Почетна » Семејство » Брак » Како да одржите хармонични односи со вашите свекор и свекрва?

Како да одржите хармонични односи со вашите свекор и свекрва?

Односите снаа-свекрва отсекогаш ги биел лош глас. Секој втор човек што ќе го прашате би рекол дека снаите и свекрвите ретко се согласуваат една со друга. Дури и народните приказни редовно нè потсетуваа дека има тајна војна помеѓу двете најважни жени во животот на еден маж. Но, да ги оставиме приказните настрана. Во реалноста добрите односи на жената со родителите на нејзиниот сакан не се нешто невозможно. Едноставно, треба да има отворена и искрена комуникација од двете страни и желба за компромиси.

Жена со своето семејство, свекорот и свекрвата

Еве неколку основи правила кои ќе ви помогнат да одржите хармонични односи со вашите свекор и свекрва:

  1. Барајте совети од свекорот и свекрвата. Било да станува збор за воспитувањето на децата, финансиите, готвењето или за други проблеми поврзани со домот, побарајте совет од нив, затоа што ќе бидат пресреќни што го земате во предвид нивното мислење. Кој не сака да дели совети?
  2. Никогаш не го критикувајте вашиот сопруг пред свекорот и свекрвата. Тоа особено важи ако претходно не сте зборувале со него на истата тема и ако не сте му кажале сè што сега им кажувате на неговите родители. Колку и да сте вие во право, сепак тој е нивни син и нормално е помалку или повеќе да застанат на негова страна. Можеби тоа нема да ви го кажат, но длабоко во себе ќе го бранат, а можно е и да се свртат против вас.
  3. Не ги поставувајте свекорот и свекрвата во средината на брачните проблеми. Се скаравте со вашиот сопруг и веднаш одите да си ја олесните душата кај вашата свекрва? Тоа е грешка. Брачните проблеми треба да останат помеѓу вас и вашиот сопруг, затоа што колку повеќе трети лица вклучувате, толку поголем хаос создавате.
  4. Не го користете вашиот сопруг како посредник помеѓу вас и вашите свекор и свекрва. Кога имате можност, избегнувате комуникација преку трето лице и комуницирајте директно. Не барајте од вашиот сопруг да поразговара со неговата мајка за нешто што таа ви го кажала и со кое ве навредила. Прво, таа може да си помисли дека ја кодошите кај него, а второ, со тоа покажувате слаб карактер. Бидете доволно смели да ѝ се спротивставите и да ѝ кажете дека направила нешто кое вам ви смета. Можеби било ненамерно, можеби било намерно, но во секој случај, треба да го решите проблемот сами, а не да го вмешувате саканиот и да го принудувате да зазема страна.
  5. Избегнувајте бесмислени расправии. Не се препирајте на теми кои само создаваат тензија, како политика. Расправиите на вакви теми се бескорисни, бидејќи колку и жестоко да се расправате, тоа нема да ја промени ситуацијата во земјата и светот, туку само ќе создава напнатост во вашите односи.
  6. Не ги вадете канџите ако понекогаш (ама само понекогаш) свекорот и свекрвата ги разгалуваат вашите деца. Родителите секогаш покажуваат строгост, а бабите и дедовците попуштаат и разгалуваат – тоа им е во крвта. Не им ја скратувајте таа привилегија. Вие велите „Нема компјутер додека не се заврши домашното“, а вашата свекрва замижува додека вашиот син детално ја проучува новата компјутерска игра? Не бидете строги, па веднаш да ја нападнете дека не ги почитува вашите правила. Сепак, ако таквото разгалување се случува постојано, треба да поразговарате и да им објасните дека сè има свои граници.
  7. Дајте им ја почитта која ја заслужуваат, но очекувајте го истото за возврат. Нормално е да не гледате на свекорот и свекрвата исто како и на сопствените мајка и татко, но тие заслужуваат голема почит – тие се родителите на вашиот сакан и имаат големо животно искуство зад себе. Затоа, треба да се однесувате кон нив со почит и разбирање, исто како што би требало и тие да се однесуваат кон вас.

Што да правите ако...

  • ...постојано ве советуваат, без да сте ги прашале за мислење? Бидете љубезни и ислушајте ги, но не ветувајте ништо. Доколку неговите родители постојано ви даваат совети како да ги воспитувате децата или како да си го организирате домот, не заземајте негативен став и не ги отфрлајте веднаш нивните мислења. Ислушајте ги и кажете дека тоа е добра идеја и дека ќе ја разгледате со вашиот сопруг. На тој начин вие не се обврзувате да ги послушате, а од друга страна, тие ќе почувствуваат дека се вмешани во вашите одлуки и дека не ги исклучувате од вашиот живот.
  • ...не се сложуваат со вашите родители? Разделете ги. Се разбира, веројатно не станува збор за непријателство од типот на семејствата Капулети и Монтеки, но има многу случаи во кои родителите на жената не се во пријателски односи со родителите на нејзиниот сопруг. Заедно со вашиот сопруг поразговарајте со нив одделно. Објаснете им дека не ни очекувате да станат најверни пријатели, но дека посакувате да бидат културни и доволно учтиви за да функционирате како едно големо семејство. Кога организирате семејни прослави, направете распоред така што да седат подалеку едни од други. Потсетете ги дека вашите деца, односно нивните внуци, никогаш не треба да бидат сведоци на нивните недоразбирања.
  • ...постојано ве прашуваат кога ќе ги израдувате со внуче? Не се нервирајте. Нивните чести прашања на оваа тема доаѓаат од нивната возбуда и нетрпеливост да станат баба и дедо. Љубезно кажете им дека ја разбирате нивната желба за внуче и уверете ги дека нив први ќе ги известите кога ќе имате радосни вести.
  • ...живеете заедно и премногу ви се мешаат во вашите одлуки? Прво и основно, кажете им дека сте благодарни што ви дале покрив над главата. Но, треба да сфатат дека тоа не значи да не ја почитуваат вашата приватност, вашите одлуки поврзани со воспитувањето на децата и начинот на којшто ќе ги трошите парите. Поставете ваши правила кои тие треба да ги почитуваат. Се разбира, дефинирајте ги правилата со вашиот сопруг зад затворени врати и потоа со нив настапете пред неговите родители.

Коментари (9)

08:46, 23 февруари 2012г. #
Добри совети би ги применила секако но во иднина :)
22:18, 23 февруари 2012г. #
nikogas ne bi gi primenila ovie soveti sto seodnesuva za mene i mislam deka poveketo se pogresni :)
23:41, 23 февруари 2012г. #
Golemo bravo :))
13:11, 24 февруари 2012г. #
kolku dolgo moze covek da go trpi seto toa? so mojata svekrva ne moze covek da ima trpenie. zalam no sovetite ne vi drzat voda :-(
22:37, 25 февруари 2012г. #
Eden zbor: Iseluvanje
08:40, 27 февруари 2012г. #
И овие и уште милион совети се џабе ако ти се погоди некоја свекрва-вегета-која во се се меша//((.
Битен е мажот да не е мамин син и да не е под влијание на мајка си.
22:46, 27 февруари 2012г. #
Дали има подобро решение освен сама т.е. двајцата со сопругот да го креирате животот , а не постојано "некој" да ви е над глава и ви се меша во секоја одлука?!
Подобро да живееш во помалку квадрати и поскромно, барем спокојна да си
:)
16:13, 03 март 2012г. #
Мислам дека за да се живее хармонично треба да имаат разбирање и едната и другата страна. Многу ми е жал што денешните млади домаќинки (ни јас не сум стара) се самобендисани и имаат преголемо его за да можат да живеат во заедница. И другата страна не е ништо поскромна но е поискусна и треба да покаже добредојде за да може да се отпочне со соживот. Можеби јас кога ќе станам свекрва ќе бидам најнетолерантната на светот, затоа што бурниов и брз живот ќе ми ги потроши 95% од нервите, па нема да можам да трпам никого. Свекрвите и снаите не се согласуваат затоа што и двете сакаат да владеат во куќата, едната само што (не)дојдена сака да биде по нејзино, а пак другава не сака никој да и се прави газда во сопствениот дом. Јас со свекрва ми се согласувам 100%, затоа што уште на почетокот кога дојдов во нејзината куќа си ги усогласивме желбите и сме си од помош една со друга (повеќе таа на мене). Советите ви се супер само треба некој да се стави и да размисли од двете страни за да може да ги примени. Дел од женскиот свет нема да се согласи со моето мислење, но јас ги поздравувам оние кои размислиле длабоко и се согласуваат со мене.
02:00, 08 април 2012г. #
SOVETITE SE DOBRI AMA VO REALNOST E MALKU RAZLICNO POSEBNO AKO ZIVEES ZAEDNO RETKO KOJ SE SNAA I SVEKRVA SE SLOZUVAT A PRIVAATNOST I NE POSTOI VOOPSTO...

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy
Реклама

ПРЕПОРАЧАНО од FACEBOOK

Анкета

Анкета
Во вашиот плакар доминираат:
  • 42%
  • 58%
Се испраќа...

(Вкупно: 9942 гласа)

Цитат

Не знам кој ги измислил високите потпетици, но сите жени му должат многу.

Мерилин Монро

Виц

Жената му се јавува на мажот:

– Каде си?

– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?

– Аууу, да!

– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.

Site Meter