„Смеам ли да дојам ако имам коронавирус? Што ако трудница е позитивна?..“ Одговори на најчестите прашања за коронавирусот и бременоста
Почетна » Семејство » Бременост » „Смеам ли да дојам ако имам коронавирус? Што ако трудница е позитивна?..“ Одговори на најчестите прашања за коронавирусот и бременоста

„Смеам ли да дојам ако имам коронавирус? Што ако трудница е позитивна?..“ Одговори на најчестите прашања за коронавирусот и бременоста

Бременоста и породувањето се комплексни процеси сами по себе, а кога блажената состојба и раѓањето на бебе се во време на пандемија, сосема е нормално кај трудниците да се појават дилеми и редица прашања.

Со цел да ги успокои бремените жени и да ги разјасни недоумиците околу новиот коронавирус, Министерството за здравство објави одговори на најчесто поставуваните прашања:

Жена

Како да се однесуваат трудниците и дали се препорачува редовно да се прават антенаталните контроли?

- Антенаталните контроли во текот на бременоста се особено важни, не само за вашето здравје, туку и за добросостојбата на вашето бебе. Сепак, во овој период на активна пандемија се препорачува да се намали бројот на задолжителните антенатални прегледи во бременоста, но само при нормален тек на бременоста и кај трудници кои немаат лошо акушерско минато или други минати здравствени проблеми – односно немаат ризични фактори за евентуална појава на патолошка бременост.

Што доколку имам барем еден од симптомите на оваа инфекција, а сум бремена?

- Доколку имате барем еден од симптомите на оваа инфекција потребно е да се јавите на преглед кај вашиот лекар. Секогаш поставете ја маската пред да излезете од дома, држете растојание најмалку 2 метри од останатите, особено откако ќе пристигнете во болницата или во амбулантата и најдобро телефонски најавете го вашето доаѓање. Во епидемиолошката анкета, задолжително пријавете ги во целост вашите симптоми и контакти со можен ризик.

Колкава е веројатноста за инфекција со коронавирус во бременоста?

- Имаме мошне малку публикации досега, па последователно на тоа и недоволен број информации за бремени жени што се разболеле од КОВИД-19. Од досега објавените докази, се чини дека помал е бројот на трудници што се позитивни или болни од КОВИД-19 во споредба со останатите жени на таа возраст. Жените со други здравствени проблеми, особено тие со хронични заболувања на респираторниот систем, висок крвен притисок, дијабетес, имаат поголем ризик од ова заболување и за нив постои поинаков протокол за следење на бременоста и породувањето.

Што доколку здрава трудница има позитивен тест?

- Повеќето здрави трудници кај кои тестот за КОВИД-19 ќе биде позитивен, би требало, доколку се без симптоми или со блага симптоматологија, да бидат згрижени дома, а да останат во комуникација со својот матичен гинеколог и лекар. Доколку кај нив симптомите почнат да се влошуваат, неопходна е хоспитализација.

Дали има разлика во однос на последиците за плодот во која гестациската недела, месец од бременоста ќе се зарази пациентката?

- Колку актуелното вирусно заболување е поблиску до веројатниот термин за породување, толку се помали ризиците за плодот. Најголем ризик за плодот постои доколку трудницата рано во бременоста се стекне со вирусот, се разболи и е со ризик за предвремено породување.

Дали постои ризик за структурни и развојни аномалии за моето бебе ако во бременоста сум позитивна или заболена со КОВИД-19?

- Според објавените достапни податоци, се претпоставува дека не постои пренесување од мајкaта на плодот за време на бременоста. Нема знаци дека КОВИД-19 ги зголемува ризиците од аномалии на плодот, иако знаеме само за неколку жени што го добиле вирусот во периодот на органогенеза, односно во првите три месеци по забременување. Некои студии со слични вируси сугерираат дека бебето може да не расте доволно, соодветно за гестациската недела, т.е. да се здобие со интраутерин застој во растот (IUGR) по инфекција слична на КОВИД-19. Заради навремено воочување на овие компликации, повеќето експерти препорачуваат најмалку еден ултразвук по 2 до 4 недели од завршување на инфекцијата за да бидете сигурни дека плодот добро се развива.

Жена

Кои се ризиците во тек на породувањето?

- Ако имате КОВИД-19 и сте во активна фаза на породување, поради можна хипоксија (недостиг на кислород) или застој во породувањето, може да биде отежнато спонтаното вагинално породување и во тој случај, препораките се породувањето да се заврши со царски рез. Во моментот нема друга причина да се избере царски рез наместо вагинално породување кога мајката има КОВИД-19, освен ако не станува збор за предвремено породување или постои некоја друга акушерска индикација за царски рез од страна на мајката или на плодот.

Дали ако сум позитивна на КОВИД-19 треба да бидам одделена од моето бебе?

- Честопати се препорачува да останете со вашето бебе ако се чувствувате добро. Некои околности може да бараат да бидете одделени од вашето бебе. Потребно е да бидете многу претпазливи за да избегнете пренесување на вирусот на вашето бебе. Ова најдобро се прави со доволно долго и детално миење на рацете пред да го допрете бебето, да избегнувате допирање на лицето на бебето, да избегнувате кашлање или кивање во близина на бебето и да носите маска тип FFP3 или P100 кога се грижите за него.

Дали можам да дојам ако имам ковид-19?

- Од досега споделените научни докази, неколку трудници заразени со коронавирус биле тестирани и во млекото не е пронајден знак за вирусот. Значи, се чини дека мајчиното млеко е безбедно за вашето бебе дури и ако имате КОВИД-19. Но, во исто време, треба да бидете претпазливи за да избегнете пренесување на вирусот на бебето. Друга одлична опција е да носите маска тип FFP3 или P100, да го измолзете вашето млеко и да имате некој што не е болен да го нахрани бебето.

Совети од д-р Ана Данева-Маркова

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6124 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.