ХОРОСКОП
Дневен, месечен и годишен хороскоп:
Повеќето жени знаат како е да си во неизвесност чекајќи да дознаеш дали си бремена или не. Некои со нетрпение чекаат да добијат позитивен одговор и да започнат да се радуваат на мајчинството, а други пак се молат да добијат негативен резултат кога сметаат дека не се подготвени да бидат родители.
Тестот за бременост е најбрзиот метод за добивање на одговор на прашањето „
Тестот за бременост е најбрзиот метод за добивање на одговор на прашањето „дали сум бремена“.
Домашните тестови за бременост се тестови на урината. Тие го детектираат присуството или отсуството на хормонот hCG (human chorionic gonadotropin) во урината и во зависност од тоа даваат соодветно позитивен или негативен резултат.
hCG хормонот започнува да се произведува од плацентата во случај на бременост и придонесува за појавата на некои од првите симптоми на бременоста, како чувствителност на градите и гадење.
Различни тестови за бременост
Иако постојат различни видови на тестови за бременост, повеќето функционираат на ист начин. Најчесто треба да го поставите крајот на едно стапче (лента) во потокот на урина или да го потопите неколку секунди во мала чашка со урина. После една до две минути ќе го добиете резултатот.
Постојат различни начини за отчитување на резултатите. Кај некои тестови се појавува знак плус (бременост) или минус (отсуство на бременост), а кај други пак се појавуваат две вертикални цртички (бременост) или една (отсуство на бременост).
Доколку добиете нејасни резултати, најдобро е да купите нов тест за бременост од друга марка.
Тестовите од различни марки имаат различна чувствителност. Некои можат да го „уловат“ присуството на hCG хормонот 4-6 дена пред датата на која што очекувате да започне вашата менструација. Но, колку порано го правите тестот, толку е поверојатно да добиете грешен негативен резултат, т.е. тестот да покаже дека не сте бремена кога всушност сте.
Некои производители ја посочуваат чувствителноста на тестот. Тоа значи дека ја посочуваат најниската концентрација на хормонот hCG, која што можат да ја детектираат. Колку помала концентрација е посочена, толку почувствителен е тестот и порано може да ја открие бременоста. На пример, ако пишува дека тестот може да детектира 20mIU hCG/ml (мили интернационални единици на милилитар урина), тоа значи дека тој е почувствителен од тест што тврди дека може да открие hCG при 40-50mIU/ml.
Според повеќето производители, тестовите за бременост даваат точни резултати во 99% од случаите, но само ако се употребуваат правилно.
Правилната употреба на тестот за бременост е предуслов за добивање на точен резултат. Еве неколку совети за начинот на користење на тестовите:
Многу почесто се појавува лажно негативен резултат, отколку лажен позитивен.
Лажен негативен резултат се добива ако:
Лажен позитивен резултат. Иако се случува многу ретко, може да се добие и лажен позитивен резултат ако во скоро време сте пометнале, сте извршиле абортус или примате лекови кои што содржат hCG.
Повеќето тестови тврдат дека покажуваат точен резултат ако се употребат на првиот ден од задоцнувањето на менструацијата. Но, за најточни резултати најдобро е да почекате да измине една седмица од датата на која што по правило би требало да ви започне менструалниот циклус.
Ако направите тест неколку дена по задоцнувањето на циклусот и добиете негативен резултат, тоа не значи дека 100% не сте бремена. Доколку во наредните денови не добиете менструација, повторете го тестот.

Мерилин Монро
– Романтичните филмови се штетни – жените веруваат дека сето тоа може да им се случи во реалниот живот!
– Знам. Ама истото е и со мажите и еротските филмови.
Коментари (15)
Никогаш не сум имала проблем со циклусот, секогаш ми бил редовен. Во Март добив најнормално, но во Април ми доцнеше. Бев 10 дена на одмор со сопругот и се вративме ден пред Велигден. Мислев дека ми доцни од патувањето, но сепак купив 2 тестови за бременост. Двата ми дадоа негативен резултат. 2-3 дена подоцна сеуште немав добиено. Купив уште 2 тестови, и повторнои добив НЕГАТИВНО. Кога завршија празниците, закажав на гинеколог, и верувале или не веќе бев бремена 9та недела. Сега сум горда мама на 14 месечно синче. Моето наравоучение е - ако постои било каков сомнеж, одете директно на доктор =)))
znaci prosliot mesec na 8 mi dojde ovoj treba na 10,ama eve nema.....nakaj 8-9 imav nekolku kapki krv na gakite (imam slusnato deka toa bilo znak za bremenost) DALI E VISTINA?????????
ne mi odgovarajte so toa najdobro e da si napravish test a bremenost zasto stvarno se plasam od odgovorot
HELP!
imam problem..maz mi nekolku pati prethodniot mesec svrsuva vo mene..mislev deka sum trudna bidejki trebase da mi dojde uste na 18..mene mi kasnese i planiravme da odime na lekar..no denes mi pretekoa nekolku kapki krv na gakite sto da praam :((((((((
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.