Почетна » Семејство » Бебе » Капењето на вашето бебе

Капењето на вашето бебе

Капењето на новороденче може да биде многу застрашувачко. Бебињата се многу нежни и може да се лизнат додека се водени. Поради тоа повеќето родители се плашат кога доаѓа време за капење во првите недели. Кога ќе го преодолеете стравот, капењето може да ви биде многу забавно. Еве што треба да знаете, за да бидете подготвени за капењето на вашето најмило.

Капење на бебетоНикогаш не го оставајте бебето само во коритото.

Колку често да го капите?

Во текот на првите една до две недели, вашето бебе нема да има потреба од вистинско капење, додека не му падне папочната врвца. Тоа најчесто се случува на десеттиот ден. Дотогаш можете да го чистите вашето бебенце со влажна крпа или сунѓер. Внимателно бришете му го лицето и рацете и внимателно и темелно чистете му ја областа околу гениталиите после секое менување на пелени.

Откако ќе му падне папочната врвца и ќе му заздрави местото, можете да се подготвите за првото капење. Иако некои родители ги капат своите бебиња секој ден, тоа не е задолжително.

Како да го капите?

  • Обезбедете си сè што ви е потребно за да го искапите вашето бебенце и ставете го до вас. Тоа вклучува крпа, сунѓер за капење, шампон, чисти пелени, бебешки крем или лосион и алишта.
  • Постелете ја крпата веднаш до кадата, за да не треба да го правите тоа додека го држите воденото бебенце, кое може лесно да се лизне.
  • Наполнете ја кадата или коритото со 5-7.5cm вода. Тоа е сосема доволно за темелно да го искапите бебето.
  • Одржувајте ја водата топла, но не жешка. Најдобро е температурата на водата да биде 32-37°C. Можете да си купите термометар со кој да ја следите температурата.
  • Не го соблекувајте бебето додека не подготвите сè, за да не му е ладно без потреба.
  • Со едната рака држете ја главата на бебето, а со другата капете го.
  • За капење можете да ја користите раката, сунѓер или крпа. Бидете внимателни. Користете бебешки продукти и бебешки шампон. Косата на бебето не мора редовно да ја миете со шампон.
  • Измијте го секој дел од телото на бебето. Не заборавајте ја областа зад ушите, затоа што таму се собираат остатоците од исплуканото млеко.
  • Преку целото време со раката полевајте вода врз бебето, за да му биде топло.
  • Кога веќе е чисто, завиткајте го во крпа. Пред да му ги ставите чистите пелени, осигурете се дека е чиста областа околу гениталиите.

Совети за безбедност

Кога го капите вашето најмило, потребно е да му го посветите целото внимание само него. Еве неколку совети со кои ќе можете да избегнете да се случи нешто што не го посакувате.

  1. НИКОГАШ не го оставајте бебето само во кадата или коритото, ниту за секунда. Може да се случи несреќа, дури и вие да сте отсуствувале само неколку секунди. Ако ѕвони некој на вратата или ако треба да одговорите на телефон, завиткајте го бебето во крпа и земете го со вас.
  2. Водата со која го капите ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ не треба да биде потопла од 49°C. Ако го капите вашето бебенце со потопла вода, може да му создадете изгореници, бидејќи бебешката кожа е многу нежна.
  3. НИКОГАШ не го оставајте бебето додека во кадата или коритото тече вода. Водата одненадеж може да ја промени својата температура.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9535 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.