Почетна » Семејство » Бременост » Д-р Ирена Гошева: Совети како да си го подобрите здравјето пред забременување

Д-р Ирена Гошева: Совети како да си го подобрите здравјето пред забременување

Период на преконцепција или пред зачнување

Преконцепциското здравје претставува и репродуктивното и севкупното здравје на жената пред да забремени. Имено, означува како одредени здравствени состојби може да влијаат на забременувањето, а понатаму и на самата бременост и како преземање на одредени чекори водат кон подобрување на истото, а сè со цел за здраво потомство.

Њуборн Клиника

Зошто преконцепциското здравје е важно?

Секоја жена треба да се грижи за своето здравје, без разлика дали планира бременост или не. Со оглед на податоците дека речиси половина од бременостите се непланирани, истите се со поголем ризик за предвремено породување и новороденчиња со ниска родилна тежина. Важен податок е дека и покрај значителниот напредок во медицината и пренаталната грижа, сепак 1 од 10 бебиња се раѓа предвремено. Научните докази покажуваат дека достапноста на висококвалитетна преконцепциска грижа значително придонесува кон идентификување на понатамошните ризици во бременост и кон намалување на перинаталниот морбидитет и морталитет.

5 важни совети да го подобрите здравјето пред забременување

Најмалку 3 месеци пред да забремените треба да:

  • Започнете со суплеметација со фолна киселина од 400 mcg секој ден, со цел да се намали ризикот за одредени дефекти кај плодот. Зборувајте со гинеколог за индивидуалните потреби по однос на дозата, во зависност од здравствениот статус и присуството на други пропратни болести.
  • Се откажете од пушење цигари и консумирање алкохол и да избегнувате изложеност на токсични супстанци или хемикалии.
  • Ја регулирате телесната тежина, односно да се стремите кон нормален БМИ (18.5 - 24.9).
  • Направите консултација со гинеколог доколку имате пропратна здравствена состојба (астма, дијабетес, епилепсија, проблеми со тироидната жлезда или друго), со цел да утврдите како може да биде афектирана бременоста од болеста и обратно. Мулти-дисциплинарниот пристап е круцијален. Дискутирајте го најдобриот пристап за оптимизирање и адекватна контрола пред и понатаму во бременоста.
  • Водите грижа за оралното здравје. Направете преглед кај вашиот заболекар пред да забремените.

Улогата на партнерот во преконцепциската грижа

Преконцепциското здравје се однесува и на партнерот. Мажите може да го подобрат репродуктивното здравје со рестриктивен внес на алкохол и цигари, за кои е научно докажано дека директно ја афектираат спермата и воведување на здрави навики, како балансирана исхрана, физичка активност и редуцирање на стрес.

Њуборн Клиника

Консултација со гинеколог

Преконцепциската грижа може да ги подобри шансите за забременување, а потоа да имате здрава бременост и да донесете на свет здраво новороденче. Најпрво гинекологот пристапува кон земање детални анамнестички податоци за вашето лично здравје, а потоа и детални податоци за фамилијарната анамеза, по однос на фамилијарни болести.

Гинекологот зема исцрпни податоци по однос на репродуктивната анамнеза, односно дали имало претходно бремености и како завршиле, а потоа пристапува кон детален гинеколошки преглед. Врз основа на сите анаместички и клинички параметри, понатаму се дава адекватен совет или доколку е потребно се пристапува кон третман.

Начелата на преконцепциско советување се: здравствена едукација, здравствена промоција, односно промовирање на здрав животен стил, заштита од сексуално-преносливи инфекции, планирање на семејството и унапредување на правото на сексуално и репродуктивно здравје.

Преконцепциското советување е индивидуализирано, односно за секого е различно, во зависност од потребите и здравствената состојба кај секоја индивидуа.

Преконцепциското здравје значи преземање контрола и воведување на здрави навики, односно да се научиме да живееме здраво, да бидеме здрави и да се чувствуваме така. Преконцепциско здравје значи планирање на здрава иднина и преземање на вистинските чекори кон таа цел.

Медицина

Д-р Ирена Гошева
Гинеколог-акушер
„Њуборн Клиника“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20061 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.