Креативни идеи за фотографии во бременоста и со бебенцето кои секоја мајка ќе ги обожава
Почетна » Семејство » Бебе » Креативни идеи за фотографии во бременоста и со бебенцето кои секоја мајка ќе ги обожава

Креативни идеи за фотографии во бременоста и со бебенцето кои секоја мајка ќе ги обожава

Бременоста и мајчинството се исполнети со прекрасни моменти кои вреди да бидат овековечени и запаметени.

Уживајте во бременоста и првата година од животот на бебенцето и искористете го овој период за да создадете слатки фото-спомени.

Во продолжение погледнете креативни идеи за фотографии „пред и потоа“ со вашето малечко и збогатете го семејниот албум со фотографии кои ќе ви мамат нежни насмевки во иднина.

Од првиот позитивен тест за бременост, до раѓањето

Првиот позитивен тест за бременост, снимка од ултразвук, пораснатото стомаче и бебенцето во вашиот скут... Овековечете ги овие четири прекрасни моменти и спојте ги во колаж.

Фотографирајте се во истата облека и истата поза за фотографиите да ви бидат што попривлечни.

Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето

Истата поза со саканиот, пред и потоа

Позирајте додека вашиот сопруг ви го гали и бакнува трудничкото стомаче, а потоа бебенцето.

Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето

Стомаче, па бебенце

Во последниот триместар од бременоста, фотографирајте си го трудничкото сомаче додека пред вас е поставена облека која ја подготвувате за вашето малечко. По породувањето, облечете го бебенцето токму во таа облека и фотографирајте се заедно во истата поза.

Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето

Во прегратката на мама

Најбезгрижните моменти се во прегратката на мама. Замолете го вашиот сакан да ве фотографира додека си го галите трудничкото стомаче, а по раѓањето, пресоздајте ја истата фотографија со бебенцето.

Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето

Со братчето или сестричката

Ако вашето семејство брои повеќе членови, вклучете ги и другите ваши дечиња во овој тип на фотографии. Нема да зажалите.

Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето

Растењето на трудничкото стомаче

Секоја измината недела од бременоста, фотографирајте се со стомачето во истата облека и со истата позадина. Колажот кој ќе го креирате ќе ви биде еден од омилените.

Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето

Со бремена пријателка или сестра

Доколку во исто време сте бремени со својата сестра или пријателка, не заборавајте да ги уловите тие моменти.

Фотографии со бебенцето

Првата прегратка во болница

Моментите на првата средба се најемотивни. Не пропуштајте да го доловите моментот кога за првпат ќе го земете вашето малечко во прегратка.

Фотографии со бебенцето Фотографии со бебенцето

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 8654 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.