Комплименти кои секој сопруг би сакал да ги слушне
Почетна » Семејство » Брак » Комплименти кои секој сопруг би сакал да ги слушне

Комплименти кои секој сопруг би сакал да ги слушне

Дали ви се допаѓа кога вашиот сопруг заљубено ве мерка од глава до петици, а потоа ви дофрла колку сте згодни или дека сте добра и трпелива мајка? Да? Тогаш што ве тера да мислите дека тој не сака редовно да слуша слични позитивни коментари?

За жал, по стапувањето во брак, жените најчесто ја преземаат улогата на учителки, константно се трудат да воведат ред и непрекинато му ги повторуваат на сопругот сите задолженија, обврски и грешки, мислејќи дека тој веќе добро ги знае сите комплименти за него кои се вртат во женската глава.

Брачен пар

Свртете нова страница и претворете ги зборовите во свој брачен сојузник, насочувајќи ги следниве комплименти кон својот избраник:

„Ти си прекрасен татко. Децата те обожаваат.“

„Можеше да му облечеш блуза што ќе одговара со панталоните“, „Си му дал погрешна кашичка“... лесно е да се изгубите во бесконечниот круг од критики. Престанете да се фокусирате на она што вашиот сопруг не го прави или го прави погрешно и фокусирајте се на она што го прави.

Пофалете го кога се труди да го подготви вашето дете за во училиште, го подучува како да се однесува, му држи спортски лекции или му чита приказна за добра ноќ. Кажете му дека е прекрасен татко.

„Верувам во тебе.“

Да, да, веќе го предупредивте вашиот сакан за можните последици од неговите постапки, но одолејте му на искушението да ги изговарате најомразените зборови „Ти реков...“ секогаш кога тој нешто ќе направи погрешно. Наместо да налевате бензин во огнот, поттикнете го да не се предава и да се обидува повторно и повторно и... повторно, сè додека не успее.

Егото на еден маж најбрзо може да биде срамнето со земјата кога личноста која најмногу му значи покаже дека се сомнева во неговите способности. Речете му на сопругот „Верувам во тебе“ кога тој се обидува нешто да направи и гледајте како се преобразува во супер-херој со вонсериска самодоверба.

„Секогаш го правиш највкусното... (неговиот специјалитет).“

Мммм... утрински појадок во кревет. Која жена не би го посакала тоа? Но, за да го мотивирате да ве разгалува, кажувајте му колку е добар во исполнувањето на таа мисија.

Пофалете го кога ќе ви направи кафе наутро, ќе ви подготви појадок, макар и тоа да е лепче со џем, или пак ќе вложи максимум за да ви го зготви неговиот кулинарски специјалитет. Ценете го секој гест ако ве усреќува. И кажувајте го тоа гласно.

„Никој не успева да ме насмее како што можеш ти.“

Луѓето често летаат низ животот заборавајќи да ги ценат физички невидливите нешта кои се пресудни за нивната среќа. Забавете со темпото, погледнете позадлабочено во постапките на вашиот сопруг и дајте му до знаење дека забележувате колку убави нешта се кријат во неговата внатрешност. Мажите знаат дека жените ценат добар хумор и постојано се трудат да се усовршат на тој план. Па, не е на одмет една мала потврда од ваша страна дека тој е сè поблиску до титулата експерт за шегување.

„Ти си одличен пример за нашите деца.“

Оваа кратка реченица е ултимативниот комплимент, бидејќи со неа вие го фалите неговиот карактер, му укажувате дека ги одобрувате неговите постапки, недвосмислено му велите дека го обожавате начинот на кој размислува. Накратко, му велите дека поседува огромен број позитивни карактеристики кои сакате еден ден да бидат наследени од вашите деца.

„Се гордеам со тебе. Го заслужуваш секој успех.“

Вие сте единствената личност која знае колку се жртвувал вашиот сопруг за да стигне онаму каде што е сега. Започнете да се гордеете со него, на глас. Бидете негов најверен обожавател и најголем охрабрувач и бракот гарантирано ќе ви успее.

„Среќна сум што сум твоја сопруга.“

Испукајте го овој комплимент кога и да посакате, независно дали мажот на вашиот живот го заслужил тоа со нешто конкретно или едноставно сте решиле да ја нарушите тишината. Секој маж сака да се чувствува безбедно во бракот и да знае дека има животна сопатничка која е задоволна од животот со него.

„Точно знаеш што ме возбудува, сексот со тебе е врвно задоволство.“

Кој маж не сака комплимент да неговите способности на љубовник? И по многу години брачен живот, не треба да заборавите дека сексот е задоволство од кое не треба да се лишите. Не ги одложувајте интимните средби и не заборавајте да му кажете на саканиот колку многу уживате со него. Неколку зборови понекогаш имаат моќ како вијагра.

„Обожавам да поминувам време со тебе.“

Да, да, обврските не ви дозволуваат да поминувате квалитетно време со партнерот, децата имаат потреба од вашето внимание. Можеби не забележувате, но и вашиот сопруг е како мало дете кое копнее по вашето внимание.

Обидете се барем двапати месечно да одите на состанок со саканиот надвор од домот. Исчистете го својот распоред и избришете ги задачите од својата глава. Кажете му и покажете му на саканиот дека времето поминато со него е како дијамант за вас – ретко, но бесценето.

„Го ценам тоа што работиш напорно за да имаме најдобар живот.“

Како претставник на посилниот пол, вашиот сопруг најверојатно го чувствува притисокот да биде главната фигура која обезбедува финансии во домот. Дајте му до знаење дека го цените неговиот труд, но дека не мора да заработува милиони за да ве направи среќни.

„Секогаш ќе бидеш најзгодниот маж на светот.“

Независно дали изминале 5, 10 или 20 години откако го изговоривте судбоносното „Да“, редовно потсетувајте се на физичките карактеристики на вашиот сопруг кои ве привлекле кон него во почетокот. И кажувајте му го тоа.

Кога годините ќе започнат да удираат на изгледот, мажите, исто како и жените, имаат потреба од зборови кои ја зголемуваат самодовербата. Не штедете комплименти. Тие се бесплатни, а имаат моќ да придонесат вашиот партнер да се чувствува сакан, почитуван, ценет и достоен за вас.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6271 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.