7 начини да ја зацврстите врската кога сте во брак
Почетна » Семејство » Брак » 7 начини да ја зацврстите врската кога сте во брак

7 начини да ја зацврстите врската кога сте во брак

Денес многу жени се обидуваат да бидат едновремено добри мајки, успешни бизнис дами и грижливи сопруги. Но, сето тоа одзема многу енергија и време, па ако треба да се откажат од нешто, повеќето избираат да ги занемарат односите со сопругот.

Откако ќе станете родители, многу е лесно да се одлучите да го ставите љубовниот живот на пауза, со цел целосно да им се посветите на децата. Сепак, тоа е погрешен потег, затоа што иако треба да бидете родители, вие треба да сте и партнери и љубовници.

Многу парови се во потрага по универзална формула за среќен брак, која за жал не постои. Секој пар треба да си создаде своја формула и да се придржува до неа, без разлика на околностите. Еве неколку „елементи“ кои можете да ги вклучите во вашата формула и задоволни да го негувате својот брак.

Среќен бракЗапочнете го утрото со бакнеж, секој ден појадувајте заедно или слушнете се по телефон барем еднаш во текот на работниот ден.
  1. Создајте си секојдневен ритуал. Најдете начин на кој што ќе можете секој ден да ја изразите љубовта и посветеноста еден кон друг, а во кој ќе уживате. Започнете го утрото со бакнеж, секој ден појадувајте заедно или слушнете се по телефон барем еднаш во текот на работниот ден. Таквите мали, но значајни ритуали ќе ви помогнат во кризните моменти да се поврзете полесно и да ги надминете недоразбирањата.
  2. Не го избегнувајте зборот „извини“. Бракот не е игра или тинејџерска врска, каде што ќе можете да тестирате колку далеку можете да стигнете со тврдоглавост. Во бракот не е важно кој повеќе пати рекол извини. Важно е да не се остават проблемите половично решени и да не се смета дека извинувањето се подразбира. Понекогаш „извини“ има иста моќ како и зборовите „те сакам“.
  3. Потсетувајте се на најубавите моменти. Од време на време отворете го албумот со сликите од вашата свадба или албумот со слики од вашите први излегувања заедно. Обидете се да ја одржувате истата искра што ќе си ја видите во очите на тие слики. Многу често нема физички спомени од некои најинтересни моменти, но секогаш можете да си раскажете од ваша гледна точка како се случиле. Сигурно различно сте ги доживувале моментите кога за прв пат сте се сретнале. Ќе ве изненади колку поблиски ќе се почувствувате, кога ќе успеете да ги доловите чувствата што сте ги имале во најважните моменти во вашиот живот.
  4. Научете како да се расправате фер. Карајте се, но не жестоко. Секој брак и секоја врска наидува на проблеми и не секогаш партнерите можат да бидат трпеливи и да се воздржат од расправии. Кавгите на еден начин се и корисни, сè додека не излезат од контрола. Среќните парови треба да знаат како да се расправаат и како да прекинат со караницата пред да биде доцна. Никогаш не употребувајте навреди и не ги истакнувајте грешките на партнерот кои немаат врска со проблемот со кој во моментот се соочувате. Доколку почувствувате дека кавгата станува жестока, прекинете и направете 15-минутна пауза.
  5. Отворено искажете ги своите очекувања. Кажете што очекувате вие од бракот и од животот воопшто и дознајте кои се очекувањата на вашиот партнер. Доколку имате поголеми очекувања, вашиот партнер треба да знае за тоа. Никој не може да чита мисли. Ако сакате да ѝ посветите повеќе време на кариерата или пак ако сакате повеќе романтика, тоа треба отворено да го кажете. Прикривањето на вистинските желби и потреби може да доведе само до фрустрации, а тоа во секој случај ќе се одрази на вашата врска. Во бракот треба да бидете сигурни дека и двајцата се движите по иста патека, кон иста цел.
  6. Одржувајте ја романтиката. Кога имате деца, особено додека се мали, многу е тешко да најдете време да излегувате сами на романтичен состанок. Но, тоа е особено важно за еден брак. Колку и да немате време или енергија, практикувајте да одите на прошетка во природа, на кино или на вечера во ресторан барем еднаш неделно. Доколку немате услови да излегувате од дома, направете си домашна романтична вечера и уживајте откако децата ќе заспијат.
  7. Бидете позитивни во односите еден кон друг. Не дозволувате да започнете да внесувате песимизам во односите со вашиот доживотен партнер. Секогаш пронајдувајте ја позитивната страна, особено кога предлагате промени во вашиот живот. Наместо да речете „повеќе не се забавуваме како порано“, кажете „обожавам кога се смееме и сме расположени“. На таков начин ќе придонесете и тој да остане позитивен кон промените кои ги предлагате, без да се навреди или да почувствува дека треба да застане во одбрана.

Никогаш не се потпирајте на фразата „бебето ќе нè зближи повеќе“. Навистина, станувањето родител е емоционален момент кој носи огромна радост, но исто така создава и многу стрес и обврски. Доколку сметате дека вашиот брак не е стабилен, оставете го планирањето на бебе за откако ќе ја зацврстите вашата врска.

Анкета

Анкета
Каков е вашиот став за вакцина против КОВИД-19?
  • 16%
  • 20%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10553 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.