Детска уметност
Детските цртежи зборуваат многу за карактерот и чувствата на детето.

Кога децата цртаат тие внимателно си ги одбираат боите кои ќе ги користат, големината на објектите кои ги цртаат и сл. Сето тоа може вас како родител да ви даде повеќе информација за вашето дете. Потребно е само да знаете како да ги анализирате цртежите, а ние ќе ви дадеме неколку совети како да го направите тоа.

Разговарајте со вашето дете за цртежите

Според експертите, децата не цртаат за да изнудат комплименти од своите родители. Тие сакаат да зборуваат за своите мали, уникатни дела. Затоа прашувајте го вашето дете за деталите кои тоа ги нацртало во цртежот. Разговарајте за тоа што значат тие за него. Истражувањата покажуваат дека децата се склони повеќе да зборуваат и да дадат повеќе информација додека цртаат. Тогаш тие се чувствуваат поопуштени.

Ако вашето дете не е заинтересирано да зборувате за цртежот, не се разочарувајте. Најверојатно тоа е еден од оние цртежи кои не се важни за него.

Изборот на детето кажува многу за него

Кога имаат избор, децата внимателно си ги избираат алатките за да направат уникатна уметничка слика. Тој избор е резултат на нивното расположение и индивидуалност.

  1. Избор на хартија. Изборот на големината на хартијата за сликање е добар индикатор за тоа каква позиција сака детето да заземи во реалниот живот. Колку е поголема хартијата за цртање која ќе ја избере детето, толку повеќе тоа сака да се истакнува во животот. Ако детето избира мала хартија за да ги отслика своите мисли и чувства, тоа значи дека има добра концентрација.
  2. Избор на молив или боици. Кога детето избира широки, тапи моливи или боици за цртање, тоа значи дека е решително, а кога избира убаво наострени моливи, тоа има потешкотии да се изрази и да застане зад своите ставови.

Кога да побарате помош од специјалист?

Анализата на цртежите на детето треба да биде направена од специјалист кога:

  • Во боењето детето излегува многу надвор од линиите во кои е предвидено да бои.
  • Ако цртежите се премногу темни.
  • Ако цртежите се премногу мали и се концентрирани во мал простор.
  • Ако еден ист цртеж детето повторува да го црта во текот на подолг период (еден месец).
  • Ако одредени делови од фигурите секогаш недостигаат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10625 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.